Големата љубов,не мора нужно да биде вистинска,но вистинската секако не само што ке биде голема,туку ке бида НАЈГОЛЕМА..
голема љубов е првата љубов,тогаш навистина сите го имаем тоа чувство дека никој не сака ко нас,и дека тоа што ни се случува со емоциите и телото е единствено и неповторливо,за жал,времето ги негира таквите дијагнози,и од нас создава помудри љубовници..
така доага втората љубов(ако првата завршила лошо,се има чувство на страв,малце потешко се опушта човек,повеке внимава,не сака да крши нога двапати од ист камен)
па доага период од животот каде се кристализираат сите креитериуми па се трага по некој си амалгам создаден од тие критериуми,и обично или сексот тоталка е погоден а интелектуалното ниво на партенрот е пониско,или ке најдеш карактер ист крој со твојот со слични аспирации и погледни на свет,ама сексот нема да се погоди,или ке го заборави капакот на шољата,и се некои ситници ке те вадам од кожа додека еден ден со вибраторот у рака не си поставиш реторичко питање-ПРОКОЛНАТА СУМ,РЕТАРДИРАНА СУМ,ИЛИ МАГНЕТОТ МИЕ РАСИПАН?
Не знам што е голема њубов,ја гледаме по филмови и реклами,ја консумираме од сапуници,серијали,книги,приказни,рекла казала,дешавки на пријатели,насекаде е,а никако да се види на лицата на оние кои не одминуваат..ко некоја масовна гробница сме,гледам парови на слики кои се смеат,идат 3 години и декларираат вистинска љубов,ама ги гледам насмеани ради сликата шо треба да се стаи на фејс,а не ради -љубовта која е голема,или вистинска-
Не сум видела околу мене,но верувам дека ја имам доживеано,И ГОЛЕМА И ВИСТИНСКА..
траеше интензивно 19 месеци,потоа 12 месеци на камера преку 2000киломтери,зајакна со далечината,не измени и двајцата во смисла,не спои уште повеќе,не мораше повеќе да се гледаме,не пишувавме,камерите ни беа отворени,тој покажуваше со раката на левата страна а јас ги бришев солзите и знаев дека тоа што го имаме тука и сега,не може да го убие никој ни во иднина ни никогаш..мешана врска со максимални жртви,со максимален излив на емоции,со ноќи во кои не зборувавме ништо со саати,а знаевме кој што мисли,не се опишува чувството кога си одиш дома,и не се вртиш да го погледнеш пак,просто не ти треба,се погледнеш у огледало и исто ко него да си го видел,не мораш да го слушнеш,пуштиш само една песна и исто ко да си разговарал со него со денови,не мораш да им кажуваш на пријателките дека е вреден за жртвите,излегуваш еднаш за рака со него и добиваш сосема нов облик и форма,како да станувавме едно..никој никогаш не праша дали го сакам,покрај тешките кавги,љубовта не се доведе во прашање..
Денес сакам друг човек.
сакам,но не љубам.
ги слушам истите песни,и самата се сожалувам,и ова е голема љубов што сега ја имам,но вистинската неповратно ја загубив..
претпоставувам дека ниедна вистинска љубов нема среќен крај..