Освен минималецот кој во случајов е испочитуван максимално, наградава за приход од 10 000 денари ќе добие 500 денари плус е бесценета. За да добие денес 10 000 денари и едно ливче да се продава за 30 денари, дотичниот вработен во просек треба да продава по 333 ливчиња на ден. За да ги продаде треба 24 часа да шета низ плоштад, да искине три пара патики, да јаде 4 пати денеска, да пие вода, да запали цигара и на крај дома на своето семејство да му однесе едно ливче месецот со желба да ја добие добивката. Оној дел кој од приказнава го нема е делот со фиксна плата. Кој будала би давал фиксна плата на улична продажба ако не е врзан со одредена количина? Ако е за така јас ќе се пријавам и цел ден дома ќе си седам и сама ќе си купувам по едно ливче неделно. Ете плата дома. Вака баш и не одат работите во продажба.
Така да кога ќе пресметаш дека трошокот на работа ти е поголем од приходот кој ќе го добиеш, автоматски џабе работиш.
Не само што не претерува, туку сосема е во право. Да не се повторувам, постот е малку погоре.... многу е логично прашањето кое го поставува: Зошто никаде не пишале таргет, а отвориле уста во стил: ‘‘барам работа молам Бога да не ја најдам‘‘.... мене на пример многу индикативно ми е тоа што на сите барабани го разгласуваат тоа, во сите медиуми: ТВ, весници (радио не слушам, веројатно и таму има од оваа вест по нешто!?)... и се прашувам сега: чија агенда одработуваат овие од лотарија? Да не има нешто меѓу редови? Би замолил да ми биде дозволено ете малку паушално... да шпекулирам. Еве јас на пример мислам дека во блиска иднина ќе има уште вакви примери, кои ќе го направат Македонецот: мрзлив, аљаз, неработник....! И сето тоа ќе тече паралелно со двете големи ‘‘вефолми‘‘ кои што течат во министерството за труд и социјална политика, првата е нели оние невработени собирачи на печурки, тревки, преведувачи, хонорарци.... значи сите кои по некој легален основ на трансакциска прикажат приходи и за тоа си плаќаат персонален, ќе си го плаќаат здравственото осигурување, а втората ‘вефолма‘ е таа што социјалците кои примаат соц. помош колку да не умрат, ќе треба да приложат 20-тина документи, повеќе од она што бараше грчката амбасада во 70-80тите за виза: изводи, потврди, помеки, катастари, број на кондури, ташаци.... при што немајки пари да ги извадат, половина ќе се откажат или ќе останат без социјална помош од огромните 3-4,000!.... Е сега следното што го очекувам (и не би ме чудело) да ја прогласат нацијава (по принципот на изјавата на директорот на Лотарија): за аљазка, мрзелива, неработлива, дека БАРААТ РАБОТА А МОЛАТ БОГА ДА НЕ ЈА НАЈДАТ.... и тд. А тоа ќе го докажат со нови ‘‘вефолми‘‘ разбира се!.... Ќе измислат нешто у стилот: денеска магистри по економија МОРА да се јават во општина Аеродром, при што ке им дадеме по една ‘‘боцка‘‘ и ќе ги правиме ‘‘фаталисти‘‘ на пример... да боцкаат по тревниците на населбата и да собираат разни листови и хартии за 125 Евра, за еден собран лист 2 денари бонус! Во кои листови за да му биде бонусот поголем, може слободно дипломата да си ја искине на парчиња и истите да ги пријави се за поголем бонус!!!.... утре-задутре 150-200 дипломирани архитекти да се јават во фирми како Оки спорт или Орка или Макотекс (ли се викаше фирмава на Макеларски во Црвена Звезда бивша што е!?).... и ќе им речат вие сега ќе пеглате капути и одела.... и ќе ви платиме 8 денари од капут .... при што со еден куршум убиваат повеќе зајаци: На пример Јовица од Аеродром ке се ‘‘курчи‘‘ како покрај Јане, ‘‘авијон‘‘ има чиста општина, додека оние во Кочани немаат ни едно ‘факинг мовче‘, оние фабриканти што можеби ја финансирале кампањата ќе имаат ‘‘бело робље‘‘ со што ќе се здобијат со огромна предност пред конкуренцијата бидејки ќе ги намалат трошоците.... а смрадовите од министерството за труд и социјала и оној со целуфите, ќе се курчат како ја намалиле невработеноста, затоа што дел од оние јадници ќе останат ‘‘фаталисти‘‘ и ‘‘бело робје‘‘ (ај друго е значењето на бело робје ама незнам како да ги наречам тие бедници) нели кај фабрикантите... а дел што ќе одбијат ‘‘поштена работа‘‘ ќе бидат избришани од листата на невработени привремено или трајно..... НЕКА МИ БИДЕ ПРОСТЕНО ШТО ВИ ОДЗЕМАВ ВНИМАНИЕ И ШТО ЕТЕ ТАКА ШПЕКУЛИРАМ, ама јас ете онака гласно размислувам!.... Ах да: ‘‘ вефолмите‘‘ отстваруваат!
И продолжуваат!.... ете вчера слушам Јово од врховен зборува: како тоа на судството им требале уште најмалку 1,500 вработени, како судиите се мачеле сега со еден стручен соработник на двајца или тројца судии.... (па стварно било тешко бе мајката, како живееле досега!?) и сега да се запосли младината и да им се олесни на многу почитуваните судии и многу споменуваното судство, особено во извештаите на ЕУ!
.... најверојатно е тоа што ни замеруваат овие гадои од Европа! Ееееј гадови ниедни Европски, тоа значи во нивните извештаи - инсистирале: да се вработат не 1500 туку 3,000!... ама ете Јово скромен чоек ‘‘само‘‘ 1500 бара!.... Исусе Боже, која трета власт ја имаме ние, јас мислев дека вкупно плус-минус 1000 имаме во судовите (си велам 5-6 суда во Ск (секој по стотина враб.), по еден во Бт, Штип, Тетово, Ох... )... Господ голем на помош, колку ли ги има!? А сега требело таму уште 1500!? Повеќето стручни соработници, се знае навеќе синови и ќерки на судиите, кои по правило 90% одат на правен (во спротивното тешко дека некој ќе ме убеди) па партиски послушници, понекој рамковен.... Ееееј остваруваат! Ем запослуваат и ја намалуват невработеноста, ем на оној судија владата што ќе му го вработи синот.... ха-ха-хахах мноооогу ќе биде трета власт тој!!! Ептен независни ќе бидат! И најверојатно платите 125 Евра ќе им бидат, како во прикаскава! Ха-хахах, а бе дуковци ниедни!? Ќе ви кажам утре што ќе сонувате!
Србите имаат две мисли, кои ми доаѓаат сега: ‘‘Тешко нама Србима‘‘ (смени тоа ‘‘Србима‘‘) и уште една: ‘‘Јебали смо јежа у леџа‘‘ а кога сме кај ежот и....
, јас на тој кој го измислил тоа (кој и да е) за споменатата сума од 120 и нешто Евра, можам САМО да му ја ‘‘изорам‘‘ таа домашната, чаршав што му фрла!
Мнооогу грди времиња се ова изгледа, порано со вакви понуди за работа се бавеа безимени фирми, преваранти по бесплатните огласи кои барава менаџери (КСТ) измамници у евтини одела кои во ексклузивни хотели држева предавања за ваква или онаква работа, фирми кои оспособуваа, едуцираа и продаваа правосмукалки за 2000 Евра, некои срања-коктели за слабеење (Херба Лајф) заоб некој што го пасат којните за 500-600 Ден, полиси за осигурување на осигурителни друштва од Австрија со еден запослен, козметика, ексцајзи, џек потови..... и слични превари. Сега ова оди малку на повисоки инстанци, со тенденција да отиде на највисоките!.... браво!
Грди, грди.... погрди здравје!