Се започнува со мала топка снег..која ќе ја стркалаш по удолнина...
Топчето... се пуштило...
СВЕТА ВОЈНА за одбрана на државното име Македонија
ПОЃАЈЌИ од правото на државно име како неотуѓиво и неприкосновено право на македонскиот народ и на македонските граѓани,
ИМАЈЌИ предвид дека Светата библиска земја Македонија и Македонците се изложени на грчка агресија,
ИМАЈЌИ предвид дека Атина води специјална војна против Македонија и Македонците по сите основи и во целиот свет со цел елиминација на македонското прашање,
СООЧЕНИ со: грчкиот геноцид врз македонскиот народ кој континуирано се врши од поделбата и окупацијата на македонската земја и народ во Балканските војни 1912-1913 година до денес; антимакедонизмот на Атина кој поприма универзални димензии; и со грчкото расистичко барање за промена на државното име Македонија, и
СВЕСНИ за медиумската кампања и притисокот на меѓународната заедница, како и за историските и безбедносните импликации поради неизвесноста од сервилноста на институциите на власта за промена на државното име Македонија на последната возобновена Македонска држава,
СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС, повикува на
СВЕТА ВОЈНА
за одбрана на државното име Македонија
(1) Светскиот Македонски Конгрес ги повикува сите Македонци по род и државјанство и сите пријатели на Македонија и на Македонците во целиот свет со сите дозволиви и расположиви сили и средства, во секое време и на секое место на земјината топка, да ги спречат и се спротистават на сите постапки и протагонисти за промена на државното име Македонија.
(2) Одбраната на државното име Македонија е право и должност на секој Македонец по род и државјанство во целиот свет.
(3) Секој Македонец по род и државјанство во целиот свет е одговорен за одбрана на државното име Македонија.
(4) Овој Повик влегува во сила со неговото донесување.
(5) По еден примерок од овој Повик се доставува до: архивата на Светскиот Македонски Конгрес; Собранието, Претседателот и Владата на Република Македонија; ООН, ОБСЕ, ЕУ и НАТО; и членовите и членките на Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија.
(6) Овој Повик се објавува во „Службен весник на Светскиот Македонски Конгрес“.
Дел.број 0104/2009
15 јуни 2009 година
Скопје
Претседател
на Светскиот Македонски Конгрес
Тодор Петров