Горан Пандев

M

Mario Gómez

Гостин
Абе знаеш овие Интер, Милан и Јувентус. Кај нас има врвни напаѓачи и нема шанси играч како Пандев да игра прв состав. Не се понижуваат а умираат сите да го имаат во својот состав. На сите три екипи им е потребен таков млад играч полн со волја за игра и докажување кој 100 пати подобро ќе се снајде од препотентни 30- годишњаци кој што играат моментално.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
Според мене Интер е дефинитивно најдобрата опција за Пандев од италијанските екипи, иако се шампиони мислам дека таму ќе добие најголема шанса а има и најдобри услови да се докаже, сега негово ќе биде дали ќе искористи.

Милан. По слабиот старт на сезоната, Леонардо го најде тимот и не го менува, страв му е да смени нешто да не тргне колата надоле. У одбрана може да смени нешто, евентуално и Фламини да го смени со Амбросини, ама други не чепка се додека не се повреди некој. Така да мислам дека и Пандев нема што да бара тука.

Јувентус. Тимот е во длабока криза. Не се знае утре што ќе биде. Атмосферата е на многу ниско ниво. Пред да почне сезоната сите викаа дека Јуве направил најдобар пазар, но не се покажа така. Сите засилувања разочараа, не знам дали е до нив или до тренерот ама работата не тргна на арно. Не би му препорачал на Пандев да отиде во ваков Јуве.

Интер. Сигурно ќе добие шанса од Мурињо, на Пандев останува дали ќе ја искорити. Особено ќе има можност да се покаже во јануари. Мурињо е стратег кој често менува, кога губи ги става сите напаѓачи од клупа. Предност е и тоа што Пандев може да игра на многу позиции. Среќна околност е тоа што Весли Снајдер е Холанѓанец па типично за нив често е повреден. Пандев би можел да игра позади Милито и Ето. Ако ништо друго барем ќе освои Скудето, ќе игра во Лига на Шампиони, но мислам дека ќе се докаже, ќе покаже дека вреди.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.410
Поени од реакции
8.540
Пандев во Интер во наредните 4.5 години, број 16.....

Нека му е со срека многу........ да игра во животна форма:smir:
Пандев на Бадник дебитира за Интер



Напаѓачот веќе потпишал договор со миланскиот тим, ќе го носи дресот со бројот 16, а на 29 декември треба да замине на подготовки со „нераѕурите“ во С. Арабија

Македонски фудбалер Горан Пандев на Бадник (6 јануари) треба да дебитира во Интер, во дуелот против Кјево, во 18. коло на италијанската Серија А. Во следните четири и пол години Пандев треба да го носи дресот со бројот 16 на „нераѕурите“. Договорот бил потпишан завчера во Милано, а како претставник на Интер бил техничкиот директор Марко Бранка. По заверувањето на соработката, Пандев се вратил во родната Струмица.

- Договорот е потпишан во Милано. Бранка бил претставник на Интер, а откако го ставил потписот, на Горан му честитал и тренерот Мурињу. Горан сега е во Струмица - велат од семејството Пандеви.

Тој ќе биде третиот Македонец што ќе заигра за Интер, по Дарко Панчев и Горан Славковски. Според најавите, најдобриот стрелец во македонската репрезентација ќе има годишна плата од три милиони евра, плус бонусите и премиите. Според тоа, Пандев станува најскапоплатениот спортист во историјата на македонскиот спорт. За верноста во Интер до јуни 2014 година, само од плата ќе инкасира околу 14 милиони евра.

Нашиот интернационалец во вторникот доби раскин на договорот со Лацио, каде што беше во претходните пет и пол години. Поради докажан мобинг, Пандев ја раскина „љубовта“ со Лацио на штета на клубот, и во Интер заминува како слободен играч. Во Лацио го носеше дресот со број 19, што во Интер е резервиран за Естебан Камбијасо, па во Интер ќе го има бројот 16.

В понеделник Пандев треба да се врати во Милано да ги мине лекарските прегледи, а следниот ден да замине со екипата на мини-подготовки во С. Арабија. Интер ќе биде на подготовки до 2 јануари, кога се враќа во Милано и ќе се подготвува за дуелот против Кјево.

Според италијанските медиуми претседателот на Интер, Масимо Морати, му се јавил на првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, најавувајќи дека Пандев е веќе играч на тимот од „Џузепе Меаца“. Договорот со Интер ќе стапи во сила од 1 јануари, кога официјално ќе биде отворен зимскиот преоден рок во Европа. Претседателот на Лацио, Лотито, најави жалба на одлуката според која на Пандев без обесштетување му беше дозволено да си замине од римскиот тим.

Пандев пред два дена најави дека со задоволство ќе настапува во Интер, тимот што го купи уште пред 9 години. Тогаш Пандев не заигра за Интер, а беше даден на позајмица во Специја и Анкона, пред да биде продаден во Лацио. Сега во нападот како соиграчи во Интер, Пандев ќе ги има Самуел Ето Диего Милито, Марио Балотели и Марко Арнаутовиќ.

- Интер е тим во кој може да напредувам. Знам дека не сум во најдобра натпреварувачка форма, но конкуренцијата не ме плаши. Тоа може да ми биде само дополнителна мотивација, да тренирам напорно и побрзо да се вратам во стариот ритам и форма. Сакам да играм во Лигата на шампионите - ни изјави Пандев во средата по одлуката на Арбитражниот суд дека е слободен играч.

Интер во јануари ќе биде без Самуел Ето, кој со репрезентација на Камерун ќе биде дел од африканскиот куп на нации. Пандев веднаш ќе има можност да се докаже во Интер, иако струмичанецот изминативе шест месеци тренираше самостојно, а одигра само шест дуели и тоа во репрезентативниот дрес на Македонија, во кој покажа дека не заборавил да дава голови.
:salut:
ps.RIZETO имаш зеленко од мене :)
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.512
Поени од реакции
6.954
Јувентус. Тимот е во длабока криза. Не се знае утре што ќе биде. Атмосферата е на многу ниско ниво. Пред да почне сезоната сите викаа дека Јуве направил најдобар пазар, но не се покажа така. Сите засилувања разочараа, не знам дали е до нив или до тренерот ама работата не тргна на арно. Не би му препорачал на Пандев да отиде во ваков Јуве.
- Интер е тим во кој може да напредувам. Знам дека не сум во најдобра натпреварувачка форма, но конкуренцијата не ме плаши. Тоа може да ми биде само дополнителна мотивација, да тренирам напорно и побрзо да се вратам во стариот ритам и форма. Сакам да играм во Лигата на шампионите - ни изјави Пандев во средата по одлуката на Арбитражниот суд дека е слободен играч.


:salut:
ps.RIZETO имаш зеленко од мене :)
ова горе, се коси со болдот :)
п.с. и од мене има зелемко за навремената информација која испадна точна:smir:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
По се изгледа, во Интер веќе потпишал. Како и да е се надевам дека добро ќе се покаже во Серија А и во ЛШ, и се надевам дека ќе им земе прва постава на Ето или Милито. :))
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Ако е точно, нека му е со лесна нога во новиот тим на нашиот Горан Пандев и да даде дупло повеке голови во Интер!:aplauz:
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Шансата на Пандев е додека Ето го нема, ако во јануари изигра како што треба тогаш колку толку би можел да игра до крајот на сезоната. Но, ако недај Боже изигра слабо тогаш ќе биде и зад Балотели, па дури и зад Кварезма кој колку толку плетка годинава. Од друга страна, ако Манчини запне да му се донесе Балотели во екипата, тогаш ќе биде многу полесни, но не ми се верува да превземи толкав ризик Интер, да го продаде Балотели, а при тоа да го нема Ето цел јануари.
Друга олеснителна околност за Пандев е да се бори со Снајдер за полу-шпиц, каде не е толку жестока конкуренцијата, ако се знае дека Снајдер повеќе е по болници отколку на терен.
Мака ми е што појде во Интер, затоа што цело време ќе навивам да усери нешто.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Официјална информација денска излезе на мак.спорт.Пандев потпишал 5 годишен договор со Интер,а за тоа време ќе инкасира 15.000.000 т.е по 3.000.000 годишно.Официјално ќе биде претставен како засилување на Интер на 2 јануари,а се очекува да биде во тимот и на подготовките на 29 декември и да дебитира на 6 јануари против Киево во Сериа А.:helou:
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
ај нека му е со среќа :) јас повеќе сакав во јуве или во англија ама ок :)
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
ПОВЕЌЕ НЕМА ДИЛЕМИ ОКОЛУ ИДНИНАТА НА ГОРАН ПАНДЕВ
ВО ИНТЕР - 15.000.000 ЕВРА ЗА 5 ГОДИНИ
На 2 јануари нашиот најдобар фудбалер ќе биде промовиран како засилување за шампионот на Италија и ќе почне со работа кај Хозе Мурињо


Битката со Лацио е добиена и сега е време за следниот предизвик. Горан Пандев заминува во Интер, и тоа е 100% завршена работа. Трансферот ќе биде официјализиран во првите денови од новата 2010 година кога и почнува зимскиот преоден рок. Повеќе и нема тајни околу условите кои ги добива нашиот најдобар фудбалер од неговиот матичен клуб во Италија. Дознавме дека Пандев веќе има потпишано договор со Интер на 5 години и тоа за вкупна сума од 15.000.000 евра кои ќе легнат на сметката на нашиот репрезентативец.

Фудбалерот беше во Милано кога арбитражниот суд завчера ја соопшти веста за неговата слобода. Веднаш потоа имал и средба со луѓето на Интер со кои ги прецизирале сите детали иако од поодамна се знаеле формалностите. Дека му падна камен од срце и дека Пандев со нетрпение ја чекал слободата и времето за одмор говори и фактот дека тој веднаш по одлуката барал билет до Македонија по секоја цена. Вчера во вечерните часови се појавил во својата родна Струмица и со својата фамилија и најблиските ја прославил победата и слободата и трансферот во Интер.

Како што дознавме, нашиот најдобар фудбалер добил време за одмор и од новиот шеф Хозе Мурињо. И познатиот португалски стратег е свесен за пеколот низ кој мина Горан Пандев и затоа не инсистирал тој веднаш да стартува со тренинзите иако за клубот има само 2-3 дена пауза затоа што на 6 јануари продолжува сезоната кога Интер го игра првенствениот меч со Киево кога се очекува и дебито на струмичанецот во новиот тим.

Горан Пандев на 2 јануари ќе биде промовиран како нов фудбалер на Интер. Истиот ден ќе го има и првиот тренинг со екипата во која има огромна конкуренција за напаѓачките места.

"Јас никогаш не сум стравувал од конкуренција. Верувам во своите квалитети. Интер!? Тоа е клуб кој ги исполнува моите амбиции. Веќе реков дека сакам да одам во екипа која ќе се бори за титули, која ќе игра во Лигата на шампионите...", коментира Пандев од Струмица кој ниту ги демантира а ниту ги потврдува најавите за неговиот следен нов клуб.

"Се е како што треба и треба да минат неколку дена. Нема потреба од брзање иако веќе на сите ви е добро познато што ќе се случи. Во денешно време нема криење...", е ставот на нашата прва фудбалска виолина во последните неколку години.

Среќниот крај на тензиите околу Пандев, неговата слобода по судскиот процес во Лацио и трансферот во Интер се најдоброто нешто што му се случи на македонскиот фудбал во оваа проклета и црна 2009 година. Настанот околу нашиот најдобар фудбалер е топ тема не само во земјава и во Италија туку и во комплетната фудбалска јавност низ светот. Пандев го заслужи сето ова. Сега на ред е нашиот најдобар фудбалер да покаже што знае во дресот на Интер и да се вивне кон најголемите ѕвезди на овој спорт. Да се освојуваат титули, да се тресат мрежите на сите фронтови. Струмичанецот имаше долга пауза, но низ настапите за националниот тим оваа есен простигна 7 голови на 6 средби.

Пандев во Интер заминува како освежување во нападот и е на добар пат и оваа сезона со екипата од "Џузепе Меаца" да ја одбрани титулата. Сепак, предизвикот за Интер во новата 2010 година се вика Челзи и настапите со оваа екипа во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Третиот Македонец на "Џузепе Меаца"

Дарко Панчев, Горан Славковски и сега Горан Пандев. Струмичанецот е третиот Македонец кој ќе го носи дресот на најдобриот тим од "Џузепе Меаца". Во 1992 година Дарко Панчев од Црвена Звезда за 10.000.000 германски марки замина во Италија и тоа беше еден од најголмите трансфери за тоа време.

Историјата како да се повторува. И тогаш Панчев бираше меѓу Интер и Милан и се одлучи за "сино-црните". Многумина аналитичари и во денешно време коментираат дека тоа бил погрешен избор. Панчев не се прослави во Интер. За 3 години престој во тој тим одигра 19 средби и даде само 3 голови. И сега Пандев бираше меѓу Интер и Милан. И тој оди по стапките на "златната копачка". Дефинитивно Интер е клуб на Македонците.

Тука не смее да го заборавиме и Горан Славковски. Големиот талент влезе во клупската историја на оваа екипа како најмладиот играч кој настапил на првенствен меч. Настапи 15 минути на дуелот со Сиена пред три години и има минутажа и е дел од тимот на Интер кој освои шампионска титула. Славковски беше голгетер за младинците на Интер каде во времето на Пандев настапуваше и Ацо Стојков.



Извор
Македонски спорт
 
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Добар избор направил, ако е ова точно. Шансата му е сега кога Ето ќе оди во Африка, ма да според мене добро би се вклопил и кога би играл позади Ето и Милито.

Иначе Гоче на Стемфорд Бриџ против Челзи... е тоа ќе биде нешто. Можеби ќе биде тој што конечно ќе го одведи Интер во четвртфинале, се е можно. :)
 
M

Mario Gómez

Гостин
Сеа ќе треба сите за Интер да навиваме за да освои титула Пандев.:pos2:
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
ЛоЛ До сега навивав за Милан од Калчото, сега ќе треба за Интер да навивам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom