Ова е целата приказна за жал, и еден напад со единица внатре во Арачиново кој беше одбиен, па се ставија назад планови со гранатирање кои не решаваа веднаш ништо.
Тебе како ти изгледа план да гранатираш село месец-ипол со 70 терористи внатре + цивили?
Ова како што гледаш дури сега го дознаваат добар дел од куртониве.
АРМ за 6 саата го среди Ваксинце. Чисто операција на АРМ без мешање на полиција., односно полиција во позадина. Позадинската улога на полицијата е смешна и кукавичка.
Нападот почна во 5 наутро, до 11 часот беше готово. Извадени сите цивили.
4 тенка пред Ваксинце гледајќи од кумановска страна, 2 од позади. Влегоа во селото волците со неколку транспортери БТР и за 6 саата готово без загуби и жртви од наша страна, за спротивната не знаеме. Не требаше воопшто тука да се застане, туку гази се по ред.
Се повлековме од позиции потоа во Куманово во касарна, контролата на селото требаше да ја превземе полицијата. За тие 2 недели повторно пукање од Ваксинце од нивна страна, никаква полициска контрола. Општо земено немаше никаква координација помеѓу полиција и АРМ. Незнам и што воопшто полицијата бараше во конфликтот. Воена тактика и водење на војна не е полициска работа. добри се само за пишување казни за погрешно паркирање.
При напад на Ваксинце пукав и пукаа по мене, кога се вратив на почетна позиција, дошле "плавите ангели" и ми ја дигнале муницијата од 7,9 мм. малку ми фалеше нив да ги испукам. Пички дошле, се скриле на безбедно и ровареле по опремата и муницијата. Ете која и каква беше позадинската заштита од полицијата.
Потоа требаше да одиме на Слупчане. Се откажа нападот. Значи веднаш после првата успешна акција на АРМ се замеша политиката. АРМ за кратко можеше да го реши конфликтот. Епилогот сега е познат.