Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во право си бјанконерче.Јас мислам оти се само шпекулации дека ке се почне од среда да се уче,додека не се изјава официјално не одам на школо. А ка ке тргнаме мислејте му га.по 3 теста на ден ке се прават сигурно.
А за саботите ако се каже да учиме ке треба и ние еден добар штрајк учениците дека нема да учиме и ние не сме виновни за тоа што професорите си ги бараат правата.Јас лично и на моите дома им кажав.5 дена се работе,2 се одмара. Повеке не се замарам.САБОТА школо нема!
Во право си бјанконерче.
Ние треба да штрајкуваме ама на кого ке кажеш сигуно 95% тие што се од село на читат а има и други колко ке сме 30-40 души ке дигаме шрајк, не верувам, но ке учаме 2-3 саботи ке откажат после ке видиш, ама не ми се оде Сабота изгледа нема да одам а за дотогај има време.
Со мало надополнување, дека покрај тоа слободно време, ги чека и испрашување и бомбашки напад од страна на силите кои подготвуваат тестови ... И полугодие исто така...Јас реков и пак ќе повторам. Ако некој сака да си учи за матура, сега не оди на училиште па го има целото слободно време во светот..
Официјално на интернет нема, бидејќи треба време да стигнат информациите до медиумите. Двајца професори од моето училиште членови на СОНК ми го потврдија тоа, и советот на СОНК во Струга, значи 99% е официјално, другиот 1% го оставаме за евентуални промени.Чим е официјално, мора да има линк од некаде. Пастирај го, како што гледам на А1 нема ништо ново.
Мими, ја не мислам така.
Прво, уставно право е да се оранизира синдикатот и да штајкува, а уставот е закон.
Ние можеме што сакаме да мислиме за оправданоста, тоа си е нивно право.
И никој не заслужува да биде уценуван или под закани за уживањето на неговото уставно право.
Второ, од кога наставниците во нашето општество станаа маргиналци? Нели образованието и знаењето се моќ, сила, и слично? Се нема почитување за нивната работа, и тоа се докажа со штрајкот. Дали и како си ја извршуваат нивната работа-за тоа можам да се сложам за нивната стручност и педагошки вештини ( таа сега и тогаш која јас одев во основно, еее космичка разлика има), но тие се помалку одговорни се тоа: за волја на вистината, тука се одговорни МОН и лошите програми и фрки со учебници и после, тие што ги ангажираат. Но поентата е, фрустриран наставник- лошо образование за децата. Јас стварно мислам дека е лош потег да се блокира штрајкот и да се примораат незадоволните наставници да се вратат со настава- оти после децата ќе патат. Тоа ти е она: фрустрирана мајка- фрустрирано дете, фрустриран наставник- фрустриран ученик.
Трето, мислам дека е сосема фер она што го бараат: потпишување на колективните договори, и изедначување на храна и пат со останатите буџетари.
Четврто, матурантите лани која штрајкуваа, повеќето наставници ги поддржаа. Тоа се вика солидарност. Во Италија просветарите еден месец ги мереа плоштадите, па многу луѓе од други сектори покажаа разбирање. Во Франција железницата исто, иако луѓето губеа работни часови поради немање превоз ама сите покажаа солидарност. Во Англија исто, Германија исто.
Дајте луѓепокажете малце душа, што сте се стиснале толку..што се заплашувате толку лесно па како децата ќе надоместеле, како ова како она? Тоа се заебанции, нема никој право да те заќути освен ако ти не му дозволиш. А ако му дозволиш и не се избориш, значи ок ти е да животариш наместо да живееш. Преку ми е од уфилманава влада која е толку во право и најбоља, што треба срам да ти е да помислиш дека можеби и греши.
Петто, дајте децата да ви ги чуваме ако сте во фрка и немате баба сервисЌе играме каубојци и индијанци:helou: