Ова е точно за Слупчане, штабот на учк, секој пат кога беа пред влез беа враќани, не и за Арачиново. Координација немаше, константно истекуваа доверливи оперативни информации, полицијата не и веруваше на АРМ и обратно. Па секој си работеше индивидуално без да го извести другиот
Имаше план за напад на Арачиново. Панде Петровски сметаше дека гранатирање од далеку ќе го реши проблемот, Арачиново е стратешки небитно и оперативно опколено. Војнички гледано планот беше топ.
На совет за безбедност, во проширен состав на широка коалиција, присутни беа и Џорџ Робертсон и Хавиер Солана, беше одлучено дека ќе му дадат шанса на Панде во рок од 24 часа. Тоа беше тежок абсурд од проста причина што планот на Панде беше за месец и половина да ги истиснат без жртви а не еден ден. Згора на тоа на АРМ и требаа 36 часа само да се постави на два прстени на внатрешно и надворешно обезбедување.
На крај, рокот истече, АРМ беше тргнат во позадина само за огнена поддршка, а влезе да чисти полицијата со Лавови и Тигри.
Нападот беше некоординиран меѓу двете единици и плус АРМ беше држен во мрак за позициите на полицијата. Тоа допринесе за многу пријателски оган, минимум четворица потврдени.
Оливер Китановски (Тигар) почина од 100мм тенковска граната на Т-55 (АРМ)
Наративот е дека прашање на време е кога Арачиново ќе падне, што е вистина. Но учк се бореа за битката да трае подолго, не се бореа да победат. Знаеја дека ако падне мировен договор ќе ги извадат, и ги извадија.