Германија - Аргентина 1/4 финална мега пресметка

  • Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување

Кој ќе направи прогрес до 1/2 финалето ?


  • Вкупно гласачи
    126
Н

'Никола'

Гостин
Два великани во фудбалот. Две репрезентации кои заслужуваат ништо помалку од финале. Но, сепак мораат силите да си ги одмерат во 1/4 финалето, и само една да продолжи да ја претставува својата земја меѓу четирите најдобри.
Германија го почна овој Мундијал убиствено. Уште во првиот натпревар ја демолираа репрезентацијата на Австралија, и им дадоа до знаење на другите дека не смеат да ги отпишат во никој случај.
Во вториот натпревар иако со играч помалку храбро се бореа на терен, имаа многу шанси, но Србија ги однесе трите бода. Потоа со Гана, повторно ја покажаа надмоќноста, иако со победа од само 1:0, со играта покажаа дека се вратиле психички и дека не се откажуваат од титулата.
Во 1/8 финалната пресметка со Англија прикажаа повторно една надмоќност на теренот и убедлива игра и ги совладаа Англичаните со 4:1.
Аргентина групата ја помина релативно лесно. Ги собра сите можни 9 бодови и покажа дека нема туку така да се откаже лесно, иако на квалификациите беа на работ да не се квалификуваат, и не прикажуваа никаква посебна свежина во играта. Марадона докажа дека го консолидирал тимот, дека ги мотивирал, и дека не сакаат ништо помалку од титула.
Во првиот натпревар во групата ја победија Нигерија со 1:0, и со не толку убедлива игра, но доволна за трите бода. Веќе во вториот им покажаа на Јужна Кореја кој е кој и со резултат 4:1 ги демолираа. Тогаш Игуаин постигна хет-трик, што е реткост во завршниците на Светските првенства. И во третиот, со убедлива игра го совладаа нашиот јужен сосед и сосема заслужено со 9 бода завршија на првото место во групата.
Во 1/8 финалниот натпревар со Мексико, не беа толку убедливи во играта, иако победија со 3:1. Многу лесно можеа да се најдат во негатива со резултатот, ако фудбалерите на Мексико беа подобри во завршните удари, но и тоа е дел од фудбалот.

На минатиот Мундијал во истото ова 1/4 финале се најдоа овие две репрезентации една против друга. Тогаш Германците продолжија понатаму, совладувајќи ја Аргентина на пенали.

Годинава, заслужено или не, не е наше да кажеме, овие две повторно ќе си ги одмеруваат силите. Можеме само да кажеме да победи подобриот, и да се надеваме дека судиите нема да влијаат негативно на овој натпревар.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Знаев дека ќе сакаш да ја отвориш :smir:

Според мене овде ќе го најдеме идниот светски шампион. Секако се надевам на Германија.

Реално индивидуалниот квалитет е каде-каде на страната на Аргентина (всушност тој никогаш не бил силната страна на Германија) но мислам дека премногу се потпираат токму на такви индивидуални моменти. Секоја чест за брилијантноста на некои од нивните играчи (или „повеќето“) но мислам дека една организирана и тактички правилно поставена Германија може да го стави под контрола офанзивниот потенцијал на Аргентина. Многу ќе зависи од Лев.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Интересен вовед има темава:bravo:
Доста интересно е тоа што истото кај Аргентина се случува како во 2006та. Најпрвин ни доаѓа Мехико во 1/8, а сеа во 1/4 Германија.
Германиците многу добра игра прикажаа, што стварно добив страв од поразот да не се повтори пак.:kesa: Сепак 4 години поминаа од тогаш, а и последниот пат коа играа меѓусебно, се играше пријателска во Германија на Алијас Арена со што беше поразена Германија со 1-0, Хиго!!! Исто така беше многу интересен натпревар беше рамномерен до 20 мин пред крај, коа почна да напаѓа Германија безбројно, ама Аргентина успеа некако да се одбрани и да си ја однесе победата дома. Сепак тоа е само еден пријателски натпревар.
Се надевам ќе има ферплеј и подобриот ќе иде заслужено понатаму, а за поразениот ќе биде тешко ама нетреба да биде тажен, утакмицава е нешто слично како финале. Се надевам од двете страни на фановите ќе ни биде едно големо финале, со што ќе си ги одмериме силите. Имаме Светска класа од играчи во репрезентациите, а и доста добри индивидуалци.:pipi:
Епа со среќа!!!:smir:

П.С. Многу убав вовед имав за темава, ама незнам зошто не ја отворив:toe:
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
убав вовед :)
многу подобро ке беше овие да си ги одмеруваа силите во самото финале али тоа е. и двете имаат инзвонреден состав и покажаа прекрасна игра досега. како и да е, и давам блага предност на Аргентина. кој ке победи мислам дека сигурно стига и до финале.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Кој сака нека победи.. Гласав за Аргентина, чисто ради тоа што ќе сум против Германија (не дека Англија испадна денес од нив, туку пишав и пред на почне првенството дека одсекогаш сум против Италија, Бразил и Германија :))
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Се надевам дека Германија ке испадне со примање на нерегуларни голови од Аргентина.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Argentina vs Germany Head to Head

Одиграни 18 меѓусебни мечеви...
8 пати славеле Аргентинците, 5 пати славеле Германците, а 5 пати завршиле со Реми.
Постигнати голови вкупно 48 меѓу двете репрезентации...25 има Аргентина дадено, а Германија има 23 гола.

World Cup's

Прв пат се сретнале во далечната 1958 година, имаат одиграно 5 меча на Светската сцена. Една победа за Аргентина, две Германија и два пати ремизирале. На натпреварите Германија се покажала поуспешна во голразликата 7 дадени, Аргентина 5 дадени, исто како и во меѓусебниот дуел.

08.06.1958 - Group stage - Argentina vs Germany (1:2) 1:3
16.07.1966 - Group stage - Germany vs Argentina (0:0) 0:0
29.06.1986 - Finale - Argentina vs Germany (1:0) 3:2
08.07.1990 - Finale - Germany vs Argentina (0:0) 1:0
30.06.2006 - 1/4 finale - Germany vs Argentina (0:0, 1:1) 1:1 a.e.t., 4:2 PSO

:smir:

--- надополнето ---

Два пати групи, два пати финале, сеа два пати 1/4 финале...кое е следното???:pos2:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.215
Поени од реакции
4.088
Ако Португалија ја победи Шпанија тогаш на овој дуел ке бидам за Аргентина бидејки во 1/2 финале можат да падат Португалија - Аргентина (Роналдо - Меси) али претходно треба Португалија да ја тепа Јапонија/Парагвај !!Е тогаш ке видиме дали Меси или Роналдо ке оди понатаму,т.е ке му покаже Роналдо кој е кој:toe:
 
P

PoisonLady

Гостин
Леле вовеееееееееед... :nesvest:
Германија се надевам ќе иде у 1/2 финале,но ако не се случи тоа нема да плачам ептен зашто у Аргентина си имам миленик.Нормално нема да биде исто но барем ќе си се тешам некако (при евентуален неуспех на швабиве)
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Иде Германија... незнаеме сеуште каква е Аргентина наспротив екипа од калибарот на Германците.
Лев ќе ја сконцентрира одбраната на Меси,Тевез,Игуаин, исто како и денес... на контра ќе ги зашамараат.

--- надополнето ---

морам да споменам дека ипак ќе сум за Аргентина, за да не се израмнат у титули швабиве :tv:
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Леле вовеееееееееед... :nesvest:
Германија се надевам ќе иде у 1/2 финале,но ако не се случи тоа нема да плачам ептен зашто у Аргентина си имам миленик.Нормално нема да биде исто но барем ќе си се тешам некако (при евентуален неуспех на швабиве)
:tv:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom