Голема љубов

Член од
2 април 2007
Мислења
96
Поени од реакции
12
Имав и јас ама баш гоооолема љубов која траеше 10 години. Никогаш не ни беше досадно, никогаш не се каравме, никогаш неможевме а да не се видиме повеќе од еден ден....со насмевка се пречекувавме со пољубци, гушки и зборот “те сакам“ се испраќавме секој ден...поголема и поубава љубов нема....сите што не знаат ни се чудеа како тоа можат двајца да се сакаат и после толку години заедно? Е можат, односно можеа....но се појави трет фактор кој не одврза од чворот љубовен и не раздели засекогаш...сега сме сами и тажни а не смееме да бидеме заедно........јеби га.............живот........
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Еден голема љубов еден зивот, one love one life, jedan zivot jedna ljubav , себично е да зборувам дека за мои 22 години сум ја дозивеал, или би требало да ја дозивеам, со оглед на тоа како сум се променил од мн, чуствителен до мн, ладнокрвно суштество , едноставно треба да ми влезе под коза за да ми ги разбранува сите мои чувства, таа голема љубов носи мн, предности и мн, мани, дозивуваш совршенство и пагаш до самото дно, односно колку ќе дадеш , толку ќе изгубиш, таа голема љубов има мн, форми и секој ја дозивува различно, среќно или несреќно, интересно е што некогаш љуѓето се за неа, и се против неа, феномен кој ретко некој да го долови или објасни, едноставно треба спонтано да ги дозивуваме работите, и чекор по чекор да газиме по таа љубов, токму до нас и нашето рамо мозе да биде, а да не ја гледаме, и се трудиме да ја бараме таму некаде, затоа и велам среќата не ја барајте, туку таа е пред вас само треба да погледнете малце поопширно и духовно, не е све така убаво како што изгледа, и не е физикусот пресуден да е човек среќен, кармата и неговата енергија не прават исполнети,таква е и големата љубов, толку голема и возвишена , а толку мала која не усреќува на моменти
 
Член од
22 јули 2005
Мислења
2.198
Поени од реакции
11
ја имам допзивеано и за срека уште трае.сметам дека е голема љубов бидејки овие 2 години ми се најсрекните од зивотот бар така мислам,срекна сум и исполнета и мислам дека ништо др не ми е потребно освен него.тешко,мноооогу тешко поднесувам кога треба да се доделам од него на 2-3 дена а да не зборам за поише.
2 пати по ред раскинавме пораљди глупави причини и неразјаснети ситуации но сепак пак на крај заедно.пред неколку дена навлеговме во 3 тата година од врската и супер ми е.
 
N

navivacka

Гостин
Мојата голема љубов беше еден Горан и многу го сакав мислев и тој мене како што се правеше се додека денес не дознав дека цело време ме лажел и неможам да се помирам со тоа,чуствата кон него изгаснаа ама сепак не ми е сеедно што ме лажел.
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Имав и јас ама баш гоооолема љубов која траеше 10 години. Никогаш не ни беше досадно, никогаш не се каравме, никогаш неможевме а да не се видиме повеќе од еден ден....со насмевка се пречекувавме со пољубци, гушки и зборот “те сакам“ се испраќавме секој ден...поголема и поубава љубов нема....сите што не знаат ни се чудеа како тоа можат двајца да се сакаат и после толку години заедно? Е можат, односно можеа....но се појави трет фактор кој не одврза од чворот љубовен и не раздели засекогаш...сега сме сами и тажни а не смееме да бидеме заедно........јеби га.............живот........
шрц... дај раскажи нешто повеќе... личи како интересна приказна...

сега што правиш? најде нова љубов?
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Е можат, односно можеа....но се појави трет фактор кој не одврза од чворот љубовен и не раздели засекогаш...сега сме сами и тажни а не смееме да бидеме заедно........јеби га.............живот........
Затоа велам, за љубов се потребни тројца или повеќе, двајца кои се сакаат, и третиот кој се обидува да расипе нешто.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Најпрвин да ве прашам што за вас претставува голема љубов?Дали големата љубов претставува вистинска љубов или сепак тоа е само фаза која води до тоа?
Вака прашањето ми е дали сте искусиле голема љубов?Да бидете премногу заљубени,да не можете без него/неа,да ви фали ако не го чуете нејзиниот/неговиот глас?
Па, има една изрека што дефинира зрела љубов: "Можам да живеам без тебе, но сакам да сум со тебе." Тоа "не можам да живеам без тебе" ми е премногу емо, а и нереално, а се` што треба да се кажува на партнерот треба да биде реално и основано.
Дали сте почувстувале љубов во права смисла на зборот?Значи не зборам за детски симпатии,тинејџерски љубови од типот денес те сакам,утре раскинуваме,туку онака љубов,посветување и слично.
Може и да ја опишете таа љубов?Дали завршила или се уште трае?Веднаш знаевте дека е љубов или ви требаше подолго време да ја препознаете?Ако завршила,зашто завршила? Дали се уште имате чувства кон таа особа?
Љубов во права смисла на зборот... Љубовта е највисоката вредност на скалата на вредности, најубавото чувство на скалата на чувствата и најголемата убавина на скалата на убавите нешта. Но, да не звучам ко од книга...Љубовта е и посветеност, и огромна доверба, и ветување. Зошто кога кажуваме на некој дека го сакаме, треба да си имаме расчистено со себе си дека нема утре или по 2 недели да се предомислиме. Знаете, кога сакаме некој, тоа значи дека таа особа ја познаваме доволно за да знаеме како реагира во дадени ситуации и кои се нејзините мани, покрај очигледните предности. Затоа не верувам во "се вљубив во неа уште од првата средба или ептен го сакам а идеме еден месец". Не, љубовта се осознава долго и полека. Така и врската не се здосадува, психоанализата е бескрајна, а личноста станува толку поврзана за тебе што почнуваш да погодуваш што ќе каже или помисли следно. Се учите еден со друг и уживате во тоа. Се разбирате со поглед и се релаксирате од една прегратка.

Во овој fake свет на лажни вредности, можеби само љубовта останува она чисто делче. Луѓето се` повеќе се емоционално осакатени и емоционално неписмени. Не сфаќаат кој е меракот да чувствуваш со секое отчукување на своето срце и да сонуваш, и да се радуваш...да сакаш. Навистина не е толку битно љубовта да е возвратена, за човекот е есенцијален предизвик да сака некој друг, да се сплоти со друго битие. Кој не сакал, не живеел.

Crazy in love, вистинскиот е таму некаде, во правото време, на правото место. Не дозволувај нешто да те сопре да бидеш таму тогаш. :smir:
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
За мене голема љубов претставува моментот кога делам кревет со партнерката и кога некој ќе прдне а на другиот не му смета тоа...та дури и го сакаа тој момент. Е тоа е вистинска љубов. Сум искусил голема љубов да. Сум бил заљубен до коска.
 
Член од
17 март 2009
Мислења
194
Поени од реакции
22
За мене голема љубов претставува моментот кога делам кревет со партнерката и кога некој ќе прдне а на другиот не му смета тоа...та дури и го сакаа тој момент. Е тоа е вистинска љубов. Сум искусил голема љубов да. Сум бил заљубен до коска.
Toa sto si go pisal ti go procitav 2 pati ne veruvav na moi oci deka si pisal takvo nesto bez razlika kakvo masko si.Moze kasno ti go gledam napisanoto ama moram da ti kazam ako taka mislis nikogas nema da se zaljubis vistinski,i nema da ja pocustvuvas ubavinata na ljubovta.Se nadevam deka so tekot na vremeto ke svatis deka ljubovta ne e megu nozete....Isto taka se nadevam deka ima devojcinja koi istoto go mislat sepak pozz do site;)

Vistinska lubov sepak postoi samo treba otvoreno da razmisluvas i da custvuvas,da gi soboris site prepreki na patot,i edno da svatis da bides so onoj koi mislis deka ke te zasluzuva so site nedostatoci i prednosti.Ako go prifatis togas covekot so koi si moze ke ti bide poslesno i da ja zadrzis osobata koja ja sakas!Ama ako se pojavat onie somnezi razmisli dali treba da prodolzis so taa osoba.Iskrenosta e bitna ama i doverbata.A toj sto laze sama sebe si se laze i koga togas se faka vo sopstvenata stapica!pozz do onie koi vistinski sakaat ;)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.032
Toa sto si go pisal ti go procitav 2 pati ne veruvav na moi oci deka si pisal takvo nesto bez razlika kakvo masko si.Moze kasno ti go gledam napisanoto ama moram da ti kazam ako taka mislis nikogas nema da se zaljubis vistinski,i nema da ja pocustvuvas ubavinata na ljubovta.Se nadevam deka so tekot na vremeto ke svatis deka ljubovta ne e megu nozete....Isto taka se nadevam deka ima devojcinja koi istoto go mislat sepak pozz do site;)

Vistinska lubov sepak postoi samo treba otvoreno da razmisluvas i da custvuvas,da gi soboris site prepreki na patot,i edno da svatis da bides so onoj koi mislis deka ke te zasluzuva so site nedostatoci i prednosti.Ako go prifatis togas covekot so koi si moze ke ti bide poslesno i da ja zadrzis osobata koja ja sakas!Ama ako se pojavat onie somnezi razmisli dali treba da prodolzis so taa osoba.Iskrenosta e bitna ama i doverbata.A toj sto laze sama sebe si se laze i koga togas se faka vo sopstvenata stapica!pozz do onie koi vistinski sakaat ;)
Мислам дека дечкото со персонификација се обидел да објасни дека во една голема љубов двајцата можат да бидат „разоткриени“ со сите свои доблести и маани и тоа во никој случај нема да фрли дамка на чувставата.
Понекогаш „голотијата“ се поистоветува со „изложеност“ и не прљава како што сакаш да ја интерпретираш.

Еднаш слушнав: замислив дека на светот постојат многу искинати хартии за печатење. Треба да си ја најдеш својата половинка и тоа не е воопшто лесно. Комплексноста е во склопот на чувствата, индивидуалниот и интелектуалниот спој и физичката привлечност.
Во поново време со популаризација на хомосексуалноста проблемот дополнително се комплицира пошто половинките стануваат четвртинки...:pos2:
 

ANDZI

Fashion is my opsession
Член од
5 февруари 2007
Мислења
833
Поени од реакции
6
Заљубеноста трае 2месеца,големата љубов 2 години..Вистинската љубов ЗАСЕКОГАШ!:pipi:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Заљубеноста трае 2месеца,големата љубов 2 години..Вистинската љубов ЗАСЕКОГАШ!:pipi:
Па и вистинската љубов е голема љубов. Зошто да трае само 2 години?:D
 

ANDZI

Fashion is my opsession
Член од
5 февруари 2007
Мислења
833
Поени од реакции
6
Па и вистинската љубов е голема љубов. Зошто да трае само 2 години?:D

Ова го имам прочитано во една книга уште одамна и многу ми се допадна:wink:
И според мене баш така е.Големата љубов може да се случи повеќе пати,а вистинската се случува еднаш и трае засекогаш....
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Најпрвин да ве прашам што за вас претставува голема љубов?Дали големата љубов претставува вистинска љубов или сепак тоа е само фаза која води до тоа?[/I][/B]
Па..секоја љубов си е голема на свој начин...А за тоа дали големата љубов е и вистинска во исто време,зависи од карактерите на личностите за кои се работи,и од нивното трпение и способност да ја одржуваат љубовта цело време,да прават компромиси.Во животот секако повеќе пати ќе ни се случи да чувствуваме голема љубов,но најчесто зависи од околностите колку таа ќе опстане,и ќе стане така наречена,вистинска љубов.


Вака прашањето ми е дали сте искусиле голема љубов?Да бидете премногу заљубени,да не можете без него/неа,да ви фали ако не го чуете нејзиниот/неговиот глас?Дали сте почувстувале љубов во права смисла на зборот?Значи не зборам за детски симпатии,тинејџерски љубови од типот денес те сакам,утре раскинуваме,туку онака љубов,посветување и слично.[/I][/B]
Оууу да.Сум почувствувала,и тоа како.Би сакала да ја немав почувствувано,ама најверојатно тоа е најважното искуство што сум го искусила во животот,и искуство од кое најмногу сум научила,и ме сменило и ме претворило во тоа што сум сега.Јас бев спремна целосно да и се посветам на таа личност,ама тој ме изгуби.


Може и да ја опишете таа љубов?Дали завршила или се уште трае?Веднаш знаевте дека е љубов или ви требаше подолго време да ја препознаете?Ако завршила,зашто завршила? Дали се уште имате чувства кон таа особа?[/I][/B]
Ова е форум,сепак не е место каде што можам да се отворам и да кажам се што чувствувам.Ама еве,ќе раскажам по нешто на кратко што ми се случи.Мислам дека тоа што го чувствував за таа личност беше најсилното нешто што било кога сум го чувствувала.Бев слепа,и наивна.А го сакав со цело срце.На почетокот тргна несигурно,како и секоја врска,за потоа да се развијат тие чувства.Беше убаво да се биде покрај него додека траеше.Се направив за него.Отстапив од моите принципи за на него да му удоволам.И,изгледа,сепак не беше се тоа доволно,бидејќи на крај јас останав сама и искористена и фрлена како крпа.Заврши најверојатно затоа што на него му здосади од тоа некој да му биде верен и искрен,и да му пружа љубов во секоја можна прилика.После се,да,имам чувства за таа личност.Ама,сосема спротивни на тоа што беше додека бев со него.Сега не сакам да постои,чувствувам гадење и презир за него.Тој човек е малце да се каже дека ме скрши.Ме уништи.Но,сепак,после се,не останав како повеќето после таква ситуација,неспособна да сака.Успеав да го надминам тоа.И сега сум среќна со нова личност во мојот живот.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
„Дали човек во животот само еднаш сака?“
„Човек во животот само еднаш сака прв пат. Вториот пат веќе не е прв. Но за да се открие која љубов е поголема, треба да се пронајде единица-мерка за љубов и да се измери (објективно) која љубов е поголема по апсолутна вредност. Но, бидејќи по дефиниција љубовта е субјективна, а не објективна, секој човек за себе си одлучува колку сака.“

Со други зборови: љубовта е онолку голема колку што човекот и` дозволува. Ако е возвратена, значи се зголемува и од страната на другиот партнер и има шанси да расте и повеќе со секој ден.

Јас лично сум имал голема љубов која брзо согори и згасна. Бев потоа доста демолиран, ама некако се вратив на нозе. Многу во тоа ми помогна и сегашната љубов, која е можеби не толку брзо согорлива, но во секој случај подолготрајна. И затоа, кумулативно, сметам дека тековната љубов ми е за сега најголема :back:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom