Гласав за опцијата Ќе го бојкотирам, не стапнувам повеќе во Охрид на одмор.
Имено, пред неполни две недели бев таму (иако, не во функција на летен одмор, но сеедно) и ја зацврстив одлуката дека во Охрид на одмор, од принцип, НЕМА да отидам повторно.
Факт е дека третманот кој го добиваш како турист, не само што е несоодветен, туку е дури и понижувачки. Да, има исклучоци, но генералната состојба е таа, односно вообичаено се добива крајно несоодветен однос.
А, јас не сум мазохист по природа, па одбивам да бидам понижувана и нефер третирана кога плаќам за услугите.
За сосема истите пари, на места како Хрватска, Турција итд. (Грција, нормално, отопаѓа како дестинација, без исклучок) добивам пристоен третман како турист и не сум сведок на апла черупање, само затоа што сум од Скопје. Дополнително, и во нашата Македонија има места на кои ќе добијам човечки, културен фидбек (а, тоа и го планирам летово...Обиколка на Македонија и престој во мотелчиња и сл. места, каде сум убедена дека нема да бидам третирана како во Охрид).
За крај, точно е дека колку пари, толку музика. Не можам да очекувам за кревет кој го плаќам некои 450 денари, кралски третман. Но, проблемот во Охрид е што и кога плаќаш услуга во хотел,и ја плаќаш по европски цени, добиваш однос и услуги како да си платил 200 денари за кревет у колиба.