Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
која е разликата помеѓу вонземно и вонземско, а потоа и вонземјанско? знаете?:smir:
 
Разлика е во тоа што вторите два збора не постојат. :toe:
 
И заемно, а не взаемно..Презема, а не превзема.

Хм, не знам дали е вака, јас мислам дека е превзема. Помош?
Исто така, одвнатре или однатре?

Инаку, добро утро, добре дојде, до гледање, до видување, се` уште, виљушка, гратче, ритче, евтино, детаљ, детален, претстава, не сакајќи, вчеравечер, оттука, оттогаш, оддалеку, одамна, бессилен, бесмртен, бесрамен, бестрастен... тоа е се` што ми текнува во моментов.
 
Фала многу, сајтот е топ!
 
Мене во средно професорот,на писмените ми пишуваше една иста забелешка-
да се обрне внимание на наставката-јки
наместо ќ јас пишував к
пример бидејки,треба бидејќи

А и една соученичка кога и да обајснуваше нешто,употребуваше
Но,меѓутоа...:pos2:
Овие два збора не одат заедно:toe:
 
Зошто пишуваме “милја“ кога се изговара “миља“? Или “илјада“ -иљада? Како да се срамиме од нашето Љ.

Цела среќа Љубов не се пишува “Лјубов“ :pos:
 
И јас секогаш на писмените наместо ќ пишувам к, знам дека треба ќ но во момент на брзање не ми текнува:)
 
Зошто пишуваме “милја“ кога се изговара “миља“? Или “илјада“ -иљада? Како да се срамиме од нашето Љ.

Цела среќа Љубов не се пишува “Лјубов“ :pos:

Можеби затоа што милја се пишува милја, а не миља...
Исто како што илјада се пишува илјада, а не иљада.

Барем во македонскиот јазик :)
 
Можеби затоа што милја се пишува милја, а не миља...
Исто како што илјада се пишува илјада, а не иљада.

Барем во македонскиот јазик :)

А нели “Пишувај како што изговараш, читај како што е напишано“ е правилото на Македонскиот литературен јазик дадено од Крсте Петков-Мисирков?
 
А нели “Пишувај како што изговараш, читај како што е напишано“ е правилото на Македонскиот литературен јазик дадено од Крсте Петков-Мисирков?

Точно така.
Значи.. “1000“ литературно се чита илјада, никако иљада. Можеби во дијалектите (скопскиот) се изговара како иљада, но тоа не значи дека и литературно е така.
 
А нели “Пишувај како што изговараш, читај како што е напишано“ е правилото на Македонскиот литературен јазик дадено од Крсте Петков-Мисирков?

Јас зборот “илјада“ го изговарам “иљада“, но секако никој нема да ме погледне попреку ако го изговорам илјада. Овие муабети сме ги правеле во трето оделение, мислев дека генерациите се понапредни со годините, изгледа сум се излажал.
 
Никогаш нема да се помирам со правилноста на детаЉ и виЉушка....

Туку, надредениот знак се пишува на лева страна, така?

Има некаде на претходните страници пишувано околу Св. Пантелејмон или св. Пантелејмон, ама сепак ми е сомнително, некој?

Добродојде Тањушка.

Во Правописот на македонскиот литературен јазик, во одделот Слеано и разделено пишување на зборовите, стр. 62, се вели:

Поздравите што содржат два и повеќе зборови се пишуваат одделно:

добар ден, добрЕ дојде, до видување...итн.

п.с. :wink: ОК?

Исклучок - добровечер :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom