Главна фаза од ЕП

Кои 4 селекции ќе одат во полуфинале?


  • Вкупно гласачи
    47
  • Гласањето е завршено на .

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Каква разлика прави овој Дувњак. Машина е човекот, одбрамбено најдоминантен играч во моментов, а и кога најмногу требаше и на сите им се тресеа рацете он потегна седмерците.
Победа со 5 одбрани на голман.......мислам дека само Хрватска може такво нешто. Мислам дека после ова на Германциве нема да им се игра месец дена ракомет.
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.356
Поени од реакции
3.130
Еби Кара глупи германци!
Секоја година ги моча со клуб, сега и со репка. Влез ќе му забранат.
Буши ги
Така....и вели: " На полувреме и реков на играчите дека можеме да свртиме бидејќи со Вардар"...итн...итн...
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.741
Поени од реакции
2.665
Чевларов од секогаш бил експерт за одбрана.
Со Металург имаше утакмици каде што ја умртвуваше цела игра, некој бош резултат 19-18 ќе извадеше.
Фацу му ебам, нема врска ради Кара нека газат до крај.
So makedonskata reprezentacija na SP vo 2017 uspea na islanganite da gi drzi 11 minuti bez postignat gol.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
Јака утакмица!! Германциве се бореа исто, ама одбранава на Хрватска топ! Без голман примија 24 гола и на крај победија. Браво за Хрватска, така се бори за репрезентација (нашиве, младиве, барем да ја гледаат утакмицава да видат што е борба). Секоја чест и за Червар!
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Јака утакмица!! Германциве се бореа исто, ама одбранава на Хрватска топ! Без голман примија 24 гола и на крај победија. Браво за Хрватска, така се бори за репрезентација (нашиве, младиве, барем да ја гледаат утакмицава да видат што е борба). Секоја чест и за Червар!
Не мислам дека е до толку до борбеноста, туку до самодовербата и општо квалитетот.
Башка иако Карачиќ доби МоМ награда, за мене најзаслужен е Дувњак. Македонија нема играч кој што толку може да направи разлика на двете страни. Кире може да потегне во напад, но не може да ја дигне екипата преку одбраната. На Хрватска нападот цела утакмица им беше лош, но Дувњак ја стегна одбраната и со неколку контри се вратија од -5 на -1/2. Од тогаш натаму притисокот беше кај Германците.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Kako mu ja zede od raka mislam na Druks bese i odma kontra strasen igrac

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Инаку Хрватска без Херцеговина во ракометов ништо не прави. Извиѓач им ги направи и Шего, Карачиќ, Хрстиќ, Мандиќ, Муса, Шарац. Па дури и Дувњак по презимето се кажува од каде му се претците (Дувно - денес Томиславград,Херцеговина). :icon_mrgr:
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.207
Поени од реакции
4.944
Најдобрата утакмица до сега.
Топ утакмица изигра и Германија, Хрватска прво водство во 59 минута и победија на крај:D Константно водеше Германија цело време, таму околу 40та минута имаа дури и +5, фатија залет Хрватите последните 12/3 минути, кога од -4 дојдоја на нерешено.
Каков меч ! :bravobe::aplauz:
Се отепаја и од ќотек, иако германците на крај имаа мислам и двојно повеќе исклучувања. Пекелер, Винчек и Шмид како да беја на ринг :pos:
До половина од првото полувреме цело време Германија беше со играч помалку и цело време беја во водство баш тие :ROFLMAO: немаше решение тука Чиката, таму после околу 20-25 минута дури и со 2 играчи помалку Германија даде гол, голот на Фабиан Бом ударот сув лист, тука полуде Лино, не сме значи и ние единствени шо примаме голој со 2 играчи плус :pos::pos::pos:

Волф искина, страшен голман :cuc: 2 пенали и 100 зицери....
Од другата страна победи одбраната, арно имаше пишано некој пред некој ден на 5-1 одбрана нема подобар одбранбен играч од Домагој Дувњак, бог и батина во репрезентацијата му е !
Карачиќ искина и тој, ги избуши, заслужено играч на натпреварот ! Играчиште.....
Шего :pos: Нигде го немаше цел меч, ја фати најбитната, последната на крај :LOL:
Хрватска во борба за медал !
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Една работа која што никако не можам да ја сфатам е како им е на овие „големиве“ нации кога губат од многу помали од нив. Бидејќи си навивам за Хрватска и Македонија не би можел да се ставам во кожа на некој Германец.

Не има 80+ милиони, еден од најголемите народи во историјата на светот, економска велесила и се тресеме тука 60 минути грицкаме нокти да не не плеснат некои џуџиња кои имаат жители колку 1 наш град. Чудно ми е тоа. Или на пример Украинците, ги има 10 пати повеќе од Хрватите, а во секој спорт редовно ги плескаат.

Единствено претпоставувам можеме да ги разбереме против Исланд или Црна Гора кога играме, но и тука разликата е многу помала од колку помеѓу нас и Германците или другите поголеми европски држави.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Една работа која што никако не можам да ја сфатам е како им е на овие „големиве“ нации кога губат од многу помали од нив. Бидејќи си навивам за Хрватска и Македонија не би можел да се ставам во кожа на некој Германец.

Не има 80+ милиони, еден од најголемите народи во историјата на светот, економска велесила и се тресеме тука 60 минути грицкаме нокти да не не плеснат некои џуџиња кои имаат жители колку 1 наш град. Чудно ми е тоа. Или на пример Украинците, ги има 10 пати повеќе од Хрватите, а во секој спорт редовно ги плескаат.

Единствено претпоставувам можеме да ги разбереме против Исланд или Црна Гора кога играме, но и тука разликата е многу помала од колку помеѓу нас и Германците или другите поголеми европски држави.
Според мене бројноста на еден народ не е којзнае колкава предност во ракометот, историјата го покажа.
Неспорно е дека при поголем број на играчи во лигите шансата да се селектира силна репка се далеку поголеми.
Како за пример, не знам официјална бројка, но бројот на регистрирани ракометари во Ракометна Федерација на Германија е огромен, во илјадници.
Како еден од најдобрите национални спортови, организирани се во 7,8 лиги по квалитет.
Една сојузна лига по квалитет е подобра од грото лиги на балканот, ако се исклучат тие најсилни тимови.
Генетиката, предиспозициите, талентот е она што го прави Балканот доминантен посебно против Германија и земјите од екс СССР.
Балканот отсекогаш бил расадник на големи таленти, во сите спортови, пред се во кошарка и ракомет, и тоа при вакви услови кога 95 % од тимовите на Балканот имаат буџети како еден германски седмолигаш.
Сите тие успеси на времето во ЛШ и останатите купови, медалите на екс СФРЈ се резултат на врвните таленти кои доминирале во однос на конкуренцијата.
Кога од цел тој избор стигнаа десни бекови да им се Хафнер и Шмит, или на лев бек да се крстат во еден Џулиус Кун, на среден бек еден Пол Друкс да нема конкуренција, :facepalm: јасно е дека за добар избор на играчи потребно е пред се квалитет, а не квантитет,.
Русија, па и цел источен блок, од еден од најголемите извозници на ракометари стигнаа до ситуација да не можат групи да поминат, или воопшто и не обезбедуваат пласман на првенствата, истото важи и на клубски план.
Исто и со Данците, години поминаа, еден десен бек не извадија како треба, и со Шведска иста приказна.
Норвешка години чекаше за една добра генерација, конечно ја дочекаа, не е ни чудо што ги прикажуваат овие резултати.
Индивидуалците што ги има Хрватска се клуч на добрите резултати, сето тоа надополнето со дисциплина и мотивација оваа година, под водство на Червар.
Словенија, еден тим на страшни индивидуалци, кои играат во врвни екипи, не се случајни успесите.
Добрата работа во школите, селекцијата на тие големи таленти и нивното форсирање си ги дава резултатите, не само во сениорските репки и во младинските првенства бележат одлични резултати Хрватска и Словенија.

Србија и Македонија се друга приказна.
Србите имаат голема база на играчи, веќе афирмирани играчи кои тежат во ракометниот свет, но никаква организираност и владее хаос и одбивање за настап во репката на тие големи играчи.
Ние обратно, се екипиравме на кадровски план, но целосно потфрливме при производството на таленти, нивното развивање, изборот на селектори, тренери, начинот на водење на школите.
Да беше обратна ситуација, ние да го имавме тој потенцијал и играчи на лагер кој го имаа/т Србите ќе беше друга приказна и со добар селектор ќе имавме шанса за добри резултати, вака стагнираме.
Кога за еден период од +5 години сеуште се базираме на "талентот и потенцијалот" на Талески и Кузмановски ( кој никако да се прикаже ), или чекаме да проработат Пешевски, Никола Маркоски итн, јасно е дека не сме направиле ништо изминатите години, а другите забрзано одат напред.
Една Австрија, која редовно си ја толчевме, стигна да ни дели лекции по ракомет, а и по пристапот кон играта, изборот на играчи уште повеќе ќе напредуваат.
А избираат ракометари од екипи како Алпла Хард, Линц, Грац, кои сигурно не се на повисоко ниво од Металург, еве Еурофарм итн.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
401
Поени од реакции
333
Исланд добар денес, има шанси за 6-7 место
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
но целосно потфрливме при производството на таленти, нивното развивање
Зборуајќи за младиве, во кого гледате потенцијални репрезентативци за 2-3 год ?
Јас типувам на двата леви бека од Металург Младеновиќ и Стефан Додич (вториов има само 17 год а бушит секоја утакмица по 5-6 гола) и двата имаат МК државјанство.

Мартин Карапалевски, мислам дека батево ќе газит за годинна две, исто и Кизиќ.

Покрај Костески, Серафимов и горе набројаниве не гледам други дечки кој би се развиле во материјал за репрезентација, и да некој дечки од Кл7, Симоновски пикерот е добар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom