Сметам дека за поблиско разбирање на ваква тема како што темава за Втора Светска, неопходно е некакво разбирање на термините:
стратегија, тактика и операции, во контекст на Втора Светска Војна. Во модерен контекст е друго.
Но, прво да расчистиме грубо, за големината на едниците. И тоа е битно.
Бројноста на единиците е релативна работа која зависи од многу фактори. На пример, советските дивизии во 1941-ва имале различна бројност, во споредба со истите од 1943-та. Различни страни, во разични периоди имале различни бројчани вредности на истите единици.
Ова е ептен, ептен, грубо, бројната вредност на
некои од единиците, чисто колку да се има увид:
најмала единица е oдделение со 10 војника
вод 30
чета 100
батаљон до 1000
дивизија 10000-20000
корпус 40000
армија 100.000+
група армии (зависи од колку армии се состои)
Болдираните, најмногу се користат во историја.
Сега продолжуваме со трите термина.
Тоа се универзални воени перспективи, кои се разликуваат по размер.
На едниот крај, најниско е тактиката, а на другиот крај, највисоко е стратегијата. Оперативното ниво е некаде на средина и ги поврзува двете други.
Сите три можат да се ограничат и според параметрите Сила, Простор и Време. Но, просторот и времето вообичаено се движат заедно, така да две оски се, суштински. Вообичаено, не можеш да ја развиваш оската на просторот, доколу не ја развиеш и оската на времето, т.е. за да поминеш огромна раздалечина, ти треба огромно време. Ова особено важи за копненото војување (за воздушно војување е другачие). Тактиката има најниски вредности на овие оски, а стратегијата највисоки.
- Одиме со четата да се распоредиме на брдово – тоа е тактика.
- Дали прво да ја дотепам Британија, или одма да ја нападнам Русија – тоа е стратегија.
- Ги освојувам степите, стигам до Волга и го отсекувам Кавказ, за да го освојам – тоа се операции.
1.Примери на Борба на тактичко ниво
- Артилериска подршка на пешадија при пробив:
2.Оперативно ниво
- Една од најголемите операции во војната Ичи-Го од 1945-та
3.Стратешко ниво
Тактиката и стратегијата се постари термини со чисто воено потекло, Денес овие термини се користат и во разни невоени контексти, најчесто од секојдневниот живот, но, нивното исторско потекло е воено. Додека оперативното ниво во војната се употребува во поново време, е понов термин.
Тактика е битка, борба,
стратегија е планирање,
оперативно ниво служи за координирање помеѓу двете и движењето таму игра најголема улога.
Тактиката е во најмал размер.Тактика/тактичко ниво, е најприземно ниво. Точката на контакт, самата борба, крв, месо и метал.
Воената сила која оперира на тактичко ниво е во распонот од оделенија до корпуси. Значи, од 10 војника, па се до приближно 40.000.
Највисокото ниво е стратешкото ниво и е во најголем размер. Ниво на политичари и воени планери.
Целата воена структура се управува од стратешко ниво. Значи, целата воена сила на располагање.
Оперативното ниво работи со единици со бројност од 60.000 до 250.000. Тоа е концептуален простор помеѓу тактичкото ниво – движење и дејство на помали единици (вод, батаљон, одделение...) и политичко-планерското, воено-стратегиско ниво. Оперативното ниво вклучува движење и команда на поголеми единици (армии, на пример). Грубо кажано, корпус е на граница помеѓу тактичко и оперативно ниво, а армиска група е на крајот од оперативното ниво. Но, овие граници не се баш најпрецизни. На пример, се случува операции да бидат водени од корпуси, па и дивизии.
Тактиката е ограничена попрецизно со специфично време, кое е релативно кратко, на помал специфичен простор. Резултатите на тактичките активности се покажуваат веднаш и исто така се строго одредени, специфични, како што се специфицирани и просторот и времето на ова ниво, а и целите.
Стратегијата нема до толку прецизно ограничени простор и време.
Целта на воената стратегија е да се редуцира вољата за борба на непријателот, како и капацитетот за борба на непријателот.
Резултатите на стратегиските напори не се покажуваат веднаш. Стратегијата дејствува повеќе индиректно, за разлика од тактиката.
Додатно, таа може да се разгледува и како продукт и процес. Планот е продукт, кој го имаме на почетокот, а неговата имплементација е процес.
Влијанието на технологијата најнепосредно се чуствува на тактичко ниво.
Самата битка е во фокусот на тактиката. Тактиката дефинира како се бориме.
Стратегијата дефинира зошто се бориме, зошто се бори непријателот против нас и сл.
На оперативно ниво дознаваме на што ќе влијаеме со операциите, со кои акции, по кој редослед, со кое времетраење и ресурси.
Тактиката е провинција на војната. Стратегијата задира и во мирнодопски предели.
Тактиката се однесува на битките, оперативното ниво - на кампањите, стратешкото ниво - на војната.