Граѓанско движење против промена на името на Република Македонија

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Темава е за да се потпишеме и за да споделиме мислења за тоа дали оваа петиција може да помогне. Не е за да меѓусебно се докажувате на политички план и за тоа кој како ќе не’ ословува како држава. Темата е во Општи муабети, и затоа ве замолувам така да и ја третирате.
 

the king 24

J. V.
Член од
14 мај 2009
Мислења
20
Поени од реакции
1
You are signer # 2669....OTPOR narode OTPOR, ova e nasa zemja... Da ja pokazeme nasata obedinetost... DA ZIVEE MAKEDONIJA, MAKEDONIJA VECNA!!!!
 

Ivka

Алхемичарка
Член од
1 февруари 2007
Мислења
300
Поени од реакции
4
Congratulations. You have successfully signed the petition:
Граѓанско движење против промена на името на Република Македонија.

You are signer #2675 [?]
 
Член од
22 март 2009
Мислења
152
Поени од реакции
0
Congratulations. You have successfully signed the petition:
Граѓанско движење против промена на името на Република Македонија.

You are signer #2705
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Австралиски Линк

Ова оди за викендов на наши 2 сајта и на Македонско радио во Сиднеј..

Ќе пратам линк на сајтот кога ќе биде готов..

позз!!

Веќе е на вебот на мактел.. сајтот на Македонскиот Телефонски Именик во Нов Јужен Велс.. излегува преку 13 години..

Именик на сите Македонски бизниси во Нов Јужен Велс..

http://www.mactel.com.au/ линкот е од десната страна - баннер

http://www.mactel.com.au/petition_for_macedonia.htm - страната..


позз!!

п.с. ќе се обидеме да го поставиме овде исто..

MACEDONIAN NIGHTLIFE & CLUB CULTURE .. http://www.maso.com.au
( како се забавува младината во Австралија)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Брее, многу сме инертни, дури мака ми е. За пола месец се најдоа замо 2700 лица кои потпишале. А за сурф, чат...секогаш се има време да се кликне. Зошто секогаш се настапува од -некој друг ќе потпише, или -и без мене и со мене ќе се одлучи...што знам, без везе.

Веќе е на вебот на мактел.. сајтот на Македонскиот Телефонски имени во Нов Јужен Велс.. излегува прекѕ 13 години..

Именик на сите Македонски бизниси во Нов Јужен Велс..

http://www.mactel.com.au/ линкот е од десната страна - баннер

http://www.mactel.com.au/petition_for_macedonia.htm - страната..


позз!!
Браво Питерс, една добра вест во сивилово.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Што ќе сменат нашите потписи?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Што ќе сменат нашите потписи?
Види претходните постови
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2641195&postcount=54
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2641588&postcount=70
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2641602&postcount=72

Од Еди Ребел
Кога ќе се праќа петицијата ќе се испечетат сите потписи и сите имиња (оние кои се сомнителни ќе се избришат) и ќе се прати.
Од Пивце1
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2645608&postcount=126
каде вели
После оваа интернет активност се планира реална активност којашто ќе се базира на собирање 10 000 потписи за закон којшто би го гарантирал нашето име и за којшто ќе се дебатира и одлучува во Собрание.

Идејата е со тие собрани 10 000 потписи кои патем според закон треба да се соберат за 3 месеци во подрачните единици за министерството за правда, да се изврши политички притисок врз политичките фактори во Република Македонија.
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2649226&postcount=158
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2649296&postcount=160

И на мајспејс (на фејсбук исто има, ама ја немам профил, па не ми отвора)
http://profile.myspace.com/Modules/Applications/Pages/Canvas.aspx?appId=119211&appParams={%22rt%22%3a%22%2fEvent%2fView%2f328469%22}&g=1%27

Значи накратко (како сфатив), ќе се испечати листата и заедно со текстот од петицијата ќе се испрати до соодветните институции -претседател, влада...
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
СУПЕР, и ќе ги испратиме и ке се дискутира за тоа и што понатаму ..... несакам да контрирам но и сами знаете дека кај нас многу не функционише ова со потписиве али нема врска јас сум увек за кажете каде и кога.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Претпоставка, не сум правно лице, дека е ова
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2649296&postcount=160
или ова, малку поопширно.
После оваа интернет активност се планира реална активност којашто ќе се базира на собирање 10 000 потписи за закон којшто би го гарантирал нашето име и за којшто ќе се дебатира и одлучува во Собрание.

Идејата е со тие собрани 10 000 потписи кои патем според закон треба да се соберат за 3 месеци во подрачните единици за министерството за правда, да се изврши политички притисок врз политичките фактори во Република Македонија.

Устав на Република Македонија: http://www.jorm.org.mk/ustav.shtml
Закон за собирање потписи: http://www.pravo.org.mk/download.asp?ID=1&zID=380
Најверојатно Ребел, Пивце1, Братот...некој од нив кој е подобро поткован ќе знае да ти подобјасни, ако е потребно. Јас потпишав, макар и да остане вака, барем ја имам таа сатисфакција дека со дел од ноктот сум сторил нешто, колку и да е безначајно во морето народ и сплетките.
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Неколку маркетинг Идеи

Брее, многу сме инертни, дури мака ми е. За пола месец се најдоа замо 2700 лица кои потпишале. А за сурф, чат...секогаш се има време да се кликне. Зошто секогаш се настапува од -некој друг ќе потпише, или -и без мене и со мене ќе се одлучи...што знам, без везе.

Браво Питерс, една добра вест во сивилово.
Отпор БАТО.. Отпор..

Се надевам дека организирачкиот одбор на оваа или серијата на организирани протести и петиции е на добар пат да го истера до крај овој проект.. ние секако треба да им помогнеме.. Пред се овде сакам да расчистам некои дилеми..

  1. Интернетот е само еден медиум, и како таков треба да се помовира цело време. Треба активен Интернет Маркетинг каде сите досегашни потписници треба да го дадат својот натамошен придонес.
  2. Треба исто така да се организираат и OFFLINE акции и координирани настани, за да се анимираат и останатите жители, граѓани на Република Македонија, при тоа мислам на средношколски, студентски организации со собирање на потписи на плоштадите во сите населени места - градови. Не сите жители имаат пристап на интернет, и не сите жители знаат за оваа кампања, и не сите жители се членови на КАЈГАНА форумот.. значи престои АКЦИЈА...
  3. Иницијалната бројка од 2800 потишани во првиот круг за две недели по мое мислење е ОДЛИЧЕН успех.. согледувајки ја активноста на Македонските корисници на интеренет..
  4. И Најважното.. со САМОТО ПОТПИШУВАЊЕ НЕ ЗНАЧИ дека вашата должност е завршена овде, крајно лицемерно е да се чека НЕКОЈ ДРУГ да ти ги заврши твоите работи, или ОБВРСКИТЕ кои ги имаш како граѓанин на оваа земја, како аманет што си го наследил од твоите предци, исто така и како Аманет што ќе го оставиш на твоите поколенија.. Има многу што може и ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ КАКО ПОЕДИНЕЦ... Ќе наведам само неколку:
----------------------------ONLINE---------------------------------
  • ВЕБ СТРАНИ - ставање на линкови на ваши комерцијални или персонални страници, или замолете некои од вашите пријатели да постават линк.Порака до ВЕБ МАСТЕРИТЕ.. Изработете неколку баннери (разна димензија) и поставете ги овде да може слободно да се доунлоадуваат и да се користат во емаили, блогови, и сајтови. Кога изработувате страници, предложете им на вашите клиенти да го промовира баннерот.. (нешто слично како SAY MACEDONIA баннерот.. - тогаш уште помасовна ќе биде промоцијата...
  • БЛОГОВИ - линк до петицијата на вашите Блогови, или да ги замолите вашите пријатели со блогови да ги стават истите.. Исто корисно е и поставување на натписи - постови во тие Блогови (само културно, со осет - и без спамирање).. постојат безброј многу ДОБРИ македонски блогови со историја, музика.. ако сте корисник или посетител, и ако нема пост со линкот.. можете едноставно да го постирате таму.. тоа е ваше право и должност.
  • ФОРУМИ - поставувње на теми, постојат и други форуми, како ИДИВИДИ, и други ... како и потписи на корисничките јузери со линк до петицијата.. не е лоша идеа исто оваа страница да се држи активна, и да се постира на неа, за да биде присутна меѓу првите 2 листани страни на кајгана.. Од страна на кајгана, не е лошо да земат учество и да стават баннер на предната страница на сајтот..
  • ONLINE Весници - поставување на постови во коментарите на вести - (но со мерка.. само ако е тоа тема..) На пример.. секогаш кога ќе има коментар на вестите на А1 или утрински сајтот.. за ова прашање, - не е лошо ако видите дека не е поставен линк.. тогаш бидете тој што тоа ќе го направи
  • СОЦИЈАЛНИ ГРУПАЦИИ - skype, facebook, tweeter, myspace, google, windows live.. итн, кој е корисник на овие медиуми, може да постави линкови, постови, feeds. итн. Исто така, ако имате скајп или мсн, тогаш можете на вашите контакти да им постирате линк со петицијата..
  • ПЕРСОНАЛНИ ЕМАИЛИ - ставете линк од петицијата во потис, или footnote, на вашиот емаил, и секогаш кога праќате емаил на некого, со вашата порака оди и линкот како порака.. - тоа е моќкно.
---------------------------- OFFLINE-------------------------------
  • ИГРАЧНИЦИ и ИНТЕРНЕТ КАФИЊА - ставете во вашата влезна страна на компјутерите ЛИНК за петицијата... Отпечатете Листови, постери за тоа..
  • СТУДЕНТСКИ СОЈУЗИ И МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ - организирање на собирање на потписи на плоштад, или јавни места по градовите
  • ГРАФИЧКИ СТУДИА и ПЕЧАТНИЦИ - донирајте, земете учество во масовноста со печатење на флаери, и постери...
  • КОМПАНИИ и ОРГАНИЗАЦИИ - донации, реклама, презентација.. не е срамота да се бара тоа што е твое... нема срам за заштита на себе самите.. весници, радиа, ТВ.. итн..
  • ЛИЧНИ КОНТАКТИ - фамилии другари, разговори, Компании, работа, фирми , пазар, утакмица, журка.. итн.. секој може да земе ушество во масовност и промоција..
  • итн.. итн
Учество во акцијата може и ТРЕБА да земе секој, идеи има многу.. ако имате идеи.. постирајте ги ОВДЕ.. а ако му се допаднат на БРАТОТ - тој како сопственик на темава, може да одбере некои од идеите за промовирање, и да ги вклучи во неговиот ПРВ ПОСТ на оваа ТЕМА,, за да ги потсети сите, дека со самото гласање не е извршена и обврската како граѓанин..
Бројката од 2800 е многу добра за првите 2 недели и треба да се искористи таа бројка за понатамошна активност како идни промотери. Уште еднаш да подсетам.. НЕ сите се на интернет, и не сите знаат за петицијата и не сите се членови на кајгана.. Сите што се потпишани треба да повлечат по 2 -5 нови потписа.. за два круга или еден месец ќе имаме 6 цифрена бројка.. Еве ви некои идеи како можете да ја промовирате масовноста понатака... ако имате ваши.. слободно постирајте овде..

Во име на Аманетот од нашите Татковци и во име на Аманетот што ќе го оставите понатака на вашите поколенија:

ОТПОР БРАЌА ОТПОР..
не дозволете им да ве направат сива смеса.... за месење...​

 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Spored ova kako pocna so pesimizam nemora da se potpisuvas, samo ne ja teraj temva vo obratna nasoka.
Не ја терам напротив ја поддржувам и не само да се остане на ова ниво туку да се реализира, тоа ми беше поентата.:)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Се започнува со мала топка снег..која ќе ја стркалаш по удолнина...

Топчето... се пуштило...



СВЕТА ВОЈНА за одбрана на државното име Македонија


ПОЃАЈЌИ од правото на државно име како неотуѓиво и неприкосновено право на македонскиот народ и на македонските граѓани,

ИМАЈЌИ предвид дека Светата библиска земја Македонија и Македонците се изложени на грчка агресија,

ИМАЈЌИ предвид дека Атина води специјална војна против Македонија и Македонците по сите основи и во целиот свет со цел елиминација на македонското прашање,

СООЧЕНИ со: грчкиот геноцид врз македонскиот народ кој континуирано се врши од поделбата и окупацијата на македонската земја и народ во Балканските војни 1912-1913 година до денес; антимакедонизмот на Атина кој поприма универзални димензии; и со грчкото расистичко барање за промена на државното име Македонија, и

СВЕСНИ за медиумската кампања и притисокот на меѓународната заедница, како и за историските и безбедносните импликации поради неизвесноста од сервилноста на институциите на власта за промена на државното име Македонија на последната возобновена Македонска држава,

СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС, повикува на

СВЕТА ВОЈНА
за одбрана на државното име Македонија

(1) Светскиот Македонски Конгрес ги повикува сите Македонци по род и државјанство и сите пријатели на Македонија и на Македонците во целиот свет со сите дозволиви и расположиви сили и средства, во секое време и на секое место на земјината топка, да ги спречат и се спротистават на сите постапки и протагонисти за промена на државното име Македонија.

(2) Одбраната на државното име Македонија е право и должност на секој Македонец по род и државјанство во целиот свет.

(3) Секој Македонец по род и државјанство во целиот свет е одговорен за одбрана на државното име Македонија.

(4) Овој Повик влегува во сила со неговото донесување.

(5) По еден примерок од овој Повик се доставува до: архивата на Светскиот Македонски Конгрес; Собранието, Претседателот и Владата на Република Македонија; ООН, ОБСЕ, ЕУ и НАТО; и членовите и членките на Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија.

(6) Овој Повик се објавува во „Службен весник на Светскиот Македонски Конгрес“.

Дел.број 0104/2009
15 јуни 2009 година
Скопје

Претседател
на Светскиот Македонски Конгрес
Тодор Петров
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Народот одамна е свесен за многу работи. Според тоа оваа идеја ја поддржуваме сите ние.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom