Една работа која што никако не можам да ја сфатам е како им е на овие „големиве“ нации кога губат од многу помали од нив. Бидејќи си навивам за Хрватска и Македонија не би можел да се ставам во кожа на некој Германец.
Не има 80+ милиони, еден од најголемите народи во историјата на светот, економска велесила и се тресеме тука 60 минути грицкаме нокти да не не плеснат некои џуџиња кои имаат жители колку 1 наш град. Чудно ми е тоа. Или на пример Украинците, ги има 10 пати повеќе од Хрватите, а во секој спорт редовно ги плескаат.
Единствено претпоставувам можеме да ги разбереме против Исланд или Црна Гора кога играме, но и тука разликата е многу помала од колку помеѓу нас и Германците или другите поголеми европски држави.
Според мене бројноста на еден народ не е којзнае колкава предност во ракометот, историјата го покажа.
Неспорно е дека при поголем број на играчи во лигите шансата да се селектира силна репка се далеку поголеми.
Како за пример, не знам официјална бројка, но бројот на регистрирани ракометари во Ракометна Федерација на Германија е огромен, во илјадници.
Како еден од најдобрите национални спортови, организирани се во 7,8 лиги по квалитет.
Една сојузна лига по квалитет е подобра од грото лиги на балканот, ако се исклучат тие најсилни тимови.
Генетиката, предиспозициите, талентот е она што го прави Балканот доминантен посебно против Германија и земјите од екс СССР.
Балканот отсекогаш бил расадник на големи таленти, во сите спортови, пред се во кошарка и ракомет, и тоа при вакви услови кога 95 % од тимовите на Балканот имаат буџети како еден германски седмолигаш.
Сите тие успеси на времето во ЛШ и останатите купови, медалите на екс СФРЈ се резултат на врвните таленти кои доминирале во однос на конкуренцијата.
Кога од цел тој избор стигнаа десни бекови да им се Хафнер и Шмит, или на лев бек да се крстат во еден Џулиус Кун, на среден бек еден Пол Друкс да нема конкуренција,
јасно е дека за добар избор на играчи потребно е пред се квалитет, а не квантитет,.
Русија, па и цел источен блок, од еден од најголемите извозници на ракометари стигнаа до ситуација да не можат групи да поминат, или воопшто и не обезбедуваат пласман на првенствата, истото важи и на клубски план.
Исто и со Данците, години поминаа, еден десен бек не извадија како треба, и со Шведска иста приказна.
Норвешка години чекаше за една добра генерација, конечно ја дочекаа, не е ни чудо што ги прикажуваат овие резултати.
Индивидуалците што ги има Хрватска се клуч на добрите резултати, сето тоа надополнето со дисциплина и мотивација оваа година, под водство на Червар.
Словенија, еден тим на страшни индивидуалци, кои играат во врвни екипи, не се случајни успесите.
Добрата работа во школите, селекцијата на тие големи таленти и нивното форсирање си ги дава резултатите, не само во сениорските репки и во младинските првенства бележат одлични резултати Хрватска и Словенија.
Србија и Македонија се друга приказна.
Србите имаат голема база на играчи, веќе афирмирани играчи кои тежат во ракометниот свет, но никаква организираност и владее хаос и одбивање за настап во репката на тие големи играчи.
Ние обратно, се екипиравме на кадровски план, но целосно потфрливме при производството на таленти, нивното развивање, изборот на селектори, тренери, начинот на водење на школите.
Да беше обратна ситуација, ние да го имавме тој потенцијал и играчи на лагер кој го имаа/т Србите ќе беше друга приказна и со добар селектор ќе имавме шанса за добри резултати, вака стагнираме.
Кога за еден период од +5 години сеуште се базираме на "талентот и потенцијалот" на Талески и Кузмановски ( кој никако да се прикаже ), или чекаме да проработат Пешевски, Никола Маркоски итн, јасно е дека не сме направиле ништо изминатите години, а другите забрзано одат напред.
Една Австрија, која редовно си ја толчевме, стигна да ни дели лекции по ракомет, а и по пристапот кон играта, изборот на играчи уште повеќе ќе напредуваат.
А избираат ракометари од екипи како Алпла Хард, Линц, Грац, кои сигурно не се на повисоко ниво од Металург, еве Еурофарм итн.