Горан Пандев

Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
meazza напиша:
НАШИОТ НАЈДБАР ФУДБАЛЕР ЛЕТОВО ЌЕ РАЗМИСЛУВА ЗА СВОЈАТА КАРИЕРА ПОВРЗАНА СО РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ДРЕС!
http://sport.com.mk/?ItemID=6854882CD5CB2B40B16DACA7592513B2

Е па уште тоа ни фали.. и нека оди у к.... и репрезентацијата..
Озбилно нема потреба од него во моментов во репрезентација. Не дека е слаб, од друга гледна точка. Ние немаме шанси за добар пласман веќе, он веќе два пати од репрезентација се враќа повреден и у Лацио му мрчат нормално. Попаметно е сега да не го земаат за кога ќе има потреба вистински за Македонија да има кредит да каже “еве не идев цела година“ пуштете ме... иначе од Лацио ќе го минираат цело време... ја го поддржувам. Паметно игра менаџерот негов(не верувам дека сам го смислил ова)
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.040
Поени од реакции
1.164
Vlatko_Rusin напиша:
да, да! Има некој друг линк?

инаку се согласувам со ВикторГГ
Не можам да најдам друг линк.. А за тоа сте во право.. за сега не е многу потребен.. може да се одмори, сега кога веќе немаме никаква шанса за понатамосшен пласман.. Но сепак репрезентацијата без Пандев.. не знам.. видовме со Русија.. КАТАСТРОФА.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.277
Поени од реакции
977
абе луѓе што ви е !!!како не ни треба како од лацио му мрчат...СЕКОЈ НАТПРЕВАР НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА Е ПРАЗНИК и треба да одиме на секој натпревар на победа без разлика против кого играме и какви ни се шансите,лацио мора да го пушти за потребите на репрезентацијата,па како што може да се повреди во репрезентација така може и во лацио и сегде...е сега факт е дека зима пари од лацио и дека таму го дава максимумот ама според мене за секој натпревар под националниот дрес се гине и не се гледа против кого се игра се гледа дека се игра за твојата држава за твојот народ...едно да се разбереме..нема тактизирање околу националниот тим...па еве во најлош случај нека следните дуели се играат за фифа ранг листата за експериментирање околу формација воигрување и крај краева фудбалот се игра за навивачите...па ако сака да се повлече јас би му порачал и за следниот циклус уште ждрепката кога ќе биде да рече дека сме немале среќа во ждрепката и дека немаме шанси и ич нека не доаѓа
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
shura напиша:
абе луѓе што ви е !!!како не ни треба како од лацио му мрчат...СЕКОЈ НАТПРЕВАР НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА Е ПРАЗНИК и треба да одиме на секој натпревар на победа без разлика против кого играмеш
Имаш една кошула која те прави најзгоден... ќе ја носиш секој ден, или само кога треба да искочиш со девојката која ти се допаѓа?
Ме разбираш што сакам да ти кажам и зошто не се сложувам или треба да развлекувам? :toe:
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Јас не го одобрувам неговиот гест ватевер дали е од него или пак од менаџерот.

Кога може Зидан или Тери и да не набројувам да играат против Андора,Фарски Острови,Линхенштајн....па кој е Пандев споредено со нив да го поштедат(оправдувам ако е повреда како што е наведено ама малку сум скептик дека е баш тоа)
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.277
Поени од реакции
977
Викторгг напиша:
Имаш една кошула која те прави најзгоден... ќе ја носиш секој ден, или само кога треба да искочиш со девојката која ти се допаѓа?
Ме разбираш што сакам да ти кажам и зошто не се сложувам или треба да развлекувам? :toe:
секој си има свој став...јас си го кажав мојот и неможеш да ме убедиш во спротивното..можеби имаме спротиставени ставови и тоа е ок.али за мене репрезентацијата е девојката која ти се допаѓа и за неа би направил се а другите се само од интерес или забава!!!
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Чекајте сеа, има причини и дека треба да биде, ама има и причини дека не треба да биде! Секој донекаде е во право, ама како и да е има кој да одлучи за тоа:helou:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
shura напиша:
секој си има свој став...јас си го кажав мојот и неможеш да ме убедиш во спротивното..можеби имаме спротиставени ставови и тоа е ок.али за мене репрезентацијата е девојката која ти се допаѓа и за неа би направил се а другите се само од интерес или забава!!!
Нормално дека имаш свој став, и треба да го имаш... ама форумот е да разговараме :smir:
Инаку, репрезентацијата си ти, а противниците на репрезентацијата ги претставуваат девојките. Кошулата ја претставува Пандев. Значи ако играш со Хрватска во ситуација кога немаш никакви шанси ни за 4то место е исто како да искачаш со грда девојка. Сигурно нема да се потрудиш многу околу себе кога излегуваш со девојка која не ти се допаѓа. Ќе си облечеш било каква кошула, односно ќе го ставиш во игра да речеме Влатко Гроздановски. :vozbud: :zlo:
Да не го тупам со кошулите, не го споредувам ни со Зидан што рече Џони, Франција мора да ја брка секоја победа и тоа со што поголема разлика. Ако бидеме и ние во ситуација да имаме што да бркаме во секој натпревар секако дека нема да го ослободам од репрезентативни обврски ни Пандев. :wink:
 
Член од
24 април 2007
Мислења
251
Поени од реакции
2
па ако продолжи како ш игра мислам дека ке ојт далеку ама ако се прајт важен тогаш ништо од него
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.277
Поени од реакции
977
Викторгг напиша:
Да не го тупам со кошулите А:
штета што немаме повеќе кошули па нон-стоп да сме убави :)
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Викторгг напиша:
Да не го тупам со кошулите, не го споредувам ни со Зидан што рече Џони, Франција мора да ја брка секоја победа и тоа со што поголема разлика.
нон-сенс

Франција не може да ја победи Андора без Зидан?не држи вода ни муабетот за гол разликата се гледа меѓусебниот скор крај крајева Франција има три кватриљони адекватни замени за Зидан па сепак тој е стартер.

Така не се станува лидер ни во Беласица
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Johnny Stulic напиша:
нон-сенс

Франција не може да ја победи Андора без Зидан?не држи вода ни муабетот за гол разликата се гледа меѓусебниот скор крај крајева Франција има три кватриљони адекватни замени за Зидан па сепак тој е стартер.

Така не се станува лидер ни во Беласица
Добро бе извини... Пандев не мора да игра, нема потреба разбираш? Или ти сакаш да кажеш ако зима пари од Лацио а ја не зимам од никаде пошто не ме бива, има за инат да го терам да игра и да крши нозе, и не давам шанса на некој да проба дрес у репрезентација!!! Зошто, зашто Зидан игра а ѕвезда е, тогаш и Пандев ќе игра зашто не е ѕвезда. Опрај се... :lud: :tapp:
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Добро бе извини... Пандев не мора да игра, нема потреба разбираш? Или ти сакаш да кажеш ако зима пари од Лацио а ја не зимам од никаде пошто не ме бива, има за инат да го терам да игра и да крши нозе, и не давам шанса на некој да проба дрес у репрезентација!!! Зошто, зашто Зидан игра а ѕвезда е, тогаш и Пандев ќе игра зашто не е ѕвезда. Опрај се...
Прво да почнам со тоа дека фудбалот е најважна споредна работа на светот

Ако се базираме на нашите шанси за пласман на некој Мундијал никогаш нема потреба да игра .

За тоа што игра Пандев во репрезентација зема премија,осигуран е од повреди итн.

Што ако се повреди на тренинг во Лацио

Никој не смее тренер да забрани или условува да не игра некој за својата репрезантација тоа е строго казниво од ФИФА.

Мисијата на Катанец беше како што и самиот кажа да влезиме во едно шеширче погоре односно да избегнеме една подоброрангирана репрезентација од нас во нареден циклус,а ако сакаме тоа да го направиме треба да бидеме со повисок рејтинг од сегашниот ,а тоа се прави само со победи ,а и сам знаеш колку е хендикеп неиграњето на Пандев.

Ти мислиш зошто игра "Зидан" против послаби репрезентации,зошто таму се свесни дека после секоја утакмица изиграна таму некое Алжирче,Мароканче,Французинче излегува наредниот ден со топката со дрес со број 10 со галски петел и кошка во маало .е тие таму и го гледаат новиот Зидан,а и самиот тој е свесен за тоа ,е кај нас некое мрсулаво циганче од Тризла во калта кошка топка од 100 денари со 19-ка фалш од кај Панде, или некое фенси-детуле од капиштец кое игра на тревнат терен со оригинал пума со 19 број нема да му биде сеедно ако ова од Тризла не го гледа во комшии Пандев на црно-бел нишки или пак ова од Капиштец на Сони Бравиа или пак на градски. наредниот ден нема да му бидат лесни нозете ,нема да ги имитираат неговите финти ама изгледа за ова Пандев нема слух колкава е неговата улога во развојот на фудбалот.

Ова се причините за кој мислам дека Пандев треба да игра можеби се споредни ама погледни горе болдирано
 

Kajgana Shop

На врв Bottom