Горан Пандев

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Значи не се тие најголемите суми, најголема беше од Тотенхем 20 милиона, сега во Интер ке зема 16 милиона, а во Милан беше 16.5 милиона....
Само треба суперстапицаа пак да ми поверува...

Ако беше алчен по пари ке одеше у Тотенхем, Русија, или Милан.... Но нешто друго му е пак отиде во Интер:smir:
Ако го потврдат............имаш уште едно зеленко!:smir:brm
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Ееее и Пандев испадна предавник. Да навивам од дете за Милан и да отидам во Интер...аа алчен по пари :) :)

Ајде со среќа македонец и искрено мило ке ми е дури и кога на Милан ке даде гол:smir:
Хмм јас гледам на друг начин...само Интер беше конкретен и упорен да го земе и пред да се донесе одлуката на судот, другите сите чекаа за без пари. Милан ако го сакаше толку, немаше да чека за бадијала да го земе. Не знам колку ќе се изнаигра таму, но верувам во неговите одлуки. Пред се сум горд што не дозволи да биде малтретиран и понижуван од Лудакито, таков треба да биде секој Македонец, без комплекс за пониска вредност од другите.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Па сигурно врапчето не и кажало и тие се од медиумите!:toe:

Иначе она погоре е од весникот Нова Македонија!

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122591113136&id=19&setIzdanie=21871
На нашиве медиуми често им кажуваат врапчиња така да не се знае :pos2: Мислам, еден куп италијански медиуми прочитав за ова, не најдов таков податок.

Ееее и Пандев испадна предавник. Да навивам од дете за Милан и да отидам во Интер...аа алчен по пари :) :)

Ајде со среќа македонец и искрено мило ке ми е дури и кога на Милан ке даде гол:smir:
Немој со бисери како првите два болда, аман... :)

Прво, детството си е детство, професионализмот си е професионализам:

1. Интер е клубот кој го донесе Пандев во Италија и кој фудбалски го школуваше.

2. Интер е единствениот клуб кој беше заинтересиран да го донесе без разлика дали ќе биде слободен или ќе се плаќа оштета, другите сите беа заинтересирани само ако биде гага. Тоа е однос на клубот кон него кој Пандев нормално го почитува и цени.

3. Според повеќето медиуми (уште нема ништо официјално), Интер му нуди 2.5 милиони годишно со некоја прогресија, а Милан му нуди 3 милиони годишно. Така да, нема врска со парите.

4. Ќе заборавев, ама секој спортист кога добива понуда од шампион, нормално е да и даде предност, иако не мора. Интер во моментов е шампион и најсилен тим во Италија, околу тоа нема никакви дилеми.

А последниот болд многу го ценам. Кога играа Интер и Лацио, ја навивав Интер да тепа 4-3, а Пандев да постигне хет-трик :)
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Ееее и Пандев испадна предавник. Да навивам од дете за Милан и да отидам во Интер...аа алчен по пари :) :)

Ајде со среќа македонец и искрено мило ке ми е дури и кога на Милан ке даде гол:smir:

Барем си искрена :)

Самиот Пандев си изјави дека сака да остане во Италија,па затоа џабе мислам попусто ставаме кој се заинтересирани за него,од Тотенхем па се до Зенит...но и според мене потпишан е и договорот со Интер,само се чека на официјализирање !!!

Е сеа зашо го одбрал Интер ???

-Да им докаже на сите дека згрешија што го шитнаа,што не му дадоа шанса да се докаже :):)

Па Мур ако се одлучи да игра со офанзивна формација како со Рубин и Аталанта ке биде леле леле лелеееее :)
 
RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Ако го потврдат............имаш уште едно зеленко!:smir:brm
Не ми е за зеленките...
Сите информации не излегуваат во јавноста.......Бидејки не се за таму....

Знаеме дека официјалните пари што некој играч треба да ги земе му стојат во договорот што го гледат и клубовите, и федерациите, и јавноста..... А никој незнае колку пари ке земе некој играч и без договорот..... Односно само ке му легнат на сметка , од сосема трета личност.......:smir:
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
На нашиве медиуми често им кажуваат врапчиња така да не се знае :pos2: Мислам, еден куп италијански медиуми прочитав за ова, не најдов таков податок.
Тоа е тоа врапчарски Македонски Медиуми!:pos2:

Него сигурен сум дека читав за Зенит и неговата понуда, но не видов никаде за Јувентус!:toe:

Не ми е за зеленките...
Сите информации не излегуваат во јавноста.......Бидејки не се за таму....

Знаеме дека официјалните пари што некој играч треба да ги земе му стојат во договорот што го гледат и клубовите, и федерациите, и јавноста..... А никој незнае колку пари ке земе некој играч и без договорот..... Односно само ке му легнат на сметка , од сосема трета личност.......:smir:

Ристееее, тоа е Италија..... таму се лежи затвор за тоа, а не како тука награда да даваат!:uvo:

Значи колку пишува на договорот толку се парите.

ПС.Море ти лежат зеленките ајдеееее!:kesa:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мислам дека клубовите се обврзани јавно да ги објават сумите на договорите. Но најмалку е важно, обично кај нив си кажуваат, не е никаква тајна.
 
RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Тоа е тоа врапчарски Македонски Медиуми!:pos2:

Него сигурен сум дека читав за Зенит и неговата понуда, но не видов никаде за Јувентус!:toe:

Ристееее, тоа е Италија..... таму се лежи затвор за тоа, а не како тука награда да даваат!:uvo:

Значи колку пишува на договорот толку се парите.

ПС.Море ти лежат зеленките ајдеееее!:kesa:
Значи мислиш, ако у Италија у договорот на некој му стои на пример, 5 милиона, тој толку ке зема за една година?
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Значи мислиш, ако у Италија у договорот на некој му стои на пример, 5 милиона, тој толку ке зема за една година?

Нема шо да мислам, закон кажува!:toe:

Сите други пари се незаконски (зборам за твоите “скриени“ пари), а заради нив се лежи затвор и тоа малку подолго време!
 
RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Нема шо да мислам, закон кажува!:toe:

Сите други пари се незаконски (зборам за твоите “скриени“ пари), а заради нив се лежи затвор и тоа малку подолго време!
Знам дека се лежи затвор....... Но, верувај ми пак........ хахаха........ Верувај ми дека се зема на големо СКРИЕНИ ПАРИ, како шо ги крсти, и дека до сега никој не е лежел од спортистите затвор за тоа, ниту пак ке лежи, бидејки едноставно се дефинираат како подарок..........

Многу оф топик отидовме:pos2::pos2:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Еве една интересна статија од време, без разлика дали ќе се согласиме со авторот или не:

Пандев го покажа патот

Никола Ѓуровски

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев го доби судскиот спор со италијанскиот прволигаш Лацио и одлука за раскин на договорот, по што може слободно да одбере каде ќе ја продолжи...
Никола Ѓуровски

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев го доби судскиот спор со италијанскиот прволигаш Лацио и одлука за раскин на договорот, по што може слободно да одбере каде ќе ја продолжи својата фудбалска кариера. Тоа е негова голема лична победа, по која, конечно, ќе може да го продолжи својот успешен пат во Калчо-лигата, едно од најквалитетните натпреварувања во светот. Но, оваа победа на Пандев индиректно има големо значење и за Македонија, затоа што покажа дека тој што верува во своите принципи и што ќе истрае во своите намери, на крајот ќе успее да најде излез од ќор-сокакот - да ги реши проблемите. Можеби токму македонскиот фудбалски ас го покажа патот по кој треба да се движи и развојот на нашата земја во идниот период. Горан Пандев достави тужба пред Арбитражниот суд на Калчо-лигата за мобинг од страна на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, кој не му дозволуваше да тренира со преостанатиот дел од тимот. Неговите неволји почнаа пред осум месеци, кога македонскиот фудбалер најави дека сака да си замине од Лацио и да ја продолжи кариерата во некој поголем европски клуб. Оттогаш секојдневно беше жртва на најразлични притисоци од клупското раководство, беше понижуван, отстранет од екипата и мораше да тренира самостојно. Но, тоа не го поколеба, беше упорен, знаеше што сака, ги издржа сите напади и го чекаше денот за конечна победа. Фудбалскиот професионалец што доаѓа од малата Македонија успеа да ја добие правната битка со големите фудбалски ѕверки од Италија, и тоа во нивната сопствена држава. Одовде силна порака треба да извлече и македонското судство, кое многу ретко застанува на страна на вистината, кога таа е против богатите и моќните. Стратегијата на Пандев треба да ја препишат и водечките луѓе на македонската држава. Треба да веруваат во сопствените ставови, да не потпаднат на притисоците од страна, вредно да работат, затоа што еден ден тоа ќе се преточи во голема победа. Најважно е да знаат што сакаат и да се фокусираат на остварување на таа цел.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
[/b]

Е сеа зашо го одбрал Интер ???

-Да им докаже на сите дека згрешија што го шитнаа,што не му дадоа шанса да се докаже :):)

Поголема глупост одамна немам прочитано :pipi:

Пандев ќе иде во Интер пошто Интер беше најконкретен веќе 6 месеци, и сигурно за тоа време тој стапил во контакт со некого од Интер и паднал некој договор, и да немало договор Пандев испаднал фер.
Немаше да биде фер спрема Интер тој сеа да потпише за Милан на пример кој тек сеа пројави интерес
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19

Одлично напишано, браво за новинарот.
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Епа со среќа нека му е. Не е ова најдобра опција за него ( не е ни Јуве ) , најдобро ќе беше да иде надвор од Италија во некој не многу голем гигант каде ќе играше прва постава. Овде повеќе ќе седи на клупа. Али тоа е негов избор, што си посеа тоа ќе си жнее. Се надевам нема да заврши како претходните двајца Македонци во Интер ( Панчев и ова педерчево Славковки , кој испадна све освен Македонец ).
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Поголема глупост одамна немам прочитано :pipi:

Пандев ќе иде во Интер пошто Интер беше најконкретен веќе 6 месеци, и сигурно за тоа време тој стапил во контакт со некого од Интер и паднал некој договор, и да немало договор Пандев испаднал фер.
Немаше да биде фер спрема Интер тој сеа да потпише за Милан на пример кој тек сеа пројави интерес
Шала знаеш да разбереш ти или тешко го сфакаш тој збор :nesum:

А да потпишеше за Милан сите ке се ложевте и ке се јачавте како сте му го земале на Интер пред нос играчот така ???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom