На 25 јуни ќе се знае судбината на нашиот најдобар фудбалер
Гижо напиша:
лацио и удинезе ке прават лицитација за пандев, со што најверојатно е дека ке заврши во удинезе
Лацио и Удинезе и покрај долгите и маратонски преговори не најдоа заедничко решение околу Горан Пандев. Ваквиот развој на настаните кога двата клуба не можат да се договорат е причина за свикување "лицитација" во фудбалската федерација на Италија. Таму двата клуба во затворени коверти ќе ги приложат чековите со финансискиот надомест кој ќе му го понудат на нашиот најдобар фудбалер. Битката ја добива оној клуб кој нуди највисока цифра.
"Очекував дека ќе се договорат, но и двата клуба сакаат да бидам нивни играч. Мојата судбина се решава на 25 јуни со коверти", изјавува Горан Пандев, кој ни ја потврди информацијата која ја пренесоа медиумите од Италија.
Лацио има 50% од сопственоста над Пандев, но според договорот римјаните треба да ја загубат битката. Удинезе има црно на бело дека Пандев од 2006 до 2008 е нивни играч. Тој "подарок" тимот од Удине го доби од Интер пред една година кога во тимот од Милано беше продаден Давид Пизаро.
"Удинезе нон-стоп најавува дека ќе бидам нивни играч. Барем засега ниту јас самиот не знам на што сум и каде ќе настапувам во новата сезона. Има многу комбинации, се вртат и големи цифри, но има и понуди од трети клубови кои ја чекаат разврската. По 25 јуни мислам дека многу работи ќе бидат познати. Кој клуб и да ја добие битката ќе треба да одговори на оние понуди кои се актуелни", е коментарот на Пандев, кој зад себе има фантастична сезона со одлични игри, ефектни погодоци и збир од 11 голови.
Колку за потсетување. Ова лето екипите на Арсенал, Фиорентина, Вердер...истакнаа интерес за струмичанецот за кого се споменуваше и цифра од 12.000.000 евра. Сепак, од Рим и веста дека Лацио може да даде 4.000.000 евра за нашиот фудбалер за разлика на Удинезе, кој има далеку подобра финансиска подлога. Лацио навидум ја губи битката за Пандев а интересно е тоа што на "Олимпико" како можна замена за Пандев се споменува Конан од Лече.