Горан Пандев

П

Паспарту

Гостин
Shorty напиша:
Барем пола од тимот на Македонската селекција да беше како Пандев ќе успеевме да стигнеме до високо место...
lele brat mnogu e pola :) ako imame pola kako nego ke stigneme do polufinale na svetsko ili evropsko :) dosta e barem uste eden ili dvajca :helou:
 
Член од
26 април 2007
Мислења
93
Поени од реакции
0
па ако им текне да стават некој од бразилциве како вандаир на пример, можеби и нема да треба уште еден пандев . се додека мазнов и наумоски играат, ке гледаме пропаст
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.685
Поени од реакции
48.875
Boki_Juve напиша:
па ако им текне да стават некој од бразилциве како вандаир на пример, можеби и нема да треба уште еден пандев . се додека мазнов и наумоски играат, ке гледаме пропаст
Поправ не можеше да бидеш двајцата се дрва само зошто не го пушта Стевица Ристиќ е тоа не ми е јасно:toe:
 
F

fantomX

Гостин
Дали навистина Пандев ќе биде продаден во АНглија? Слушнав дека тоа би бил клуб од четирте најјаки (се знае кои се) а особено Ливерпул. Дли имате повеќе инормации за тоа? Ако знаете пишете.:helou:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
fantomX напиша:
Дали навистина Пандев ќе биде продаден во АНглија? Слушнав дека тоа би бил клуб од четирте најјаки (се знае кои се) а особено Ливерпул. Дли имате повеќе инормации за тоа? Ако знаете пишете.:helou:
Дајбоже... но, нема врска, имаше шпекулации порано, но последно што се знае е дека Пандев останува во Лацио... моментално има на маса договор со лацијалите до 2011/12 но сеуште не е потпишан договорот. Ако некој сака да го купи треба да плати добро: 15 милиони евра!:zlo:
 
Член од
26 април 2007
Мислења
93
Поени од реакции
0
пандев беше поврзан со арсенал и со тотенхем ама лацио им дал до знаење дека пандев, сега за сега не е за продавање. богами, за роки и тој дебилот таре е измислен. тој роки ти е типичен пример за играч со врски :)
 
F

fantomX

Гостин
Ако некој им даде 15 милиони или повеќе, не верувам дека нема да го пуштат:zlo:
 

MkUnited

Hacked 127.0.0.1
Член од
25 април 2007
Мислења
53
Поени од реакции
0
пандев си е пандев... ако не беше Беласица кој ке го направаше таков играч :) :) :)
 

KaSpeR[MkD]

There Is The Machine
Член од
17 април 2007
Мислења
131
Поени од реакции
1
Се знае Беласица .... Комшијата ни е машинаааа за головииии ..... :)
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Арсенал во нова офанзива за Пандев


Лацио го продава Горан Пандев во Арсенал за 15.000.000 евра и со тие пари тимот од "Олимпико" планира летово да купи три супер засилувања со кои би влегол во групите од Лигата на шампионите. Тимот од Рим веќе ги почна математиките и ќе го жртвува најдобриот фудбалер на Македонија за огромна сума пари која доаѓа од Лондон. Во текот на вчерашниот ден повеќето медиуми го најавија заминувањето на Пандев во Англија. Сепак, во Рим владее неизвесност Арсенал или Челзи затоа што и двата клуба нудат иста цифра на евра за Лацио. Дилемата ја разјаснува Пандев, кој од прва рака ни открива:

"Фудбалот е бизнис и во вакви времиња не е битно дали сакам да останам или не. Имав состанок со Лацио и Лотито. Бев заедно со Роки. Ни беше кажано дека еден од нас двајца мора да биде продаден затоа што на клубот му требаат финансии за засилувања и за влез во Лигата на шампионите".

Веќе подолго време клубовите од Англија го меркаат струмичанецот кој нон-стоп даваше изјави од типот дека му е рано за на Островот и дека сака со Лацио да игра во Лигата на шампионите.

"Желбите се едно, но сега има нови момени и конкретни понуди. Лацио сака да ме продаде во Арсенал каде би заминал како замена за Баптиста, кој сигурно си оди од редовите на 'топџиите'. Знам дека предизвикот во Англија е голем, но да почекаме да поминат неколку денови по кои очекувам целата оваа брканица да се расчисти. Арсенал е во предност пред Челзи според она што можев да го слушнам од Лотито. Тимот од Лондон веќе подолго време има конкретна понуда. Тоа е голема екипа а јас ќе ја почитувам одлуката на Лацио со кого имам договор до 2010 година. Мојата судбина е во нивни раце и ако речат Арсенал јас се пакувам...", изјавува Пандев при нашиот телефински разговор.

Нашиот репрезентативец ни пренесува дека многу медиуми постојано коментираат за понудите од Челзи и Арсенал. Само неколку минути пред нашиот разговор на ТВ каналот "Скај Италија", Клаудио Лотито потврдил дека Пандев или Роки летово ќе бидат продадени и дека понудата од Арсенал за фудбалерот од Македонија е премногу конкретна.

Доколку се остварат ваквите најави Горан Пандев ќе го направи најскапиот трансфер на сите времиња на фудбалер од Македонија. Покрај Лацио и Челзи во минатото од големите клубови кои имаа интерес за нашиот фудбалер за споменување се Барселона, Вердер, Борусија Дортмунд...

Пандев зад себе има извонредна сезона во која постигна 10 голови и одлични игри за Лацио, кој предводен од струмичанецот е на одличната трета позиција на табелата.


Повредата се лекува со одмор

Горан Пандев во серија од 5 кола нема постигнато гол во Серија А. Го фати лоша серија иако во неделата по негова асистенција Лацио стина до победата над Ливорно и до три бода со кои се искачи на третото место и пред Милан.

"Сe уште имам болки во мускулот на десната нога. Тоа е незгодна повреда која се лекува само со одмор од околу две недели. Сепак, Лацио во серија игра многу важни средби и за мене нема пауза. Ќе издржам...Еве крајот се гледа, а по дуелот со Израел доаѓаат деновите за одмор, а тоа ќе значи и комплетно санирање на мојата повреда. Можеби потоа ќе следи и трансфер па така максимално здрав би ја дочекал новата сезона", коментира Пандев околу повредата која се појави пред 2-3 недели и кога по долга пауза од оправдани причини беше седнат на клупата и доби шанса за настап во вториот дел.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.040
Поени од реакции
1.164
Пандев постигна гол против Интер! Абе ѕвер е нема шо. Го гледав првото полувреме одигра одличо.. имаше и неколку опасни удари а и асистираше на голот кој го постигна Ледесма. Второто не го гледав.. сигурно бесше заменет некаде во 70 мин..
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
kakov gol dae ako moze da ostavite link
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Беше сменет во 62 минута,а после излезе и Роки па изгуби Лацио,многу смрдеше утакмицата како да ја местеа,неможе овој на Лацио да менува стандардни играчи во 60 минута
 

Kajgana Shop

На врв Bottom