Горан Пандев

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Епа со среќа нека му е. Не е ова најдобра опција за него ( не е ни Јуве ) , најдобро ќе беше да иде надвор од Италија во некој не многу голем гигант каде ќе играше прва постава. Овде повеќе ќе седи на клупа. Али тоа е негов избор, што си посеа тоа ќе си жнее. Се надевам нема да заврши како претходните двајца Македонци во Интер ( Панчев и ова педерчево Славковки , кој испадна све освен Македонец ).
Зошто размислувате вака стварно незнам. Дајте малку оптимизам, да му посакаме да се наметне кај Мурињо и да стане стандарден за брзо време. Има реални шанси не само затоа што има различни карактеристики од другите и игра на повеќе позиции, туку и Ето не е оној вистинскиот (дава голови немам поплаки за тоа, ама сепак не штима нешто), а Милито со оглед на годините нема да ја држи формата предолго. Снајдер често се повредува а во 4-3-3 формација Балотели не се снаоѓа воопшто, за разлика од Пандев.

Настрана тоа, споредбите со Панчев не држат вода воопшто. Панчев беше многу различен играч (тип играч како Милито), играше во друго време во еден тотално дефанзивен Интер. Тотално погрешен избор. Во тоа време многу ѕверки не се наиграа во Интер и во калчото. Што се однесува до Славковски, одигра само еден натпревар, само Манчини знае зошто...

Пандев веќе се има докажано во лигата, има постигнувано голови против најдобрите, има 50 гола во Италија... така да неговите шанси да успее се далеку поголеми.
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
може да се каже дека се даваат бонуси на одредени играчи, прикриени кој не стојат во бланко договорот.... али секако секој што ќе достави пари си плаќа и данок на државата за сумата која ја извадил... за Пандев не али за некој врвен играч се прават вакви зделки.

јасно која му е целта на Гоче, да ги направи милионите и да се врати во родната Струмица, да си напраи хотелчиња,ресторанчиња,хациенди... вајда има сватено дека во Интер ќе игра 15-20 натпревари од сезона вкупно на сите фронта, а тоа е околу 30% од натпреварите.
 
RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75

ЕЕЈ стварно колку ми е мака ......... многу ми е мака шо Пандев не е врвен играч.......... и Ван Дер Сар и Буфон и Толдо и Чех и Касиљас и.... никој од нив не го знаат тоа..... ццццц ццццццццццц

Колку само добро ја сфакаш целта..... да не си јасновидец или целовидец ? :pos2::pos2:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.725
Поени од реакции
9.449
Не може да се предпостави дека нема да блесне, но и не може да се очекува и спротивното. Според мене добро би се снашол во Интер, има каде каде подобар тим од Лацио. Тој во време кога Маури, Ледесма и остали беа позади него редеше по 10+ погодоци во Серија А, камо кога ќе ги има во подршка позади Становиќ, Снајдер, Камбијасо и компанија. Не гледам никаква пречка Пандев да не се вклопи во системот на Мурињо. Според мене не е голема конкуренцијата во Балотели и Милито со играч кој веќе 4-5 сезони ги тресе мрежите во Италија.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
И ја тоа прашувам ама слабо одговори: колку одбрани треба да измеша како онаа на Јувентус? Колку голови треба да даде на Јувентус, Милан, Интер, Реал, Шпанија... за да биде врвен? Дали треба вредноста да му е над 15 милиони евра за да биде врвен. За греота човекот, само на 15 милиони го процениле.

И јеботе, она што ме нервира најмногу, да не беше Македонец, ќе напињавте за тоа каков ѕвер е! Се изнаслушав басни и приказни за Амаури и Мело, играчи кои можат копачките да му ги чистат (ништо против Јуве онака овие двајца ми паднаа на памет. Има примери во секоја екипа...)
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
А да потпишеше за Милан сите ке се ложевте и ке се јачавте како сте му го земале на Интер пред нос играчот така ???

Пандев го сакав у Милан само поради тоа што е наш.

Пандев као играч не му е потребен у моментов и не ми е криво што нема да дојде у Милан. Пишав и погоре не би било фер и спрема Интер
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
незнам што ти е поентава со ова... Мурињо не толерира никого, а најмалку Пандев... доаѓа со слаб статус, а му треба само виша сила да стекне некоја си значајна улога во Интер... Мансини и Кварезма се никој и ништо, а дојдоа во топ форма... ако не ја искористи правилно и онаа минутажа што ќе му се даде, на лето Пандев ќе мора да си бара нов клуб... а Жозе си има и други трансфер цели во навалната линија.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
незнам што ти е поентава со ова... Мурињо не толерира никого, а најмалку Пандев... доаѓа со слаб статус, а му треба само виша сила да стекне некоја си значајна улога во Интер... Мансини и Кварезма се никој и ништо, а дојдоа во топ форма... ако не ја искористи правилно и онаа минутажа што ќе му се даде, на лето Пандев ќе мора да си бара нов клуб... а Жозе си има и други трансфер цели во навалната линија.
Незнам што ти е тебе поентава?

Каков слаб статус???
Каква виша сила???

Ако не ја искористи шансата, нормално, како за сите, така и за него.

Какви планови има Жозе во навалната линија???
 
RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Незнам што ти е тебе поентава?

Каков слаб статус???
Каква виша сила???

Ако не ја искористи шансата, нормално, како за сите, така и за него.

Какви планови има Жозе во навалната линија???

хахахахахаха слаб статус хахахахаха:pos2:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.966
Поени од реакции
45.240
.. а Жозе си има и други трансфер цели во навалната линија.
Пандев доаѓа најмногу по желба на Мурињо, не на управата, Мур пред да потпише договор со Интер даде услов тој да биде одговорен за изборот на нови имиња во клубот, до сега се што дојде во Интер е негов личен избор и умисла за тимот, така да, Пандев е една од тие трансфер цели на Мурињо. :wink:
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
незнам што ти е поентава со ова... Мурињо не толерира никого, а најмалку Пандев... доаѓа со слаб статус, а му треба само виша сила да стекне некоја си значајна улога во Интер... Мансини и Кварезма се никој и ништо, а дојдоа во топ форма... ако не ја искористи правилно и онаа минутажа што ќе му се даде, на лето Пандев ќе мора да си бара нов клуб... а Жозе си има и други трансфер цели во навалната линија.
RedBull... ти дава крилјаааааааааааааааааааа. :)
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Незнам што ти е тебе поентава?

Каков слаб статус???
Каква виша сила???

Ако не ја искористи шансата, нормално, како за сите, така и за него.

Какви планови има Жозе во навалната линија???
па тоа го зборам, ќе мора многу напорно да работи и на тренинзи и на натпревари... сепак ова не е Лацио, опстануваат само големите.
ќе биде изложен под висок притисок... јасно е дека опаѓа интерес за секој играч кој не е во константна форма, Гоче најпрво ќе треба да ја пронајде формата, па така да не очекувајте да започне со игра во Јануар.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
па тоа го зборам, ќе мора многу напорно да работи и на тренинзи и на натпревари... сепак ова не е Лацио, опстануваат само големите.
ќе биде изложен под висок притисок... јасно е дека опаѓа интерес за секој играч кој не е во константна форма, Гоче најпрво ќе треба да ја пронајде формата, па така да не очекувајте да започне со игра во Јануар.
Не си многу упатен. Почнува во јануари, најверојатно на 6-ти со Киево (освен ако Ето не успее да остане во Италија за тој натпревар, што е тешко). Јануари е месецот во кој ќе се наигра, а потоа, во зависност од тоа што ќе покаже.

Се тоа важи, дека треба да се работи и да се избори... но зошто толку песимизам? Дека е наш? :)
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
интер е најдобра опција за Пандев, онаква игра му лежи и кај мур може да биде главен џокер,воопшто не се согласувам дека пандев треба да се докажува следниот месец за да фати место во тимот а понатаму,игра на повеќе позиции,има одличен дриблинг и брзина,единствен проблем(решлив) му е физичката и кондициска спремност.незнам,стварно се чудам на коментарите дека пандев не бил врвен играч и дека неможел да се прилагоди во интер
чисти глупости
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Пандев доаѓа најмногу по желба на Мурињо, не на управата, Мур пред да потпише договор со Интер даде услов тој да биде одговорен за изборот на нови имиња во клубот, до сега се што дојде во Интер е негов личен избор и умисла за тимот, така да, Пандев е една од тие трансфер цели на Мурињо. :wink:
па ете самиот договор кој веројатно го потпишал 3-4 мил. годишно кажува нешто... значи ако не исполни некои цели лесно ќе го пратат по втор пут на позајмица.

Не си многу упатен. Почнува во јануари, најверојатно на 6-ти со Киево (освен ако Ето не успее да остане во Италија за тој натпревар, што е тешко). Јануари е месецот во кој ќе се наигра, а потоа, во зависност од тоа што ќе покаже.

Се тоа важи, дека треба да се работи и да се избори... но зошто толку песимизам? Дека е наш? :)
да он е регистриран али кога ќе започне ќе видиме... а од кај сте сигурни дека нема да се донесе уште еден во нападот?
не сум песимист, глеам објективно, ако не ја искористи шансата нема уопште да се толерира... мислам дека превзема голем ризик кој може и да се издигне и да падне во кариерата...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom