Горан Пандев

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Ја сеуште стојам на зборот дека тапа избор му е Интер. Мурињо не е голем љубител на нежни напаѓачи преферира цврсти и силни гол играчи.
Сите викаат дека шансата му била да се покаже во јануари, а тоа е најглупата работа што сум ја слушнал. Да речеме се покаже добро и игра еден месец додека не е тука Ето (што чисто се сомневам знаејќи дека 6 месеци е надвор од тренажен процес) и после што?

Ето кога тогаш ке се врати и ке го зацементира на клупа Пандев, Снајдер исто така.
Како и да ја свртиш работата Пандев секогаш ке биде резерва во Интер.
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Нема да игра повеќе одколку во Лацио, ама во Интер има повеќе шанси за успеси:toe:
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Ја сеуште стојам на зборот дека тапа избор му е Интер. Мурињо не е голем љубител на нежни напаѓачи преферира цврсти и силни гол играчи.
Сите викаат дека шансата му била да се покаже во јануари, а тоа е најглупата работа што сум ја слушнал. Да речеме се покаже добро и игра еден месец додека не е тука Ето (што чисто се сомневам знаејќи дека 6 месеци е надвор од тренажен процес) и после што?

Ето кога тогаш ке се врати и ке го зацементира на клупа Пандев, Снајдер исто така.
Како и да ја свртиш работата Пандев секогаш ке биде резерва во Интер.
Па Пандев ако не е цврст играч, може Ето и Балотели се поцврсти. Ма ајде молимте...
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Ја сеуште стојам на зборот дека тапа избор му е Интер. Мурињо не е голем љубител на нежни напаѓачи преферира цврсти и силни гол играчи.
Сите викаат дека шансата му била да се покаже во јануари, а тоа е најглупата работа што сум ја слушнал. Да речеме се покаже добро и игра еден месец додека не е тука Ето (што чисто се сомневам знаејќи дека 6 месеци е надвор од тренажен процес) и после што?

Ето кога тогаш ке се врати и ке го зацементира на клупа Пандев, Снајдер исто така.
Како и да ја свртиш работата Пандев секогаш ке биде резерва во Интер.

Да како и да ја свртиш работата, Пандев ке биде најдобар стрелец во Интер за втората полусезона!:baeh::helou:
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Со среќа нека му е во Интер, иако повеќе сакав да ја напушти Италија, ама тој си знае :)

Ако дебитира против Киево, дај боже да му шибне гол :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.957
Поени од реакции
45.144
Ето кога тогаш ке се врати и ке го зацементира на клупа Пандев, Снајдер исто така.
Како и да ја свртиш работата Пандев секогаш ке биде резерва во Интер.
Во 4-3-3 системот на Мурињо, или оној 4-2-3-1 кој го форсираше против Рубин и Аталанта има и те како место за Пандев, дури и прв избор може да биде со оглед на тоа што Балотели не се снаоѓа добро како крилен играч.

Кога ке видиш, од Интер, Милан и Јуве, kaj нероазурите има најмногу простор за игра, поготово у Јануари. :smir:
Со оглед дека ова му беа опциите, со оглед на тоа што доаѓа како слободен играч, каде и да отидеше немаше да има резервирано првотимски статус, или ако се лажеме во Милан и Јуве ке играше гарант прв тим. :toe:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Во 4-3-3 системот на Мурињо, или оној 4-2-3-1 кој го форсираше против Рубин и Аталанта има и те како место за Пандев, дури и прв избор може да биде со оглед на тоа што Балотели не се снаоѓа добро како крилен играч.

Кога ке видиш, од Интер, Милан и Јуве, kaj нероазурите има најмногу простор за игра, поготово у Јануари. :smir:
Со оглед дека ова му беа опциите, со оглед на тоа што доаѓа како слободен играч, каде и да отидеше немаше да има резервирано првотимски статус, или ако се лажеме во Милан и Јуве ке играше гарант прв тим. :toe:

Никој нема да се осуди да пушти играч кој не играл повеке од 6 месеци.
Значи кој и да е играч ке нема загарантирано место, така да истото се однесува и за Пандев.

А за првотимски статус, мислам дека не е битно името, туку играта и придонесот во неа!:smir:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Никој нема да се осуди да пушти играч кој не играл повеке од 6 месеци.
Значи кој и да е играч ке нема загарантирано место, така да истото се однесува и за Пандев.

А за првотимски статус, мислам дека не е битно името, туку играта и придонесот во неа!:smir:
За тие 6 месеци што не играл сигурно не заборавил да шутира ебаго :)

Но тоа се зависи од самиот тренер,мада мислам дека Мурињо ке го пушти во игра пошо сака да експериментира со составот,да види колку е подготвен Пандев за игра,пошо комотна разлика на табела пред “конкурентите“,може да си дозволи мал луксуз :)
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Не играл, надвор е од натпреварувачки ритам.Ама не значи дека е надвор и од тренажен процес :helou:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
За тие 6 месеци што не играл сигурно не заборавил да шутира ебаго :)

Но тоа се зависи од самиот тренер,мада мислам дека Мурињо ке го пушти во игра пошо сака да експериментира со составот,да види колку е подготвен Пандев за игра,пошо комотна разлика на табела пред “конкурентите“,може да си дозволи мал луксуз :)

Не дека заборавил да шутира туку се губи формата. Секако дека не може Мурињо да се основа на головите постигнати во Репрезентацијата.

За експериментите се сложувам, но кога веке запињаше уште на почеток на сезоната да го добие Пандев сигурно нема да го чува за Лепота!:toe:

....................................................
Значи сеуште не е потврдено!

Најдобра опција за Пандев - враќање „дома“?


„Дома“ во случајов е Интер, оти тоа беше неговиот прв клуб на Апенините, со него стана младински првак на Италија, во сегашниот тим нема играчи што би му конкурирале за место во тимот, Мурињо го сака, а Интер има и најдобра финансиска понуда во однос на Милан или Јувентус




Интер, Милан, Јувентус, Тотнем, Арсенал, Челси, Манчестер сити, Зенит, Шахтер, Баерн, Севилја, Атлетико Мадрид... Вака изгледаше долгата листа заинтересирани клубови што низ медиумите во своите земји покажуваа желба да го видат најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во своите редови. Од мај годинава, откако и почна голготата на струмичкиот Ил Феномено во Лацио, која завчера заврши со најголемата победа, раскин на договорот, како на филмска лента се вртеа информациите за неговата иднина. Но како што се приближува 1 јануари и зимскиот преоден рок, изборот е речиси готов - италијанскиот првак Интер.

Ако се суди според изјавите на Пандев, долгата листа заинтересирани се скусува само на Италијанците. Но не на сите калчолигаши, туку на најголемите, што јасно ја покажува амбицијата на Пандев, да освојува трофеи. Финансиските услови, каде било да замине, за најмалку петпати ќе бидат поголеми од потценувачките 400.000 евра годишно што ги добиваше во Лацио. Сепак, фактот дека сигурно ќе остане во Италија, Пандев и нема да ја избере најдобрата финансиска понуда, таа на руски Зенит, кој нудеше и четири милиони евра годишно.


ПЕТ ФАКТИ ВО КОРИСТ НА ИНТЕР


Милански Интер, четирикратниот италијански првак во низа на Апенините, со пет факти е најпривлечен за Пандев. Прво, затоа што шест месеци беше најконкретен, а уште летово најавите беа оти струмичанецот има преддоговор со „нераѕурите“. Како што вели Пандев, Интер и финансиски ќе платеше за трансфер, ако побарувањата на Лотито беа понормални, за разлика од Јувентус и Милан, кои чекаа тој да стане слободен играч да би го ангажирале.

Второ, затоа што и самиот Пандев некако е врзан со овој клуб, оти италијанската одисеја почна токму од младинскиот погон на овој клуб, со кој освои и титула во првенството до 21 година, а победи и на Вијареџо, најпрестижниот клупски турнир за младинци. Трето е тоа што особено креативните способности му отвораат поголеми шанси за да игра, затоа што Интер кубури токму со ваков профил на играчи, за разлика од ривалите Милан и Јувентус. Четврти е фактот што и Жозе Мурињо, еден од најдобрите тренери во моментов, јавно ја изрази желбата да го види кај себе, а петти е што Интер има најдобра финансиска понуда во однос на „росонерите“ или „старата дама“, со тоа што од година в година би му се зголемувала платата, почнувајќи од 2,5 милиони евра во првата година.

- Сакам еден напаѓач за засилување и сé останува на претседателот - веќе со денови истакнува Мурињо.

Интер од јануари во следните 45 дена нема да смета на Самуел Ето, но Португалецот во Пандев не гледа само засилување за на

падот, туку и отворање нова димензија во играта. Интер со години игра шаблонски, прв е во пазарењата, но нема голема среќа со вистинските креативци. Сезонава, играта им се размрда со доаѓањето на Холанѓанецот Весли Снијдер од Реал Мадрид, па токму карактеристиките на Пандев, кои ги потврди во Лацио, дека знае често да асистира и дека сака да игра со топка се главна причина за желбата на Мурињо да го ангажира.

Со самото тоа што е различен од голгетерите Диего Милито - Самуел Ето, двете летни засилувања, отвораат простор Пандев да игра како полушпиц, па дури и да се врати како страничен играч, нешто што ги импресионира тренерите на Апенините веднаш по неговата прва сезона со младинците на „нераѕурите“ и доминантната сезона во таа категорија.

Позицијата на Пандев и неговите способности за гол од втор план, на Мурињо би му ја отвориле и варијантата Марио Балотели да не го користи како страничен играч, што често се покажало како погрешно во изборот на многу мечеви во оваа полусезона.


МЕШАНИЦА ВО МИЛАН И ВО ЈУВЕНТУС


Милан и Јувентус, иако со кризи во периоди, реално и не се многу погодни за Пандев, особено што во двата клуба има креативци и напаѓачи „на тони“. Тешко дека без одигран меч, Пандев би бил во сериозна комбинација кај тренерот Леонардо во Милан, покрај Пирло, Сидорф и Роналдињо, плус со Дејвид Бекам наскоро, а со Инѕаги - Пато - Бориело како опции за нападот.

Исто е и во Јувентус, каде што нападот и средниот ред се полни докрај Диего-Дел Пјеро-Амаури, и со фактот што тренерот Чиро Ферара е пред отказ и под голем притисок затоа што не ги експлоатира вистинските позиции на играчите, пред сите на Фелипе Мело и на Диего и знае доста дефанзивни играчи за врска да стави во тим, па целата креација да падне врз поранешниот играч на Вердер, Диего.

Руски Зенит, пак, победникот на Купот на УЕФА лани, останува заинтересиран, но и најсилната финансиска понуда веројатно нема да го премисли Пандев, иако нов тренер е Лучано Спалети (до неодамна тренер на Рома), спонзор е гигантот „Газпром“, а амбициите многу високи - враќање во елитата.



Де Лаурентис: Ќе се жртвувам да го донесам во Неапол

Само 24 часа откако Пандев доби раскин на договорот, претседателот на поранешниот првак Наполи, Еугенио де Лаурентис, објави дека со сите сили ќе се обиде да го убеди Горан Пандев да замине во Неапол.

- Ќе се жртвувам, финансиски пред сé, за да го донесам во Неапол. Знам дека сака да остане во Италија, а Неапол ќе биде најдобрата дестинација за него - рече де Лаурентис.

Наполи и летоска лицитираше за ангажман на Пандев.




Италијански медиуми: Пандев до вторник на прегледи во Интер!

Иако Пандев и менаџерот Карло Палавичнино најавија миниодмор и мирен избор на новата средина, италијанските медиуми вчера најавија дека до вторник струмичанецот ќе се појави во „Апијано Џентиле“ (тренинг-кампот на Интер) на лекарски прегледи и оти потоа ќе замине во Саудиска Арабија, каде што „нераѕурите“ ќе бидат на миниподготовки.

Според најавите, Пандев може да биде регистриран веќе на 2 јануари и веднаш би добил право за настап на првиот меч во новата година, против Киево, на 6 јануари. Речиси сигурно Пандев би добил петгодишен договор.


ИНТЕР


3.000.000 евра годишно

тренер: Жозе Мурињо
соиграчи: Снијдер, Станковиќ, Ето, Милито, Мота
позиција: полушпиц, крило
предности: креативноста, честите повреди на единствениот организатор Снијдер, играње во Лигата на шампионите
маани: физичка неподготвеност “според Мурињо&рдљуо;, кој многу инсистира на таква фаза


МИЛАН


3.000.000 евра годишно

тренер: Леонардо
соиграчи: Роналдињо, Пато, Сидорф, Бекам, Пирло
позиција: напаѓач/крило
предност: младоста и индивидуалните способности, наспроти годините на Инѕаги, Сидорф и „сидрашите“ Бориело и Хунтелар, играње во Лигата на шампионите
маани: премногу ѕвезди во тимот, недостаток на дефанзивни задачи


ЈУВЕНТУС


2.500.000 евра годишно

тренер: Чиро Ферара
соиграчи: Мело, Поулсен, Диего, Дел Пјеро, Амаури
позиција: крило
предност: кризата на „старата дама“
маани: предноста на триото Диего - Дел Пјеро - Амаури, клубо испадна од Лигата на шампионите и напролет ќе учествува во Евролигата на УЕФА



ЗЕНИТ


4.000.000 евра годишно

тренер: Лучано Спалети
соиграчи: Бистров, Фајзулин, Дани
позиција: полушпиц, крило
предности: Сигурно место во првиот тим и најголема плата
маани: Зенит никаде нема да игра до март 2010 година, зашто испадна од сите европски натпреварувања. Тоа би значело пауза од десет месеци за Пандев
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Пандев дека не падна со формата потврди со головите во репрезентацијата..........

А од кај ви се информациите за клубовите кој колку пари понудил?:smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
За Милан и Интер имаше по италијанските медиуми незнам од каде им се за Зенит и за Јувентус цифрите...

Иначе пишуваше дека нема да оди на подготовки во С.Арабија од 29-ти зошто во принцип не земале играчи кои не се во тимот. Така да веројатно 2-ри Јануари дирекно во Милано, пред тоа ако се биде во ред со медицинските прегледи.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
За Милан и Интер имаше по италијанските медиуми незнам од каде им се за Зенит и за Јувентус цифрите...

Па сигурно врапчето не и кажало и тие се од медиумите!:toe:

Иначе она погоре е од весникот Нова Македонија!

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122591113136&id=19&setIzdanie=21871
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Ееее и Пандев испадна предавник. Да навивам од дете за Милан и да отидам во Интер...аа алчен по пари :) :)


Ајде со среќа македонец и искрено мило ке ми е дури и кога на Милан ке даде гол:smir:
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Па сигурно врапчето не и кажало и тие се од медиумите!:toe:

Иначе она погоре е од весникот Нова Македонија!

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122591113136&id=19&setIzdanie=21871
Значи не се тие најголемите суми, најголема беше од Тотенхем 20 милиона, сега во Интер ке зема 16 милиона, а во Милан беше 16.5 милиона....
Само треба суперстапицаа пак да ми поверува...

Ееее и Пандев испадна предавник. Да навивам од дете за Милан и да отидам во Интер...аа алчен по пари :) :)


Ајде со среќа македонец и искрено мило ке ми е дури и кога на Милан ке даде гол:smir:
Ако беше алчен по пари ке одеше у Тотенхем, Русија, или Милан.... Но нешто друго му е пак отиде во Интер:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom