Во 7мо-8мо одделение може и беше интересно да се лигушиш тајно, да ја пишуваш со женско/машко ( ако си женско/машко ) име во именик дотичната особа, да се правиш на Тошо пред другарчињата, да се д`ткаш пред твоите кога ќе те прашаат дали си се пољубил и сл.
Но озбилна врска сама по себе е голема одговорност, па згора на тоа да се криеш, да пазиш да не налеташ на некој и да изиграваш муле ако се начне таа тема по дома или во друштво. Не, фала!
Сакам на раат да седнам во кафич, да се опуштам, а не да бидам на штрек цело време. Сакам дома да го донесам или кај него да отидам евентуално...
Крај краева, уво не ми чуе дали некој ќе ме види, што ќе искоментира и на кого во врска со тоа јас со кој се гледам. Само мој избор е тоа.