Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ајде имало конкуренција, па нека има ама таму е и еден човек што може да го научи многу нови работи, а Леонардо, и овој Ферара како и да е ...

Супер избор направи, јас лично мислам дека е подобар и од Милито и од Балотели.:pipi:

Со Милито можеби може да се јаде , али друже не зезај за Балотели. Младичот е еден од најталентираните светски играчи. Да си го среди малце темпераментот и ќе биде играчиште. Со провоцирањето повеќе губи одошто добива.

Значи да не бегам од главната тема. Убаво кажа еден член погоре. Што ќе си посее тоа ќе си жнее Пандев. Сега нема никаков притисок, нема босови над него кои го лимитираат, има слобода и нека ја искористи најдобро.
 
Милито и Пандев се различен тип на играчи па не може така едноставно да се споредуваат. Но според она што го покажа Милито во Интер минатата сезона па и оваа, (мислан на постигнати голови и решени натпревари) Пандев може вода да му носи на Милито!
Милито се покажа многу подобро и од Ето во Интер, единствено малку послаба игра покажа после повредата.
Балотели се уште не е дораснат за прв тим, треба да го подобри однесувањето, да го промени сваќањато во врска со фудбалската игра и му треба уште искуство.
Предноста на Горан е тоа што може да игра на повеќе позиции, со заминувањето на Ето се ослободува место во шпицот и ќе има доволно простор да покаже дека вреди.
 
Многу ми е криво кога некој го отпишуваат, а сеуште не ни пристигнал во Милано.Од каде знаете како ќе работи на тренинзи, каков однос ќе воспостави со Мурињо.Значи сега на Пандев нема никаков притисок, Ето оди на купот и Горан ќе игра.Без никаков притисок, ќе докаже дека вреди и ќе игра.

Значи да бидеме на чисто, јас не зборам дека секоја утакмица ќе ја игра по 90 минути, но сигурен сум дека е човек кој се бори, а тоа го докажува со тоа што како слободен играч оди у тим каде што играат Милито, Ето.:toe:
 
Па ок, има фантазери кои се убедени дека во Јувентус или Милан ке има загарантиран првотимски статус, а во Интер не.
Реков и на темата на Интер, каде и да отиде горе-доле исто ке игра, во Интер може и најмногу зашто првиов месец Ето нема да биде тука, а и Балотели како што гледате сеуште нема гарант за прв тим така да дури и кога Ето би бил во комбинација, Мур можно е да игра со тројца во нападот па пак да се ослободи место и за Пандев .

Јуве ги има Џовинко, Дел Пиеро, Амаури, Трезеге, Јакинта ке се врати од повредата, тука е и Диего, Милан има помала конкуренција но сепак, Бориело е играч кој ваљда сеуште атакува на место во репрезентацијата, Пато под дифолт е првотимец, исто и Роналдињо, Хунтелар 'ржи за прв тим, Инзаги мање битно, а добива а не добива шанса сеедно, не е тип на играч кој би се бунел но дефакто и таму конкуренцијата е голема.

Праете било какви тактики у fm умисли, едно останува факт, Пандев во овие 3 екипи е далеку од загарантиран првотимски статус, поготово во вториот дел од сезоната. :toe:

За Интер да, важеше оноа упропастувале играчи бла бла, ама сезонава ги погодија сите инвестиции, за разлика од Јуве и Милан кои утнаа со Мело, донекаде Диего и Хунтелар така да не го гледам јас гарантот за успех и кај нив, поготово кај Јуве кои у моментов се тотално изгубени, нокаут.
 
супер избор му е Интер. Е сеа дали Мурињо ке го пушта почесто на утакмици ќе видиме ...се надевам дека ќе го пушти да се докаже.
 
Самиот статус “донесен за без пари’’ не му гарантира играње по секоја цена, во најлош случај, на неприлагодување или не исполнување на очекуваното, секој клуб е ќар од негова продажба.
Најголеми шанси за да се наметне има во Интер воглавно ради Ето, после тоа во Јуве кои се во некој вид на реструктуирање и сигурно би бил пробан, а најмали во Милан кај што Роналдињо и Пато жива сила не ги мрда од терен, а Бориело ќе биде форсиран и во денови кога нема да е во форма за да му се даде на Липи опција за на светско.

Интер највеќе го заслужува заради интересот што го пројавија летото за него додека Милан и Јуве чекаа како хиени.
Сакам да дојде во Милан највеќе за да не го замразам после :)
 
Многу ми е криво кога некој го отпишуваат, а сеуште не ни пристигнал во Милано.

Ич да не ти е. Отпишаните најдобро поминуваат во Интер. Камбиасо дојде како слободен, за без пари. Цезар и Маикон се сметаше дека ќе бидат за пополнување место. Сите очекуваа чуда од Ето а се сомневаа во Милито. Станковиќ беше пред заминување зошто Мурињо мислеше дека му е непотребен...

Сите овие растураат сега.

Од друга страна, многу се очекуваше од Кварезма и Мансини. Суазо растураше пред да дојде. Очекувањата си носат и голем притисок врз играчите. Единствен од кој се очекуваше многу и апсолутно ги оправда очекувањата е Снајдер. Можеби и Лусио тука некаде.

Така да, најдобро е да го потценуваат и да не очекуваат ништо посебно од Пандев.
 
Има многупати изјавено дека Милан му е омилен клуб од детството до денес. Па не би требало да се двоуми ако пристигне понуда.

Сепак, фактот што со Интер уште сезонава ќе биде шампион нема да го остави рамнодушен, мое мислење. :)
 
7E14A78E8875C64AB26AA4AD320D0A1D.jpg

:)
 
Самиот статус “донесен за без пари’’ не му гарантира играње по секоја цена, во најлош случај, на неприлагодување или не исполнување на очекуваното, секој клуб е ќар од негова продажба.
Најголеми шанси за да се наметне има во Интер воглавно ради Ето, после тоа во Јуве кои се во некој вид на реструктуирање и сигурно би бил пробан, а најмали во Милан кај што Роналдињо и Пато жива сила не ги мрда од терен, а Бориело ќе биде форсиран и во денови кога нема да е во форма за да му се даде на Липи опција за на светско.

Интер највеќе го заслужува заради интересот што го пројавија летото за него додека Милан и Јуве чекаа како хиени.
Сакам да дојде во Милан највеќе за да не го замразам после :)
Тоа донесен без пари не треба да важи и за Интер. Интер беше заинтересиран за него и беше подготвен да понуди кеш плус играчи за Горан Пандев.
Исто и сега се шпекулира дека Лацио ќе добие некои младинци на позајмица како знак на добра воља од Морати...
Тоа значи дека Мурињо сериозно смета на Пандев, и верувам дека ќе се избори за место во прв тим, се разбира доколку се реализира трансферот. :)
 
Со среќа нека му е на Пандев, а Лолито може да го попуши сега стапов, ебаму копилето.
 
Ако потпише за Интер, Пандев треба да бара како услов во договорот Лацио (читај Лотито) да не добие ништо од Интер!
 
Ако потпише за Интер, Пандев треба да бара како услов во договорот, Лацио (читај Лотито) да не добие ништо од Интер!

Треба да бара да им го дадеме Виера да ги закопаме максимално хаха
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom