Време за себе

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Дали воопшто и колку често наоѓаме време за себе? Мал дел од денот кој ќе си го посветиме само на себеси?

Време во кое ќе си ги анализираме нашите постапки и сите останати кои не засегаат? Време во кое ќе се изолираме од останатиот свет и ќе доприме длабоко во себе, ќе изведеме некои заклучоци и поуки кои ќе не направат посилни, подобри, "потешки"; Ќе направиме ретроспектива на она што сме, и дали тоа што сме личи на она што сме сакале да бидеме; ќе го заокружиме "вчера" и ќе направиме планови за "утре"?

Дали навистина го практикуваме ова или едноставно помалку конформистички и можеби летаргично или депресивно се препуштаме на случајностите кои ги носи животот и дозволуваме некој друг да има поголемо влијание врз вашиот живот од вас самите?

Колку често наоѓаме време за себе?
 

Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Па за мене ноќта е "моето" време.Тогаш пробувам да медитирам,ама не онаа медитација,туку само ќе се седне и ќе се чисти главата.Тогаш правам "планови",најчесто за факултетов и дека утре нема да закаснам.
Секој ден морам бар 3 сати сам да бидам,само ја и ја.
 

BoYd

женско сум
Член од
1 февруари 2007
Мислења
707
Поени од реакции
4
Време за себе барам само тогаш кога ќе ми дојде преку глава од се,или кога одредени односи со одредени луѓе не се такви какви што би сакала да бидат.Тогаш целосно се повлекувам,најчесто ми се случува касно навечер кога сите спијат или рано сабајле.И мислам..каде сум згрешила,ДАЛИ сум згрешила,како да се поправам,или па само уживам.Се изолирам ама не мислам на ништо.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Preku den nemam mnogu vreme za sebe a mnogu i sakam da imam, obicno pred da zaspijam togas sum samo jas so moite razmisluvanja za se ona sto me maci, sto ponatamu, kade imam zastanato i zosto. I edno dva saati si se posvetuvam na sebe i svojat licnost, svoeto "jas". Mnogu e bitno covek da ima vreme za sebe, togas uste poveke se zapoznava sebe si a toa ke mu bide potrebno natamu vo zivotot.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не можам да функционирам, ако не издвојам време само за себе за да си ги преиспитам постапките, да ги изанализарам нештата што ми се случиле и сл.
После секој период на поинтензивна социјализација, или некој еуфоричен период, неопходно ми е да се изолирам на кратко од се, и да си направам ревизија на случувањата, затоа што во спротивно осеќам како нештата ми бегаат од контрола, и како реагирам и донесувам одлуки во афект и на импулс (а, тоа не ми се допаѓа-особено поради фактот што имам забележано дека носам погрешни одлуки секојпат кога не размислувам на мира и доволно долго за истите.) Не велам дека така е правилно, и им се восхитувам на луѓето кои можат да функцинираат во "лет" 24/7, но јас едноставно не можам.
А, на daily basis обично навечер пред да заспијам обавезно го анализирам изминиатот ден/ови, правам планови и сл.( па се заборавам у мислење, понекад се вознемирувам, и после се прашувам зашо имам несоница:icon_razz)
 

Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Многу често се затварам во себе,се изолирам и си размислувам и се преиспитувам макар била и меѓу 100луѓе што ги знам...едноставно имам потреба за такво нешто секој ден...не го нарекувам депресивно зашто не се тоа секогаш мрачни мисли...у принцип анализирам мои и туѓи постапки и муабети и постојано во себе си размислувам за се и сешто...а не само и размислување...во секој дел од денот си одвојувам време за себе и правам нешто што сакам,што ме исполнува и ме прави среќна..макар било тоа чоколатце за да си задоволам потреба да шеќер или не знам,си ја пуштам до даска песната што ми се свиѓа во моментот и се дерам на цел глас...
Да сумирам,секогаш имам време за себе:pipi:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Ќе бидам во тотален хаос ако не одвојам време за себе.Понекогаш и јас сама се запрашувам зошто ми требаат тие мигови да бидам сама.Би рекла дека тоа е последица од брзото темпо на животот,па додека си трепнал,сфаќаш дека поминале доста работи пред тебе,а ти не си забележал што всушност се случува околу тебе и во себе.

Кога барам време за себе,најчесто се ставам себе во карантин на одреден период.Анализирам,проценувам,разгледувам алтернативни решенија,но не премногу долго,затоа што ми се случило да дојдам до заклучок дека сум погрешила,иако всушност не било така,практиката го покажала спротивното.Можеби бидејќи сум доста строга со себе.

Одреден период од денот нема,иако сум забележала дека најчесто во доцните часови си посветувам внимание.Подоцна сонот ќе ме надвладее и следното утро иста приказна-нов ден со нови `проблеми`кои чекаат во ред зад мене за да се решат.
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
72
и имам и немам време за себе..
Не е никој крив туку сам сум си крив..
Не за џабе рекле што ке посееш тоа ке познееш или како ке си ја наредиш така ке биде.
Имам време за себе кога ке дозволам малце да се изолирам од надворешниов свет : искања дискотеки кафичи друштво едно друштво друго ...и тогаш се регенерирам.. Но кога сум во период каде постојано негде завршувам обврски една се завршила друга се отворила малце е времето кое го одвојувам за себе но ..и кога е мало е значително ..во секој случај секогаш имам време за себе доколку тоа ми е потребно:helou:
 
С

Сатори

Гостин
Serpico напиша:
Дали воопшто и колку често наоѓаме време за себе? Мал дел од денот кој ќе си го посветиме само на себеси?

Време во кое ќе си ги анализираме нашите постапки и сите останати кои не засегаат? Време во кое ќе се изолираме од останатиот свет и ќе доприме длабоко во себе, ќе изведеме некои заклучоци и поуки кои ќе не направат посилни, подобри, "потешки"; Ќе направиме ретроспектива на она што сме, и дали тоа што сме личи на она што сме сакале да бидеме; ќе го заокружиме "вчера" и ќе направиме планови за "утре"?

Дали навистина го практикуваме ова или едноставно помалку конформистички и можеби летаргично или депресивно се препуштаме на случајностите кои ги носи животот и дозволуваме некој друг да има поголемо влијание врз вашиот живот од вас самите?

Колку често наоѓаме време за себе?

Дали воопшто наоѓам време за себе и колку?
Секогаш.Можам да се исклучам на средина на час и да почнам да анлизирам зошто се десила некоја ствар, како да ја решам или просто да седнам и да пишувам, е тогаш правам најмногу за себе.

Не се препуштам лесно на работите, на животот да, но не и на навиката.Зошто се трудам постојано нешто да менувам, па и бојата на косата ако треба да биде само.Зошто да се посветувам на сама себе, значи да се откривам и да се предизвикувам.
Тоа, во секое време.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу често наоѓам време за себе...време кога сакам да бидам сама и да размислувам за некои работи..едноставно,некогаш имам потреба да се изолирам од сите,за да малце анализирам и да размислам за некои одредени работи во мојот живот,за некои мои постапки..меѓутоа многу често и на средина на муабет или кога сум во друштво знам да се исклучам и да си размислувам за себе,за мојот живот...Убаво ми е така кога си ги разбиструвам мислите,затоа што некогаш се ми е хаотично и испревртено во главата па потребно ми е време за да сето тоа малце го средам.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Перманентно. Тоа "време за себе", мене ми е нешто како довод на воздух, и немам намера (никогаш) да си го кратам, без оглед на се`. Колку што ми е потребно - толку.
Не "застанувам" за да разгледам што се случува. Немам време. Темпераментна сум, страшно импулсивна (што не е добро), реакцијата речиси секогаш ми е резултат од емоции, а не размислување (што е исто така, лошо), па времето со самата себе ми е неопходно. Не за самоанализа, туку за мир. Да си кажам сама на себе, "Да, погреши, немој пак.", и истото да не го применам следниот пат. Свесна сум дека има дел од мене што е... Немирен, ме слуша кога му "зборувам", ама никогаш не го практикува тоа, ниту пак се труди. Премногу му е добро во мојата кожа, не за друго... Тоа е само идиотот, другиот дел е... Подобар. :)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Па шо знам скоро секој ден наоѓам минута за мене. Самиот ако не се пазиш никој нема да те пази, така да никогаш не си ги скратвам убајните, и работите кој ме прават среќен и ме релаксираат.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Секогаш наоѓам време за себе. Тоа време ме исполнува со самоконтрола која ми помага да не и се препуштам на случајноста и да ги согледам последиците од сопствените постапки. Не дозволувам никој да влијае врз мојот живот повеќе од мене зошто тоа е мој живот.:smir:
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Книгата Една минута за себе, дефинитивно ја посочува потребата од двоењето на таа минута секојдневно за самите нас. Сметам дека луѓето кои го прават тоа постојано се многу посреќни и посигурни во себе. А јас, гледам тоа што почесто да го направам, така сум вистински сигурна во тоа што го правам, вистински среќна. Проблем е што не секогаш ја наоѓам таа слободна минута :toe:
 

Fatty

Режи :)
Член од
2 јуни 2006
Мислења
427
Поени од реакции
5
U posledno vreme, zaso mn sum izmorena od skolo, od moite doma, od drugari, drugarki od sve, se poveke sakam da bidam sama u soba, da iam pusteno muzika, da si razmisluvam...toas doagam do nekoi zaklucoci, uviduvam na nekoi greski so sum gi napraila i sakam vremeto da se vrati ama...:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom