Голема офанзива на турската армија откако Курдите убија 13 војници и прогласија автономија

Статус
Затворена за нови мислења.

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.118
Поени од реакции
9.521
чим може Косово , зошто не и Курдистан ?
Едноставно. Не е во интерес на големите играчи. Нема правда на светот (нити некогаш имало нити ке има) и се се решава со сила. Едноставно.

Него како што кажав, Курдите и сите народи кои немаат пристап на море (или е ограничен како во Газа) се осудени на пропаст или на зависност од други и од добрата воља на големите играчи. Исто важи за државите (освен Швајцарија) што важио и за МАкедонија.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Ништо нема да се деси... исто како Русија кога ја нападна Грузија. Сад и компанија ќе бидат неми посматрачи, а Турците ќе си го решат проблемот со курдите без поголема мака... и сите среќно ќе живеат во слога и југомагнат.
мала исправка Русија воено интервенираше затоа што Сакартвелската држава изврши инвазија врз Јужна Осетија и Абхазија, први жртви беа руски државјани и руски мировници, притоа 58та армија започнаа да ги уништуваат воените цели во цела Грузија :)
па мора да бидат неми набљудувачи САД и компанија. тоа е домашен проблем на Турција, а Турција е независна држава и има право воено да интервенира на своја територија, и да го реши проблемот со Курдите
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
Мислам кои се тие Курди бе........
шо се занашаат па тие?
ја поддржувам Република Турција да им даде инекција за смирување....а може и ампутација...
Курдите може да сонуваат за независност... Голема поддршка за најголемиот пријател на МКД, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА!!!!
Ниту една од моќните држави не сака конкуренција, а Турција има потенцијал за да стане моќен играч во регионот. Тоа нема да го дозволат.
Турција е стратешко место за пристап кон Блискиот исток, и големите не сакаат некој да им наредува што да прават.
Курди во Турција има 15-20 милиони. По падот на Садам Хусеин (кој ги масакрираше) Курдите добијаа голема слобода во Ирак, но и најважното - многу оружје.
13 загинати војници во 1 напад не е заебанција. Турците убиваат 3 Курдски бунтовници, Курдите 13 Турски професионални војници кои зад себе имаат секаква поддршка.
Курдистан ќе биде реалност за неколку години.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Домино Ефект... Абхазија, Босна и Херцеговина, Војводина, Јужна Осетија, и уште многу други .........
 
S

Sagan

Гостин
Денес:
Курдски бунтовници утрината убиле најмалку 24 турски војници и полицајци на југоистокот на Турција. Бунтовниците на забранетата Курдска работничка партија синхронизирано нападнале неколку воени објекти, во кои биле сместени војниците на границата со Ирак. Ова е најсмртоносен напад на курдските бунтовници во последните неколку години.

Во одговор на нападите, турската армија експресно превзема офанзива против курдските бунтовници на територијата на северен Ирак. Притоа, според локалните медиуми, убиени се најмалку 15 борци на ПКК.

Курски бунтовници во планинскиот пограничен регион меѓу Турција и Ирак
Ердоган свика кризен состанок Курски бунтовници во планинскиот пограничен регион меѓу Турција и Ирак

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека војската спроведува „жешка потера“ во регионот во близина на границата со Ирак.

„ Широкоопсежните операции продолжуваат во регионот и тие се во согласност со меѓународното право“, изјави Ердоган, на пресконференцијата по кризната средба со министрите за одбрана и за внатрешни работи како и со шефот на тајната служба и врвни генерали во армијата.

Турски армиски извори соопштија дека турски воени авиони денеска извршиле напади врз цели на ПКК во северен Ирак, како одговор на нападите од минатата ноќ.

Според истите извори, покрај ова, дополнително и турски командоси со хеликоптери биле пренесени во длабочина од седум до осум километри на ирачка територија.

Турските медиуми јавуваат дека на ирачка територија се наоѓаат околу 500 припадници на армијата на Турција.

ПКК, која голем број на држави ја сметаат за терористичка организација, прогласи едностран прекин на огнот во август 2010 година, но минатиот месец се закани дека ќе се откаже од прекинот на огнот поради неуспешните преговори на турските власти со Курдите.

Според податоците на турските воени извори, во судирите на турските власти со Курдите односно од почетокот на бунтот на Работничката партија на Курдистан во 1984-та, загинале повеќе од 45 илјади луѓе.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
Интересен ќе биде одговорот на Ирачките безбедносни сили. Ако одговорат со оган врз Турците заради преминувањето на границата на Турската војска без одобрение, Курдите ќе бидат многу среќни. Во зависност од интензитетот на турската интервенција, Ирак може многу лесно да влези во судир со Турција.

Бтв, ова е срамота за една армија која себеси и некои ја сметаат за една од најсилните во НАТО.
Овој удар врз Турската армија уште еднаш го докажува она што го имам кажано многу пати - не е силата во бројноста.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ниту една од моќните држави не сака конкуренција, а Турција има потенцијал за да стане моќен играч во регионот. Тоа нема да го дозволат.
Турција е стратешко место за пристап кон Блискиот исток, и големите не сакаат некој да им наредува што да прават.
Курди во Турција има 15-20 милиони. По падот на Садам Хусеин (кој ги масакрираше) Курдите добијаа голема слобода во Ирак, но и најважното - многу оружје.
13 загинати војници во 1 напад не е заебанција. Турците убиваат 3 Курдски бунтовници, Курдите 13 Турски професионални војници кои зад себе имаат секаква поддршка.
Курдистан ќе биде реалност за неколку години.
Потребно е само една от Великите сили да признае Курдистан и работата е готова.
Таа сила нема да е САД, остануват неколко.
--- надополнето: Oct 19, 2011 6:55 PM ---
мала исправка Русија воено интервенираше затоа што Сакартвелската држава изврши инвазија врз Јужна Осетија и Абхазија, први жртви беа руски државјани и руски мировници, притоа 58та армија започнаа да ги уништуваат воените цели во цела Грузија :)
па мора да бидат неми набљудувачи САД и компанија. тоа е домашен проблем на Турција, а Турција е независна држава и има право воено да интервенира на своја територија, и да го реши проблемот со Курдите
Тука станува прашане многу над неjната териториja и реално боеве се водат на иракска териториja.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
Потребно е само една от Великите сили да признае Курдистан и работата е готова.
Таа сила нема да е САД, остануват неколко.
Точно. Но моментално Турција е сојузник на САД, а САД во Турција има бази од стратешко значење. Впрочем, без тие бази, нападот врз Ирак ќе беше многу потежок. А тие бази стојат таму и како рамнотежа на Руските бази во Сирија.

Од друга страна пак, на САД никако не им одговара нова сила на Блискиот исток, она што Турција настојува да стани. Приближувањето на Турската држава и закони кон исламот, заладените односи со Израел е нешто што на САД не им одговара и може да го доведе во прашање понатамошното постоење на базите во Турција. (а сега САД имаат и замена за нив)
Така да.... Турција дефинитивно се движи во погрешна насока, а таа насока им одговара на Курдите...
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
По турските командоси, сега во Ирак влегуваат војцници регуларната туска војска.

Претседателот Гул рече се спрема "страшна освета".

Многу аналитичари велат дека ова е вовед во голема воена интервенција, можеби и окупација на делови на Ирак.
 
M

Muranyi

Гостин
Треба малку да се смират Турците,некако имам впечаток дека си го бараат со боринче...Се ми е страв дека ќе си го добијат.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
Овој жесток напад на Курдските бунтовници доаѓа по нападот во вторникот кога загинаа 5 турски полицајци и тројца цивили.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom