Мими, ја не мислам така.
Прво, уставно право е да се оранизира синдикатот и да штајкува, а уставот е закон.
Ние можеме што сакаме да мислиме за оправданоста, тоа си е нивно право.
И никој не заслужува да биде уценуван или под закани за уживањето на неговото уставно право.
Второ, од кога наставниците во нашето општество станаа маргиналци? Нели образованието и знаењето се моќ, сила, и слично? Се нема почитување за нивната работа, и тоа се докажа со штрајкот. Дали и како си ја извршуваат нивната работа-за тоа можам да се сложам за нивната стручност и педагошки вештини ( таа сега и тогаш која јас одев во основно, еее космичка разлика има), но тие се помалку одговорни се тоа: за волја на вистината, тука се одговорни МОН и лошите програми и фрки со учебници и после, тие што ги ангажираат. Но поентата е, фрустриран наставник- лошо образование за децата. Јас стварно мислам дека е лош потег да се блокира штрајкот и да се примораат незадоволните наставници да се вратат со настава- оти после децата ќе патат. Тоа ти е она: фрустрирана мајка- фрустрирано дете, фрустриран наставник- фрустриран ученик.
Трето, мислам дека е сосема фер она што го бараат: потпишување на колективните договори, и изедначување на храна и пат со останатите буџетари.
Четврто, матурантите лани која штрајкуваа, повеќето наставници ги поддржаа. Тоа се вика солидарност. Во Италија просветарите еден месец ги мереа плоштадите, па многу луѓе од други сектори покажаа разбирање. Во Франција железницата исто, иако луѓето губеа работни часови поради немање превоз ама сите покажаа солидарност. Во Англија исто, Германија исто.
Дајте луѓепокажете малце душа, што сте се стиснале толку..што се заплашувате толку лесно па како децата ќе надоместеле, како ова како она? Тоа се заебанции, нема никој право да те заќути освен ако ти не му дозволиш. А ако му дозволиш и не се избориш, значи ок ти е да животариш наместо да живееш. Преку ми е од уфилманава влада која е толку во право и најбоља, што треба срам да ти е да помислиш дека можеби и греши.
Петто, дајте децата да ви ги чуваме ако сте во фрка и немате баба сервис
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Ќе играме каубојци и индијанци:helou: