Сакам Аргентина да ги демолира Германија,затоа што Германија педерски влезе во четврт финале.Судијата го поништи голот на Френк Лампард при резултат 2-1,да го признаеше голот којзнае што ќе се случеше.Така да,се надевам Тевез ќе ги олади малце...
Кој влегол педерски бе, и што и да го признаеја голот демек ќе тепаа Англичаните? Џабе им е, премногу се бавни, тоа дефанзивците на Англија, особено Апсон, едвај покриваа, одбраната им е катастрофа. Да не зборам што немаа никаква игра, Дефо и Руни беа одсечени за време на цела утакмица, премногу нереализирани акции, делуваа конфузно без никаква идеја, едноставно и ова им беше многу што се пласираа. Ја не знам само Крауч зошто им седи на клупа, барем со странични нафрлувања можеби и ќе направеа нешто, и така од акцииве не им успеа ништо. За разлика од нив Германците ко да играа фудбал според книга, школски одработени акции, со еден збор везеа. И тоа што судијата не им го призна голот, дури и беше лоша услуга за Германија, поради тоа паднаа психолошки на почеток на второто полувреме, веројатно очекуваа компензација за Англичаните од страна на судијата, па и ко да се повлекоа. И покрај тоа што ја имаа психолошката предност Англичаните не направија ништо, едноставно Германците се за класа подобри. Германците според мене имаат најтечна игра на првенствово и најдобро одработени акции, а веднаш до нив ми се Шпанците. Единствена препрека која ја гледам за Германија во дуелот со Аргентина е тоа што Аргентина има особено брзи индивидуалци како Меси, Тевез па дури и Игуаин, со кои не знам како би излегла на крај одбраната на Германија. Инаку генерално земено Германците го одиграа најубавиот фудбал до сега на првенството.