THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.724
- Поени од реакции
- 1.333
Сите ќе играме лото !
Македонците не сакаат ни на лото да им се падне работа
Македонците не сакаат ниту на лото да им се падне работа, бараат, а молат бога да не ја најдат. Вака приближно директорот на „Државната лотарија“ го толкува проблемот со кој се соочуваат - не можат да најдат 100 луѓе за улична продажба на грепки. На отворениот оглас веќе два месеца речиси никој не се пријавува. Идејата е да се врати стариот тренд теренски продавачи да ги нудат нивните производи и на отворен простор или во кафулиња, како во старите времиња.
- Мене ова не ми е јасно. Секој ден слушам на вести како стечајци или некои други лица се спремаат за протести и бараат социјална помош од државата од 100 евра месечно, оти немале што да јадат, ниту сметки да платат. Ние нудиме 7.800 денари фиксна плата, пријавување и платени придонеси, плус 5 отсто од секој продаден тикет. Така, ако денеска направи 10.000 денари од продажба, има дополнителни 500 денари заработувачка. Може месечно да заработи над 20.000 денари или една пристојна просечна плата, само што никој не сака да работи. Плус може да работат кога сакаат, односно сами си го креираат работното време. Kако да им е подобро да земаат социјална помош и да седат дома - вели директорот Kузмановски.
Појаснува дека „Лотарија“ два месеца на оглас бара 100 улични продавачи, но заинтересираноста од невработените била надвор од сите очекувања - речиси никој не се јавил. Имало и такви што ја прифатиле работата, но по неколку дена се откажале.
- Изгледа луѓето сакаат само канцелариска работа. Имаше и такви кои велеа дека им е срам да го работат ова. Не ми е јасно како од 300.000 невработени во земјава ние не можеме да најдеме работници. Во моментов работат само 6 луѓе кои продаваат инстант-грепки и бинго и сите се во Скопје. А, нам ни се потребни 100 колпортери низ целава земја, од кои 30 се за Скопје - вели Kузмановски.
Од „Лотарија“ очекуваат дека наскоро оваа ситуација ќе биде надмината бидејќи стапиле во контакт со Агенцијата за вработување од каде што побарале од списокот со невработени да им се обезбеди потребниот број лица за улична продажба на грепки и на бинго. (А.Ф.)
Ботови едни незнаете да заработите на поштен начин па го терате народот да игра лото како во почетокот на 90-те кога главна занимација на народот му беше Касандра и лото/Бинго уатевер со пропаднатиот алкос и коцкар.
Додека го ебаваа стопанството на потиштениот народ му продаваа леб и игри.
Минатото во оваа заборавена вукојебина се повторува, за жал...