Годината кога македонскиот јазик умре

Еве уште еден пример, што ме изнервира пред некој ден...
“Се спрема фајт, ќе има фајт“...
ФАЈТ?????
Што е со употребата на зборов?
Па интересно е,подобро ке има фајт него ке има тепачка...тепачка тапа звучи :)
 
Или :
- по големо,
- по мало,
- по добро,
, наместо :
- поголемо,
- помало,
- подобро.

Многу луѓе последно време ги пишат разделено, а ако добро памтам споено се пишат.
Гледам дека знаете доста граматика :) дали е возможно некој да ми пише кои се непреодни глаголии ???? со многууу примерииии ????
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 13:44 ---
Луѓе ! Јас сум безнадежна. Утре имам испрашување, ве молам некој ако знае да ми напише кои се непреодни глаголиииии ! И тоа со многу многу примериииии :unsure:
 
А што, немаш книга?
 
А што, немаш книга?
Многу нормално дека имам книга :unsure:Проблемот е во тоа што има само примери оди јаде седи и паѓа . Едноставно неможам да сфатам како јаде е непреоден кога се појавува и прашањето што јаде ? и има дилема дали вика е преоден или не
 
Гледам дека знаете доста граматика :) дали е возможно некој да ми пише кои се непреодни глаголии ???? со многууу примерииии ????
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 13:44 ---
Луѓе ! Јас сум безнадежна. Утре имам испрашување, ве молам некој ако знае да ми напише кои се непреодни глаголиииии ! И тоа со многу многу примериииии :unsure:

Убаво што си прашуваш, само нема потреба да се лигавииииииииииш. Не е ова гламстик.
И вклучи ја малце логиката. Ќе ти треба во животот.
И примерите во книгата ти се доволни за да ја сфатиш смислата.

Баш е лејм :)
П.С. Постарите знаат еден период беше модерно да се зборува полусрпски во Бивша Југославија ама и таа мода помина. Сега е на ред англиски ама оваа мода нема да помине лесно и брзо.

Yeah, you're right ;) :) :)
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 15:09 ---
Најпрво нашиот јазик не го знаеме доволно. Згора на тоа крадеме граматички правила од англискиот со што докажуваме дека повеќе внимание и важност им даваме на туѓите јазици. А англицизмите се само шлаг на целиот неред во нашата писменост. Треба многу работа, многу. Арно ама, тука медиумите наместо да помогнат, бескрајно одмагаат. Да се згрозиш! Во секоја емисија и на секој сајт (веќе кога стануваме модерни) треба да има по еден лектор! Дури тогаш ќе си помогнеме сами, колку-толку.
П.С Емисиите и сајтовите ги спомнав како најголеми медиуми бидејќи освен ТВ и Интернет тешко дека некој ќе фати книга во рака за да се сретне со официјалниот јазик.

Страница, другар, страница ;)
 
Македонскиот јазик се разболе во 1944, кога беше изгласана караџицата за официјална азбука, падна во кома 1950 кога Конески напиша правопис, а умре две години подоцна, кога издаде граматика на осакатениот јазик. Со помош на комунистите од Белград, успеа македонскиот јазик да го сведе на неколку дијалекти од крајниот југозапад.

Навистина? А дотогаш беше здрав како дрен? Без стандардизиран правопис? Без граматика? Без легитимитет и официјален статус?

Гледам нешто спомињаш комунизам, Белград, итн. Каква врска има комунизмот со одредувањето на стандардот, граматичкиот опис и азбуката? Те молам елаборирај.

Ајде да зборуваме за глотополитика -- строго од лингвистичка гледна точка. Сега и тука, информирано, со факти, без бабини прикаски. Штом толку лефтерно ја установи дијагнозата за болеста на македонскиот јазик, претпоставувам дека со еднаква леснотија ќе ни го соопштиш и лекот. Кое чаре требало да се бара 1945? Каква граматика ти, како поасален лингвист од Конески, предлагаш? Колку дијалекти се потребни за квалитетен стандард? Кои дијалекти требало според тебе да се земат како база за стандардот и зошто? Која азбука требало да се усвои и зошто? Дали ти имаш претстава кое е значењето на на јазичен стандард, граматички опис, правопис и воопшто, дали ти е јасно што е потребно за целосен јазичен легитимитет?

Конески го осакатил јазикот? Дури и да сакаш да го осакатиш македонскиот (или било кој друг јазик) не можеш. Едноставно таков потфат е невозможен. Можеш само да збогатиш некој јазик, а не да осиромашиш или осакатиш. Кога ти би му бил на Блажета Конески до колена (не по височина, ами по познавање на сопствениот јазик и лингвистиката, воопшто) би бил вреден соговорник на темава.
 
Ама и одредени македонски портали, прават многу грешки. 10 БЈУТИ грешки што ги прават жените. Е ај, мислам навистина не може никако поинаку да се формулира, нели? :facepalm:
 
Ама и одредени македонски портали, прават многу грешки. 10 БЈУТИ грешки што ги прават жените. Е ај, мислам навистина не може никако поинаку да се формулира, нели? :facepalm:

Полошо од тоа е јас на тв начекав случајно дури вртев по канали, една емисија не се сеќавам баш која програма беше ама некоја Алфа или канал 5, имаше некој си професионален шминкер и водителкава вика: “значи за момент, ќе го финишираме овој професионален мејкап“...

И си викам, добро бе да глеа некоја што незнае англиски ќе се чуди што му е на луѓево, па што кога имаме збор: “За момент ќе го завршиме ова професионално шминкање“ што филм да спикаме енглиски вордови, кога имаме ние маседониан вордс фор алл работи.
 
Ама и одредени македонски портали, прават многу грешки. 10 БЈУТИ грешки што ги прават жените. Е ај, мислам навистина не може никако поинаку да се формулира, нели? :facepalm:
Ме потсети дека пред некое време во трафика видов на насловна на некое женско списание (не знам кое, сите ми се исти): Бјути Сикретс што секоја жена треба да ги знае. :facepalm: Кога веќе одат со кирилична транскрипција можеле да одат до крај: Бјути сикретс дет еври воман шуд ноу.
 
Гледам се повеќе по форумиве се пишува на македонско-англиски.Нешто што ме иритира ептен многу.Па уште кога ќе видам македонски јазик со американски црнечки сленгови.:facepalm:
 
Што се праите бе умници? Па мислим сасвим нормално е да си лафаме како што си обичаме нали? МислИм хелоу?
 
Мора интернационално :) Додуша требаше и некој турцизам да ставам ама заборавив.. пу јаз'к...

Ооо ти. Немој да ни го сакатиш `езикот. Доста џелати имаФме. Нејќам `език покварен. Си сакам леп маќедонски. Не ваља со интернационализми, туцизми, блаблаизми.
Ич бе, ич не знам да зборувам немаќедонски. Срам да им е на моиве по дома, што не ме научиле.
 
Мојата листа на најиритирачки зборови:

фејкер
хејтер
трипер
фенси
интрудер
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom