Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Убав муабет се тера, посебно @Beric Dondarrion e непристрасен поприлично, кај нас во екс СФРЈ земјите многу еднодимензионално се гледа на нештата поради тоа шо историјата е третирана низ чисто индоктринациски канали, шо се покажа добро, сепак за време постоењето на СФРЈ овие простори направија квантен скок во развојот.

Ако си иземат околностите во кои е делувано, НДХ, Босна итн, и се гледа исклучиво на српскиот дел, има кокетирање на сите страни, првично со кралот кој е во егзил со нацистичка Германија, по што британското разузнавање наметнува наративот боље рат него пакт, за на крај завршат со еден трагичен лик како Недиќ, кој во суштина има задача да функционира како обичен вазал се со цел да опстои каков таков монархистички поредок, единствена разлика е шо на српскиот престол претендираат различни кралски семејства, па Петар е загрозен од повеќе страни, а верувам и Абвер делува во таа насока. Повторно повеќе димензионална игра.

Дража Михајловиќ е типичен офицер на Кралството Југославија, нешто слично на Черчил и неговиот поглед кон Британскиот трон, само балканска верзија, и веројатно тука се воспоставува таа врска, која трае до моментот кога прагматичниот Черчил сфаќа дека Вујко Дража е губитничка страна и го отфрла, иако цело време сојузниците повеќе акцент ставаат на помагање на четничкото движење во однос на партизаните, од повеќе причини, воглавно запазување на сфери на интерес. Битно е шо во овој период САД само ги следат политиките на ВБ на Балканот и релативно малку се инволвирани, иако грото од материјалните средства доаѓаат токму од САД.

Појавата на Тито е следена од неговиот престој во СССР, и самиот факт шо е комунист е прва причина сојузниците да не бидат наклонети кон него, особено британското разузнавање кое прилично методолошко ги бележи сите оние кои се на линија со Коминтерната а се активни политички, посетиле СССР итн, шо горе долу е пракса и денес, но во тогашни услови прилично тешко изводлива операција а од големо значење за пресретнување на развојот на болшевиците, се разбира ова правено во соработка со тогашната Главњача Краљевине Југославије т.е Тито бил познат претходно. Причина плус за недоверба.
Покрај бригадирот Меклејн, поради тоа шо постои голема недоверба помеѓу Черчил и Тито, како знак на доверба Черчил го испраќа својот син Рандолф како дел од сојузничката мисија во Југославија, со шо односите се подобруваат. Интересно е шо веројатно Черчил, истовремено игра на страната во даден момент да се создаде добра соработка помеѓу четниците и окупациските сили, со што би се елиминарале партизаните, за подоцна токму четниците како монархисти да го заземат целосно местото кое го заземале силите на НОВЈ, повеќе во фигуративна форма, со шо по завршувањето на ВСВ, повторно би завладеала Владата во егзил К. Југославија од позиција на антифашисти или ослободители.

Слично е изиграно со граѓанската војна во Грција, каде македонците го извлекоа најдебелиот крај, првичниот раздор е Тито/Сталин, остатокот сите го знаеме...

Черчил е перфиден лик во секој поглед, интересно е шо сеуште мириса на барут и ВСВ не е завршена, тој оди на одмор во Италија близу езерото Комо, токму во местото каде е чуван Мусолини заробен и подоцна ликвидиран. Се шпекулира дека Мусолини имал кутии со кореспонденција меѓу Черчил и него, а можно таа комуникација да ескалира и пошироко.Ликвидаиран од италијани во служба на SOE.

Верувам дека постојат докази кои се толку инкриминарчки или да речам лицемерни гледано од позиција на обичен смртник, пион, шо нема никогаш да бидат обелоденети. После толку години сеуште има еден куп непознати моменти за јавноста, а кои се веројатно сеуште третирани како државни тајни.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Неточно е, но сепак треба да се има во предвид тоа што четниците немале држава, апарат кој ќе им овозможи индустриско убивање луѓе, она што го имала НДХ.
Што била Краљевина Југославија од 1918-1941?
Србите како геноциден народ, знаеме што направија 91-95 кога отвараа конц-логори во РС и РСК, две псеудо-држави, тек замисли што би биле во стање да направат да имаа држава под покровителство на Рајхот во WW2. Долг и крвав е списокот на четнички злочини во војната но тоа е стихијски и ретко организирано.
Кај се бе тие конц логори, уште неможеш да најдеш докази каде се наоѓале, кој бил нивен раководител, дали некој е осуден за тие фамозни концентрациони логори, или имаш едон клипче од 40 секунди и тоа е тоа доказ...
понапреден денес во 2020 бидејќи сепак е казниво дело во Хрватска денес да се покажува усташки симбол. Во сврбија е чест да се носат четнички симболи.
Једино точно дека во Србија четништвото е позитивна ствар и така треба и да остане до даљњег, додека за хрватска изгледа не си запознаен дека Степинац е рехабилитиран, а со тоа што сум фудбалски фан па сум запознаен да навијачите од хрватска нормална иконографија им е усташки и фашистички симболи, како и мајмунските извици „за дом спремни“.

На секоја тема труеш неосновано без никаков доказ за срби како геноциден народ, па еве пак те предизвикувам најди некој доказ за конц. логорите јас јавно ке ти се извиниам, инаку за ова погоре шта речи освен тотално непознавање на стварите чисто да не те увредам, бидејќи почнувате со навреди а кога возвраќам ме пријавувате..
Автоматски споено мислење:

18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Убав муабет се тера, посебно @Beric Dondarrion e непристрасен поприлично, кај нас во екс СФРЈ земјите многу еднодимензионално се гледа на нештата поради тоа шо историјата е третирана низ чисто индоктринациски канали, шо се покажа добро, сепак за време постоењето на СФРЈ овие простори направија квантен скок во развојот.

Ако си иземат околностите во кои е делувано, НДХ, Босна итн, и се гледа исклучиво на српскиот дел, има кокетирање на сите страни, првично со кралот кој е во егзил со нацистичка Германија, по што британското разузнавање наметнува наративот боље рат него пакт, за на крај завршат со еден трагичен лик како Недиќ, кој во суштина има задача да функционира како обичен вазал се со цел да опстои каков таков монархистички поредок, единствена разлика е шо на српскиот престол претендираат различни кралски семејства, па Петар е загрозен од повеќе страни, а верувам и Абвер делува во таа насока. Повторно повеќе димензионална игра.

Дража Михајловиќ е типичен офицер на Кралството Југославија, нешто слично на Черчил и неговиот поглед кон Британскиот трон, само балканска верзија, и веројатно тука се воспоставува таа врска, која трае до моментот кога прагматичниот Черчил сфаќа дека Вујко Дража е губитничка страна и го отфрла, иако цело време сојузниците повеќе акцент ставаат на помагање на четничкото движење во однос на партизаните, од повеќе причини, воглавно запазување на сфери на интерес. Битно е шо во овој период САД само ги следат политиките на ВБ на Балканот и релативно малку се инволвирани, иако грото од материјалните средства доаѓаат токму од САД.

Појавата на Тито е следена од неговиот престој во СССР, и самиот факт шо е комунист е прва причина сојузниците да не бидат наклонети кон него, особено британското разузнавање кое прилично методолошко ги бележи сите оние кои се на линија со Коминтерната а се активни политички, посетиле СССР итн, шо горе долу е пракса и денес, но во тогашни услови прилично тешко изводлива операција а од големо значење за пресретнување на развојот на болшевиците, се разбира ова правено во соработка со тогашната Главњача Краљевине Југославије т.е Тито бил познат претходно. Причина плус за недоверба.
Покрај бригадирот Меклејн, поради тоа шо постои голема недоверба помеѓу Черчил и Тито, како знак на доверба Черчил го испраќа својот син Рандолф како дел од сојузничката мисија во Југославија, со шо односите се подобруваат. Интересно е шо веројатно Черчил, истовремено игра на страната во даден момент да се создаде добра соработка помеѓу четниците и окупациските сили, со што би се елиминарале партизаните, за подоцна токму четниците како монархисти да го заземат целосно местото кое го заземале силите на НОВЈ, повеќе во фигуративна форма, со шо по завршувањето на ВСВ, повторно би завладеала Владата во егзил К. Југославија од позиција на антифашисти или ослободители.

Слично е изиграно со граѓанската војна во Грција, каде македонците го извлекоа најдебелиот крај, првичниот раздор е Тито/Сталин, остатокот сите го знаеме...

Черчил е перфиден лик во секој поглед, интересно е шо сеуште мириса на барут и ВСВ не е завршена, тој оди на одмор во Италија близу езерото Комо, токму во местото каде е чуван Мусолини заробен и подоцна ликвидиран. Се шпекулира дека Мусолини имал кутии со кореспонденција меѓу Черчил и него, а можно таа комуникација да ескалира и пошироко.Ликвидаиран од италијани во служба на SOE.

Верувам дека постојат докази кои се толку инкриминарчки или да речам лицемерни гледано од позиција на обичен смртник, пион, шо нема никогаш да бидат обелоденети. После толку години сеуште има еден куп непознати моменти за јавноста, а кои се веројатно сеуште третирани како државни тајни.
Има еден куп сомнителни работи во врска со ,,официјалната историја". Пример чива идеја беа бољшевиците? Дали на германскиот кајзер или пак на самите руски служби? Вака гледано после 100 години, руската империјална политика воопшто не се променува после падот на царот, напротив се надоградува. Под плаштот на ,,антиимеријализмот" и правото на самоопределување русите имаат своја партија во секоја една земја во Европа, каде што можат да ја контролираат или да влијаат на политиката. Да не заборавиме колку биле силни франциската и италијанската ком. партија, па дури и во самата САД има комунистичка партија.
Поверојатно е марксизмот да е само империјална алатка на русите отколку германско кукавичко јајце како што се обидуваат да го продадат сега.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Неточно е, но сепак треба да се има во предвид тоа што четниците немале држава, апарат кој ќе им овозможи индустриско убивање луѓе, она што го имала НДХ. Не се усташите per say туку државниот апарат на НДХ кој организира логори (ХД и неколку организации задолжени за домашна "заштита") Улогата на католичката црква е тука срамна и гнасна. Усташите како организација колат народ по села и градови како и четниците, и се борат вс. партизани.
Србите како геноциден народ, знаеме што направија 91-95 кога отвараа конц-логори во РС и РСК, две псеудо-држави, тек замисли што би биле во стање да направат да имаа држава под покровителство на Рајхот во WW2. Долг и крвав е списокот на четнички злочини во војната но тоа е стихијски и ретко организирано. Државата на Недиќ била германска шега, ништо налик на НДХ. Да добиеле исти параметри со НДХ јас сум сигурен дека четниците би убиле споредлив број на луѓе со умоболните хрвати, уште еден геноциден народ, иако многу понапреден денес во 2020 бидејќи сепак е казниво дело во Хрватска денес да се покажува усташки симбол. Во сврбија е чест да се носат четнички симболи.
Автоматски споено мислење:

Видов на една друга тема нешто gender-bickering глупости, ќе биде голем ден кога на темиве за прва или втора светска војна, еден едини пост да напише женска особа, низ месециве и годиниве што следат, кога досега не напишале а темава е 10 години стара :D
Дефинитивно злосторствата на усташите и четниците се страшни!Значи кај нас бугарите и германците заедно направиле такви злосторства како гореспоменативе.И шо е најинтересно љугето шо биле под италијанска окупација многу добро си поминале!Кај нас најголем проблем имало населението под балистичка окупација.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.022
Поени од реакции
83.436
Једино точно дека во Србија четништвото е позитивна ствар и така треба и да остане до даљњег,
Не треба ниту еден народ да се гордее со дела какви што правеа четниците и усташите.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Не треба ниту еден народ да се гордее со дела какви што правеа четниците и усташите.
зошто? и сам објасни дека четници и усташи во ист збор не идат...како во Русија што се гордеат со козаците, така и во Србија со четниците.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.022
Поени од реакции
83.436
зошто? и сам објасни дека четници и усташи во ист збор не идат...како во Русија што се гордеат со козаците, така и во Србија со четниците.
Реков дека усташите правеле пофлагрантни дела. Далеку од тоа, дека било кој нормален, би требало да се гордее со некои четнички дела.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Далеку од тоа, дека било кој нормален, би требало да се гордее со некои четнички дела.
Види во нај „мирнодопска“ војна има срања од поединци, но тоа што го правеле четниците на Дража како легитимна војска на власта во егзил нема никаква врска со злосторства.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.022
Поени од реакции
83.436
Види во нај „мирнодопска“ војна има срања од поединци, но тоа што го правеле четниците на Дража како легитимна војска на власта во егзил нема никаква врска со злосторства.
Не сум сигурен што точно правеле равногорците на Дража, али знам за многу други четнички дружини.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Не сум сигурен што точно правеле равногорците на Дража, али знам за многу други четнички дружини.
Тоа ми е поентата, неможе секое злосторство од поединец или паравојска да се препишува на четниците или за војните во 90 тите злосторствата на аркан да се препишуваат на српската армија...во тоа безаконие и лудило прво на површина излегуваат будалите и ради тие будали од било која страна неможеш да препишуваш на регуларна армија.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.022
Поени од реакции
83.436
Тоа ми е поентата, неможе секое злосторство од поединец или паравојска да се препишува на четниците или за војните во 90 тите злосторствата на аркан да се препишуваат на српската армија...во тоа безаконие и лудило прво на површина излегуваат будалите и ради тие будали од било која страна неможеш да препишуваш на регуларна армија.
Другите четнички дружини го сочинувале огромното мнозинство.
Воени злосторства, колку сакаш. Врз Хрвати, Муслимани... цивили, не воени единици.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Другите четнички дружини го сочинувале огромното мнозинство.
Воени злосторства, колку сакаш. Врз Хрвати, Муслимани... цивили, не воени единици.
дали се огромно мнозинство не би рекол, додека кажав неможе да се препишува на легитимна војска злосторство кое го направиле рандом ликови кои организирале 100 луѓе и запалиле соседно село.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.022
Поени од реакции
83.436
дали се огромно мнозинство не би рекол, додека кажав неможе да се препишува на легитимна војска злосторство кое го направиле рандом ликови кои организирале 100 луѓе и запалиле соседно село.
И партизаните правеле воени злосторства и Американците.
Градација е во прашање.

Четниците, усташите, балиите, балистите и други, правеле процентуално многу повеќе злосторства, од да речеме партизаните, или Американците.

Дали можеби треба со линкови да почнеме?
Прашувам, затоа што ми е пресмешно да докажувам дека четниците имаат многу воени злосторства правено.
На Дража четниците видовме кој процент се и колкаво значење имаат, како бројка, надвор од неговиот лик.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Има еден куп сомнителни работи во врска со ,,официјалната историја". Пример чива идеја беа бољшевиците? Дали на германскиот кајзер или пак на самите руски служби? Вака гледано после 100 години, руската империјална политика воопшто не се променува после падот на царот, напротив се надоградува. Под плаштот на ,,антиимеријализмот" и правото на самоопределување русите имаат своја партија во секоја една земја во Европа, каде што можат да ја контролираат или да влијаат на политиката. Да не заборавиме колку биле силни франциската и италијанската ком. партија, па дури и во самата САД има комунистичка партија.
Поверојатно е марксизмот да е само империјална алатка на русите отколку германско кукавичко јајце како што се обидуваат да го продадат сега.
Болшевиците се кукавичко јајце единствено на аристократијата на царска Русија, која им приреди еден куп холодомори, ниту една друга Европска монархија не била толку безобѕирна кон својот народ како руската.
Царските служби за безбедност не биле ништо повеќе од една репресивна алатка која освен шо служела да го тортурира сопствениот народ, не била способна за ништо друго (налик на нашите безбедносни структури нажалост), така да го иземам моментот тие да имале било каква врска, инаку британскиот Крал, германскиот Кајзер и рускиот Цар сите биле во роднински врски, не гледам зошто тие би биле иницијатори на еден таков конфликт.
Германскиот Кајзер бил под апсолутна контрола на пруската аристократија, немал многу влијание сем како алатка за владеење со масите.

Делот за германското влијание во Окотмвриската револуција е да речам логичен настан, сепак ја исфрли Царска Русија од ПСВ, колку и како е влијaeно е др.

Русија прв пат сериозно работи на својот безбедносен систем со формирањето на ЧЕКА и Феликс Джерински или Железниот Феликс после Октомвриската револуција, подоцна НКВД и на крај КГБ, каде исклучиво работат на врбување на својата агентурна мрежа на идеолошка основа, која особено после ВСВ е прилично распространета како што и самиот напиша, што е резултат на огромната приемчивост кон левичарската идеологија на народите по поразот на Оската, со силни Комунистички партии низ земји како Франција, Италија, Грција, кои се или би требало да се традиционално на „другата“ страна.

Инаку апсолутно се согласувам дека она шо е империјализам за САД, ВБ, за СССР беше интернационализам, и горе долу со користење на различна методологија целите беа слични, а тоа е влијание и контрола.

Еден пример е кованицата „одбранбен патриотизам“ која некој ја напиша баш тука неодамна, терминот е скован од советското разузнавање како една од пречките при анексирањето на земјите во СССР, начин на кој би се делувало за тоа да се неутрализира, методи на пристап итн и тоа во периодот пред ВСВ, истиот материјал е обработен од американскотo разузнавање и се изработени методи за превенирање на пристапот кој го користи СССР или во краен случај за субверзивно делување како би се сето тоа релативизирало. Целиот материјал е објавен пред некоја година, како декласифициран, изработен некаде после ВСВ, истата методологија која ја користеl СССР, модифицирана ја користи денес неолиберализмот, додека она шо тогашна ЦИА го дефинирала како контрамерки, сега го користат т.н суверенисти предводени од Руската Федерација. Ако го најдам ќе го поставам тука материјалот, не е повеќе од 50 страни.

Муабетот е дека Орвел е во право :icon_lol:
 
Да додадам, дека зачетокот на руските служби е многу подалечен. Истите ги има неколку века, а почнале да се јавуваат како трговци во отоманската империја.
Инаку русите отсекогаш имале таква крута администрација, а и тоа си останува и после падот на царизмот. Сталин е во ништо поразличен од Иван ужасниот, Петар Велики и останати владетели. Едноставно цврстата рака е врежана во рускиот политички живот.
Веројатно никогаш нема да дознаеме, но ептен многу работи си остануваат исти во начинот на владеење, па под маската на марксизмот и антиимперијализмот си ја имаат под контрола или во најмала рака имаат можност да влијаат горе долу на сета копнена Европа.
Тука е интересна и Југославија. Дали имаше титово НЕ или пак беше само фингерај. И дали англо-американците преку Југославија ги работеа русите или обратно е интересно прашање. Веројатно и двете, но прашање е кој кого повеќе. :D
Инаку да и моментално т.н. ,,суверенисти" се марксисти-љенинисти од некои други времиња. И кај нас делуваат на релација Москва-Будимпешта-Југоисточна Европа. А и да додадам дека интернетот го владеат беспрекорно и се убедливо најмоќни во тој сегмент.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom