Одма се фати за тоа што сум женско а не успеа да ја доловиш поентата. Не биди толку батхрт, како за мене, така и за другите мажи колеги кои ми беа во таа фирма, сите сме денес на убави позиции, не се секирај
Не е до тоа што сум женско туку што сум се нафатила на работа каде што може да испофатиш еден куп работи и да ти дојде налет и кариера и се. Тоа што сум женско е само пропратно, ти можеш да се смееш до утре ама да бидеме искрени ни машко ни женско не би се нафатиле да чистат медицинска опрема каде што можеш со хепатитис да се заразиш и тоа ако си среќен
Е сега тоа што јас немав страв од тоа да фатам некое срање, кај мене низ сите тие години избилда карактер да не се плашам од нешто што не може да ме утепа - почнав да ризикувам, да дебагирам од време на време директ на продукција само за да го решам проблемот најхитно што може, да знам да се извадам од срања, да се снаоѓам пред странци и така натака, и така натака. Сличен мајндсет го имаат најчесто и работници кои преживеале некоја траума во животов па натака ништо не може да ги уплаши.
Ако дремите на муабетот дека се иде само со врски и да не искачате од зоната на комфорот, никогаш нема да најдете работа. Да, може потешко ќе биде и поретко се случува ама не смеете да си дозволите да седите со макијатото по цел ден и да се кука, нема работа.
Не мора да е Макпетрол, има куп 54543543 фирми низ Скопјево, само знаеш што се случува почесто? Даваш оглас со одлична плата како за почеток и за Скопје, нагласуваш дека се патува, нагласуваш дека има задолжително усовршување на кадарот, нагласуваш дека некогаш и се глави после работно време (платено) и одма имаш - ама јас имам дечко, како да одам во странство (чиниш на гурбет го праќаш а не на 3-4 дена во месецот), ама јас со дете сум како да ја оставам женава сама после работа да останувам... Ајде чао, аплицирајте во македонски шуми.
П.С. Апропо муабетот, да имав потреба одма би го вработила во sales
@HoT _iCe - штом има трпено секакви идиоти и е професор по англиски , мачји кашаљ ќе му се странци на кои треба само да им се смееш и да им викаш yes, yes на сториите како за викендот пловеле со брод
тоа се тие параметри и немојте да мислите дека никој не цени такви работи.