Интелегенција или Интелигенција? Јас мислам дека е со е (прв случај) затоа што доаѓа од латинскиот збор intellectus а не intellectis. Планирам да ја прашам професорката македонски јазик но дотогаш секој одговор е добредојден.
Во правописниот речник стои-
интелигенција.
И, бидејќи погоре на страната видов своевремен бисер од Аут Бој
"А нели “Пишувај како што изговараш, читај како што е напишано“ е правилото на Македонскиот литературен јазик дадено од Крсте Петков-Мисирков?" јас ќе направам мала корекција (за жал години подоцна и во форумско отсуство на гореспоменатиот) дека "оргиналот" звучи вака: „пиши као што говориш, а читај као што је написано“, како принцип кој при својата работа на реформата на кирилицата и работата на граматиката на српскиот јазик го применил Вук Стефановиќ-Караџиќ.
Исто така: "...Залагањето за создавање на македонски литературен јазик датира уште од почетокот на XIX век, со појавата на Просветителите. Тие се застапувале за употреба на македонски народен јазик, на кој и ги пишувале своите книги и текстови, а првите книги се со религиска содржина за да ја приближат верата до народот. Од големо значење се залагањата на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, и Теодосиј Синаитски, а посебно се истакнуваат Ѓорѓија Пулевски и
Крсте Петков Мисирков, кој во својата книга „За македонцките работи“ одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик. На Првото заседание на АСНОМ, 2 август 1944, е донесен решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Комисијата за азбука и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција, донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај 1945 година. Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот литературен јазик“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945.
Низ историјата и низ својот развој, македонскиот јазик користел неколку писма за пишување. Така, македонскиот јазик користел повеќе писма меѓу кои: старомакедонската азбука, глаголицата, црковнословенската кирилица, илинденската азбука и преродбеничката азбука. Денес македонскиот јазик користи македонска азбука, односно кирилична азбука приспособена на македонскиот фонетички и фонолошки систем.
Македонската азбука е базирана на реформите и азбуката на Крсте Петков Мисирков...."
...И така ја барав малце, ама нигде не ја најдоФ врската на Мисирков со “Пишувај како што изговараш, читај како што е напишано“. Напротив, ја најдов врската на Караџиќ, "...Основна вредност Писменице је било њено радикално упрошћавање азбуке и правописа. Вук је у њој применио Аделунгов принцип: „пиши као што говориш, а читај као што је написано“..."
И ондак то...