Голема љубов

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Sekoja ljubov e strast? Ljubovta ne e strast. Bilo, ljubov prema sprotiven pol, bilo ljubov prema ist pol. Ljubovta e neshto povozvisheno od strast.
A dali postoi golema ili mala.
Pa da, iako ja idam na ekstremiteti. Polarizirani custva, se edna sekojdnevna objektivizacija. Bi trebalo da postoi.
Iako koga se raboti bash za cista ljubov, kako cista forma na raspostranuvanje na taka tvoja, cista topla energija, pozitivna pred se, ne moze da se odredi mera.
Ali sekako, ona shto za mene e ljubov, za nekogo ne e.
Кој воопшто рече дека секоја љубов е страст? Реков дека големата љубов е страст, која постепено стивнува.
А вистинската љубов е нешто повозвишено од страст.

Ali sekako, ona shto za mene e ljubov, za nekogo ne e.
Конечно во нешто да се согласиме :smir:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Имав голема љубов...и сметав дека е вистинска но ако вистинската е таа што трае вечно тогаш...сепак, не била онаа вистинската.
Сеуште имам чувства за него и знам дека секогаш ќе имам но не со истата јачина.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Имав голема љубов...и сметав дека е вистинска но ако вистинската е таа што трае вечно тогаш...сепак, не била онаа вистинската.
Сеуште имам чувства за него и знам дека секогаш ќе имам но не со истата јачина.
И јас се наоѓам во истата ситуација така што не си сама :icon_lol: .

Не мислам дека вистинската љубов е онаа која трае вечно.Во ниту една љубов не можеме да бидеме целосно сигирни и на ниту една љубов не можеме комплетно да се потпреме.Луѓе сме-се менуваме.Чувствата денес се тука,утре ги нема :toe:.Се е минливо, се има почеток и крај. За мене вистинска љубов е како што кажав не онаа која ќе трае вечно туку таа која ќе ни биде возвратена.Кога истата љубов со истиот тој интензитет ќе биде подарена од двете страни, тогаш ќе ја почуствуваме вистинската љубов па макар и на "секунда" макар и за миг.

:eek:ftopic:И јас се плашам од тоа дека моите чувства кон него и понатаму ќе останат ама дека ќе сакам и другого тоа е сигурно. Од кај знаеш па-можеби некој некогаш ќе сакаш многу повеќе од овој сега кој ќе ти биде само еден зачуван folder во меморија.Времето лекува се-УЖИВАЈ додека си млада :):):smir:
 
Член од
27 март 2008
Мислења
14
Поени од реакции
0
Golema ljubov?Da, mi se slucila i sum ja izgubila.No taa ljubov e najubavoto custvo bez koe ne mozam da ziveam, ali i najgolemata bolka sto sum ja doziveala od zagubata na taa licnost

Ja imam doziveano i toa e najubavo custvo koe mozes da go dozivees,no za zal ja izgubiv i ja pocustvuvav najgolemata bolka no i toa e del od zivotot:)Se tece se se menuva pa taka i toa pomina:)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Голема љубов... ми се случи, неочекувано, непланирано, ме погоди ко гром од ведро небо. И едноставно, не ја пуштам никако! А чувството кога е до мене... џабе неможам да ви го опишам, тоа може само да се доживее.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Валда големата љубов може да заврши а вистинската љубов е приказна со среќен крај.
Сега во моментов знам дека веќе 4 години ја доживувам таа голема љубов, мислам и дека е вистинска, дали е тоа така само времето го има одговорот. После 4 години сваќам колку не е воопшто едноставно да одржуваш врска и колку треба да балансираш, колку треба да жртвуваш...љубовта не е доволна сама по себе за да успее една врска, но доколку ја има таа е силн поттик да се трудиш да успее.А веќе ако успее во тој случај ти веќе нема од што да се плашиш , ти си веќе богат човек,среќен човек. Нема ништо поисполнително во животот од тоа да сакаш а воедно и да бидеш сакан од истата личност.
 
Член од
24 март 2008
Мислења
68
Поени од реакции
2
Pa golema ljubov doziiveav....ali zavrsi...i toa loso!No sepak mu blagodaram na nego so me nauci so e ljubov iako me povredi....i sekogas ke se sekavam na nego i ke mi znaci.....
 
Член од
23 март 2008
Мислења
26
Поени од реакции
0
Голема љубов доживеав пред една година што се уште трае тоа чувство за жал...Некогаш е многу убава ама некогап многу боли...зависи кој каква среќа ќе има!
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.663
Таа голема љубов ме осакати уште не можам да дојдам при себе.Нема шанси да ја заборавам секоја девојка ја споредувам со нејзе а знам дека не треба тоа да го правам.И знаев секад си викав не дај боже да ми се случи да се заљубам страшно во некоја девојка и после некое време да раскинеме.Како за баксуз после неколку години заедно раскинавме.
 
Член од
16 октомври 2007
Мислења
70
Поени од реакции
5
Најпрвин да ве прашам што за вас претставува голема љубов?Дали големата љубов претставува вистинска љубов или сепак тоа е само фаза која води до тоа?
Вака прашањето ми е дали сте искусиле голема љубов?Да бидете премногу заљубени,да не можете без него/неа,да ви фали ако не го чуете нејзиниот/неговиот глас?Дали сте почувстувале љубов во права смисла на зборот?Значи не зборам за детски симпатии,тинејџерски љубови од типот денес те сакам,утре раскинуваме,туку онака љубов,посветување и слично.
Може и да ја опишете таа љубов?Дали завршила или се уште трае?Веднаш знаевте дека е љубов или ви требаше подолго време да ја препознаете?Ако завршила,зашто завршила? Дали се уште имате чувства кон таа особа?

П.С. ЗНАЧИ ДА ПОТЕНЦИРАМ,СЕКОЕ МИСЛЕЊЕ КОЕ ЌЕ СОДРЖИ САМО ДА,НЕ,ЕДНАШ,ДВАПАТИ- ЌЕ БИДЕ ИЗБРИШАНО!
Некаде на форумов веќе го пишав ова а воедно тоа е моето разбирање за љубов,nihil est quod sensum habet quin intereat
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Вака прашањето ми е дали сте искусиле голема љубов?
Да.
Да бидете премногу заљубени,да не можете без него/неа,да ви фали ако не го чуете нејзиниот/неговиот глас?
Да.
Дали сте почувстувале љубов во права смисла на зборот?
Да.
Може и да ја опишете таа љубов?
За жал, не можам. Не знам како да опишам.
Веднаш знаевте дека е љубов или ви требаше подолго време да ја препознаете?
Веднаш.

Oва го оставам за последно:
Најпрвин да ве прашам што за вас претставува голема љубов?
Вистинската сила на нејзината величенственост, манифестација на сите емоции собрани на едно место.Нешто слично на експлозијата на атомската бомба.
Толку големо, толку силно, толку уништувачки впечатливо.
Многу убаво кажано.
Не може да остане незабележана. Не само од тебе. Од сите околу вас:)
 

*MC*

Печурче
Член од
26 февруари 2008
Мислења
344
Поени од реакции
0
Мислам дека тоа сега што го доживувам е вистинска љубов. Немав појма дека го сакам, едноставно си дојде спонтано.(по подолго време ми текна ама сепак ми текна). Не можам и самата да се препознаам. Порано кога ќе се "вљубев" одосно кога ќе си фатев дечко, сакав да сум со него ама не постојано зашто брзо ми се здосадуваше и ако ме форсираше по 1 месец максимум раскинувавме. Сега сум постојано со него (учиме заедно, седиме заедно, секаде одиме заедно) и не ми е здосадено воопшто. И се осеќам супер, вљубена и знам дека ме сака и тој. Што има поубаво од тоа?:wub:
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
кога ќе ги отворам очите сабајле прво нешто на кое мислам е тој. кога заспивам си замислувам дека е до мене, ме чува ме топли ме гушка. Ноќе се будам го барам го нема и со тешко срце заспивам пак. го поминувам напорниот ден знаеќи дека ако издразам вечер ќе бидам наградена- ќе бидам со него.не се потребни разговори објаснувања, доволни се погледи. Прекрасни плави очи кои ме гледаат полни со љубов и среќа. за првпат чувство дека со тој човек би можела да го поминеш цел живот. Држење за рака како дечиња, бегање од реалноста само со една прегратка. Текстов го пишувам веќе пола саат се обидувам да ги најдам вистинските зборови- неможам. неможам да го опишам тој склоп на чувства,прекрасни моменти. необјасливо. сепак му го посакувам на секој оној кој го нема доживеано. Чудна работа незнаев веднаш а и не очекував да се заљубам во тој човек. се беше така спонтано,брзо неочекувано. се препуштив на чувствата. Беше март, времето почнуваше да се затоплува кокичињата да цутат. дојде април се уште беше беспрекорно убаво. Мај и јуни поминаа како за миг - среќно,прекрасно. Јули- веќе беше јасно ова е нешто големо меѓу нас. со тек на време научивме да живееме со маните на другиот и до негде ги прифативме. имаше моменти на кризи каде што мислев дека се наоѓам во филм,некоја модерна верзија од ромео и јулија (проблеми дома непирифаќање на дечкото), помина и тоа. дојде повторно март. 1 година и не ми беше ни приближно доста. сакав уште од таа љубов бев жедна за тие чувства. немаше никаква досада презаситеност. само ние двајца. Го сакам, го сакам толку многу што сум спремана да жртвувам се за да останам со него. Ме сака, знам дека ме сака. тоа не се опишува тоа само се чувствува.
И за крај пак ќе кажам. Не се откажувајте никогаш! тој/таа ќе дојде а вие ќе бидете во правото време на правото место. Силно верувам во тоа бидејќи мојот живот се претвори од кошмар во бајка која сеуште трае...
п.с Те сакам миличко!
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Мислам дека тоа сега што го доживувам е вистинска љубов. Немав појма дека го сакам, едноставно си дојде спонтано.(по подолго време ми текна ама сепак ми текна).
Леле ова како јас да сум го пишувала :) поготово болдираното.

Значи мислам дека ова што моментално го доживувам е вистинска љубов. На почетокот кога се фативме не ни очекував нити размислував за тоа дека ќе догурам до овде. Едноставно ги оставив работите да течат сами и еден ден ми текна дека уствари јас сум се заљубила “од убоо пубоо“.:)

Не можам и самата да се препознаам.
Сега не можам да се препознаам самата, точно. Порано, пред него, сум била сосема друга. Сега откако сум со него попаметна сум.:pipi: Сфатив дека јас многу работи што сум мислела дека ги знам, не сум ги знаела. Тој ме научил на многу работи и благодарна сум му на тоа. Ама и јас сум го научила него на некои работи и знам дека и он ми е благодарен :)

Порано кога ќе се "вљубев" одосно кога ќе си фатев дечко, сакав да сум со него ама не постојано зашто брзо ми се здосадуваше и ако ме форсираше по 1 месец максимум раскинувавме. Сега сум постојано со него (учиме заедно, седиме заедно, секаде одиме заедно) и не ми е здосадено воопшто. И се осеќам супер, вљубена и знам дека ме сака и тој. Што има поубаво од тоа?:wub:
Сега постојано сме заедно, секој ден, учиме заедно, седиме заедно, секаде одиме заедно. Мојава врска трае веќе 3 години и често ме прашуваат “како не ти е здосадено?“
Па така, не ми е здосадено и се надевам дека никогаш нема да ми здосади (а ни на него). Сум се навикнала на него, секој ден да го гледам и така. Не можам, а не ни сакам да си го замислам мојов живот без него. Се надевам дека нашево нема никогаш да заврши.
:16:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Сега веќе искрено се сомневам дека постои таква работа како голема љубов, вистинска љубов и такви слични реторики.
На филмот мексиканецот имаше една реченица кога тој другиот глумец(не ми текнува како се викаше) му кажува на бред пит дека не постои за мажите вистинска жена, секоја може да биде вистинската само треба да се роди желбата кај нас за такво нешто.

Значи во врска со темата, голема љубов не постои. Постои голема потреба од некоја личност одреден период. А таа голема потреба се јавува во зависнот од моменталните случувања во нечиј живот.
Јас лично сум го имал ова како феномен и траеше 2 години во полна пареа, а требаа 4 за да ми помине 99%.
Во тој период не се дружев нити се знаев со многу девојчиња и таа една претставуваше се за мене и во моето секојдневие, но како што кажав таквите големи потреби се од зависнот од моменталните случувања.

Мора да напоменам дека јас со таа девојка немав буквално ништо, нити не знаеше какви мисли имав за неа. Сега од оваа гледна точка подобро што немало ништо затоа што потешко ќе ми беше а се средам.
Не ми беше убаво, две години како зомбифициран бев, само кафе цигари и депресивни љубовно платонски мисли во глава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom