Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.410
- Поени од реакции
- 7.866
Убав муабет се тера, посебно @Beric Dondarrion e непристрасен поприлично, кај нас во екс СФРЈ земјите многу еднодимензионално се гледа на нештата поради тоа шо историјата е третирана низ чисто индоктринациски канали, шо се покажа добро, сепак за време постоењето на СФРЈ овие простори направија квантен скок во развојот.
Ако си иземат околностите во кои е делувано, НДХ, Босна итн, и се гледа исклучиво на српскиот дел, има кокетирање на сите страни, првично со кралот кој е во егзил со нацистичка Германија, по што британското разузнавање наметнува наративот боље рат него пакт, за на крај завршат со еден трагичен лик како Недиќ, кој во суштина има задача да функционира како обичен вазал се со цел да опстои каков таков монархистички поредок, единствена разлика е шо на српскиот престол претендираат различни кралски семејства, па Петар е загрозен од повеќе страни, а верувам и Абвер делува во таа насока. Повторно повеќе димензионална игра.
Дража Михајловиќ е типичен офицер на Кралството Југославија, нешто слично на Черчил и неговиот поглед кон Британскиот трон, само балканска верзија, и веројатно тука се воспоставува таа врска, која трае до моментот кога прагматичниот Черчил сфаќа дека Вујко Дража е губитничка страна и го отфрла, иако цело време сојузниците повеќе акцент ставаат на помагање на четничкото движење во однос на партизаните, од повеќе причини, воглавно запазување на сфери на интерес. Битно е шо во овој период САД само ги следат политиките на ВБ на Балканот и релативно малку се инволвирани, иако грото од материјалните средства доаѓаат токму од САД.
Појавата на Тито е следена од неговиот престој во СССР, и самиот факт шо е комунист е прва причина сојузниците да не бидат наклонети кон него, особено британското разузнавање кое прилично методолошко ги бележи сите оние кои се на линија со Коминтерната а се активни политички, посетиле СССР итн, шо горе долу е пракса и денес, но во тогашни услови прилично тешко изводлива операција а од големо значење за пресретнување на развојот на болшевиците, се разбира ова правено во соработка со тогашната Главњача Краљевине Југославије т.е Тито бил познат претходно. Причина плус за недоверба.
Покрај бригадирот Меклејн, поради тоа шо постои голема недоверба помеѓу Черчил и Тито, како знак на доверба Черчил го испраќа својот син Рандолф како дел од сојузничката мисија во Југославија, со шо односите се подобруваат. Интересно е шо веројатно Черчил, истовремено игра на страната во даден момент да се создаде добра соработка помеѓу четниците и окупациските сили, со што би се елиминарале партизаните, за подоцна токму четниците како монархисти да го заземат целосно местото кое го заземале силите на НОВЈ, повеќе во фигуративна форма, со шо по завршувањето на ВСВ, повторно би завладеала Владата во егзил К. Југославија од позиција на антифашисти или ослободители.
Слично е изиграно со граѓанската војна во Грција, каде македонците го извлекоа најдебелиот крај, првичниот раздор е Тито/Сталин, остатокот сите го знаеме...
Черчил е перфиден лик во секој поглед, интересно е шо сеуште мириса на барут и ВСВ не е завршена, тој оди на одмор во Италија близу езерото Комо, токму во местото каде е чуван Мусолини заробен и подоцна ликвидиран. Се шпекулира дека Мусолини имал кутии со кореспонденција меѓу Черчил и него, а можно таа комуникација да ескалира и пошироко.Ликвидаиран од италијани во служба на SOE.
Верувам дека постојат докази кои се толку инкриминарчки или да речам лицемерни гледано од позиција на обичен смртник, пион, шо нема никогаш да бидат обелоденети. После толку години сеуште има еден куп непознати моменти за јавноста, а кои се веројатно сеуште третирани како државни тајни.