Ама со која репрезентација им врати?
И Хрватска е велесила, играчите им се од топ лиги, често се и главни играчи на ЛШ турнирите. Во бековската линија ги имаат веројатно двајца од топ 5 најпродорните бекови - Циндриќ и Карачиќ. Го имаат Лука Степанчиќ на десен бек, што е вистинска реткост да една селекција има ваков леворак играч. Го има Дувњак кој е бог и батина и во напад и во одбрана. Сите останати бекови се на пример класи подобри од нашите вечни таленти. Бековската линија е во најголем дел од случаите еден од најважните фактори за да се дојде до победа, а Хрватска е во топ 3, ако не и со најдобра бековска линија.
Да, играат сјајна одбрана, ама квалитетот на играчите му го дозволува тоа. Што не се спротистави со Македонската селекција на некоја посилна екипа? Никаков успех немаше.
Мајстор е за поставување на добра одбрана, за умртвување на играта, ама тоа му го дозволува и квалитетниот состав. Не би знаеле на пример што може да извлече од нив некој од помодерниве тренери.
Во тие враќања, голема улога имаа индивидуалци (Кара со Шпанија, Дувњак и Степанчиќ со Германија), не е дека тренерот имаше осмислено некој специфичен напад. Кара сам се пробиваше, Степанчиќ кинеше од далеку.