Капо незнам кој ти е проблем друже.
Кога би ги ставил на кантар Англиско и Калчо...во Англија се игра далеку, далеку поофанзивен фудбал...а со тоа има многу повеќе место за напаѓачите и изразување на нивната креативност.
Во Италија се игра затворен фудбал. Прво се гледа да не се прими гол а потоа да се даде. Затоа, во Италија е многу побитно за напаѓач да има физички карактеристики бидејќи се игра фудбал со многу ситни прекршоци, обструкции и сл само да се успори играта.
Кога веќе Пандев успеа во Италија, негледам причина зошто не би успеал како подршка на Торес. Настрана сето тоа, во Ливерпул сите противници ќе мислат на Џерард и Торес, и прво ќе биде нив да се запрат а потоа сите други, па ете повеќе простор за Пандев.