Граматички правила и правопис

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Гледам дека повеќето работи што се грешат се од дијалектите... т.е. ништо страшно.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964
A како е правилно
преДци или преТци?
Има едначење по звучност овде,или не? :pipi:
Предци.

Има отстапка.
Пред наставката -ци, „д“ не се едначи. :)
 

magii

*
Член од
6 јули 2008
Мислења
141
Поени од реакции
10
Предци.

Има отстапка.
Пред наставката -ци, „д“ не се едначи. :)

Благодарам walker_girl
Си го пронајдов и мојот правопис каде пишува дека не се одбележува едначењето по звучност на Д,пред суфиксите -ски -ствен -ство,пред завршетокот -ци,пред членската наставка -та...
Сепак ,благодарам уште еднаш :helou:
 
H

HCL

Гостин
Баш сега ми текна, на времето кога бев во средно во училницата по Македонски јазик над вратата имаше закачен лист на кој пишуваше:

Не се вели ја, туку јас.
Не се вели све, туку се.

Ако имам грешка слободно корегирајте ме. Македонската граматика ми е доста слаба, но стварно сакам добро да ја научам. Правилно е вели или вика? И кај "се", треба ли да има ` на крај?

Или пак сељачки бизнисмени кои до ден денес викаат дека се бизмисмени. Што е тоа бизмис? :tapp:

Уште некои работи, модерниот јазик се надополнува со нови имиња, знам дека ова не спаѓа во Македонска граматика, но не се вика DVD CD!!! Или е DVD или е CD. Послеедното D означува Disc.

Уште едно прашање: Се вика зашто или зошто?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Правилно е вели или вика? И кај "се", треба ли да има ` на крај?
“Вели“ значи кажува, објаснува, соопштува... “Вика“ значи говори со повисок тон. Кај “се“, кога на форумот пишувам обично ставам апостроф на крајот по зборчето бидејќи не знам како се пишува она “е“ со апостроф точно врз него. Со тоа се означува дека “се“ означува се заедно, целина од нешто а не оној сврзник “се“ (пример, “тие се смешни).
HCL напиша:
Или пак сељачки бизнисмени кои до ден денес викаат дека се бизмисмени. Што е тоа бизмис? :tapp:

Уште некои работи, модерниот јазик се надополнува со нови имиња, знам дека ова не спаѓа во Македонска граматика, но не се вика DVD CD!!! Или е DVD или е CD. Послеедното D означува Disc.
Има повеќе вакви примери, и не, бизмис, не значи ништо.
HCL напиша:
Уште едно прашање: Се вика зашто или зошто?
“Зошто“ означува прашање, “зашто“ е скратена форма од “затоа што“. Што би рекле охриѓани, зш - зт. На прашањето зошто? може да се одговори со зашто. (пример: Зошто? Зашто така сакам!)
 
Член од
28 септември 2008
Мислења
163
Поени од реакции
4
Ме нервира она што понекад го греши македонскиот народ.ЗОШТО се употребува за да прашаш нешто-а за да му одговориш се употребува ЗАШТО.Нашиов паметен народ од многу занесување си употребува ЗАШТО за да праша :pipi:
 
Член од
20 јули 2006
Мислења
260
Поени од реакции
10
незнам дали некој го напиша ова до сега ама има една грешка која ме иритира: да се има ВО предвид наместо да се има предвид.Тоа е исто како да речеш се чекаме во пред зграда.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964
Kaко е правилно, спомнеме или споменеме? : )
Дублети се овие со различно значење.

На пример: Тие си спомнаа за едно дамнешно време. (вака е правилно ако зборот е во контекст дека тие се присетиле на нешто)

А на пример: Тие споменаа дека им беше прекрасно. (тука веќе значењето е во друг контекст кој е очигледен, нема потреба да го објаснувам.) :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Не во контекст на спомнување спомени, туку во контекст на нешто претходно кажано, демек спомнато :)

Me нервира што многумина пишуваат споменеме, споменавме...
Дублети се овие со различно значење.

На пример: Тие си спомнаа за едно дамнешно време. (вака е правилно ако зборот е во контекст дека тие се присетиле на нешто)

А на пример: Тие споменаа дека им беше прекрасно. (тука веќе значењето е во друг контекст кој е очигледен, нема потреба да го објаснувам.) :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964
Па во контекст на нешто претходно кажано правилно е споменавме. :)

Можеби малку чудно изгледа но многу зборови што ни се апсолутно туѓи излезе дека се правилни.
Се зачудив кога дознав дека всушност правилно е тренирки, а не тренерки. :nesvest:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom