Во пензија со наполнети 67 години

Член од
28 март 2006
Мислења
17.802
Поени од реакции
12.293
Ова да ти било европска определба

ЕУ го продолжува работниот стаж
Европската комисија препорача подоцнежно заминување во пензија како дел од решението на проблемот со повозрасното население и невработеноста, кој ја потресе цела Европа.

Сметајќи дека животниот век на Европејците до 2060 година ќе се продолжи за седум години, од Брисел особено се наметнува ставот дека работниот век исто така треба да биде продолжен за четири години и 8 месеци. Тоа, на пример, во Германија би значело поместување на старосната граница за заминување во пензија од 65 на 70 години.

Подолгиот работен стаж е и една од официјалните цели на економијата и социјалната стратегија на Европската Унија до 2020 година.

- Најмалку 75 отсто од населението во Европската Унија на возраст меѓу 18 и 64 години би требало да бидат вработени - изјави претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо.

Тоа е цел до 2020 година од која ЕУ е многу оддалечена. Просечен граѓанин на ЕУ во пензија заминува кога ќе наполни 60 години, а тоа е значително порано отколку во многу земји во светот.

Шведскиот министер за финансии Андерс Борг остро критикуваше кога беше објавено какви привилегии имаат вработените во јавната администрација во Грција за одење во пензија.

- Јасно е дека нашите даночни обврзници не се подготвени да плаќаат за Грција, кога во таа земја луѓето со 40 и 50 години заминуваат во пензија. Тоа воопшто не доаѓа во предвид - рече Борг.

Но, ниту во Франција ситуацијата не е ништо подобра. Просечно, маж во Франција заминува во пензија на 59 години, а претседателот Никола Саркози планира годините за заминување во пензија да се зголемат од 60 на 62 години.

Франција со тоа е далеку од Германија каде во пензија заминуваат на 65 години, а целта е во пензија да се заминува на 67 години.

Слични цели за себе си постави и Шпанија. И во Велика Британија новата Влада планира подоцна заминување во пензија особено за жените кои како и мажите морале да работат до 65 години од животот.
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
131
Поени од реакции
3
Па кај нас како шо е и намален животниот век мн рано умираат луѓето стварно ќе биди среќа некој да доживеј пензија и да го види аирот од неа. ЛОШО ЛОШО
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Е ова веќе претерување е. Уште да донесат закон работа до смрт буквално би било ова.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
ММЕ.... не ми е јасно само, како мислат да го намалат бројот на невработени, ако постојано се качува старосната граница за работен век? дај од 65 симни ја на 55 да видиш како бројот на невработени ќе се преполови па од 40% невработеност, ќе имаме едвај 20%... и брука е бе... половина од народов умира на 60 години од изработеност... дај да работиме до смрт ебате...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ММЕ.... не ми е јасно само, како мислат да го намалат бројот на невработени, ако постојано се качува старосната граница за работен век? дај од 65 симни ја на 55 да видиш како бројот на невработени ќе се преполови па од 40% невработеност, ќе имаме едвај 20%... и брука е бе... половина од народов умира на 60 години од изработеност... дај да работиме до смрт ебате...
dodatok treba da bide sitnicata, deka tie nad 60 godini nema da plakaat poveke penzisko...i onaka nema da ja docekaat penzijata, ili vo sprotivno...penzijata da se isplaka i na naslednicite narednite 20 godini posle penzioniranjeto...kako profit od mnogugodisniot vlog na pokojnikot :)
vaka smesno e ..nekoi sveti kravi od administracija i policija da bidat izdrzuvani od starci koi ke umrat na rabotnoto mesto:)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
867
Поени од реакции
79
ЕВРОПСКАТА УНИЈА ИЛИ АНГЕЛА МЕРКЕЛ ИЗЈАВУВАШЕ- предлага на 70 а не на 67години.Есега нее тоа да се мора да се работи до толку години но ќе те врзат да расчистиш со сите заостанати работи во позадинскиот твој живот и да се нервираш повеќе ако ти фали уште некоја година за полн работен стаж или тој вакум период од наполнување на годините за полн стаж до 70 години да не дава државата пари за тебе за де те малтретира својата фамилија бидејќи ќе немаш скршен денар во џебот или тоа е страшно нешто ако го изгласаат на толку години да се оди во пензија.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Ова е чиста глупост да се изманипулира народот.

Низ цела европа се очекува крах на пензиските фондови, пробаа да зголемат давачки, ама сега во рецесија тоа е лудо да се прави, па нема друго чек да зголемиме старосна граница.

Ова нема да помини со јаките европски синдикати.

А кај нас, како што е празен пензисикиот фонд, можи и 100 да го направат.

На некој ќе му кажат тоа е европска регулатива што мора да ја спроведиме, на друг дека тоа е патриотска мерка за доброто на држават, и нема проблем се поминува кај нас.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Луѓето треба да работат додека имаат сила после да го напуштат овој свет ако не тргнале нешто на страна или немаат потомци кои би се грижеле за нив.
Денешниот капиталистички систем нуди можност, ако си способен и направиш пари да се пензонираш/не работиш кога сакаш.
Јас сум бил и сум против задолжително плаќање на давачки за пензија, тоа е насилство и наметнување на нешто кое во моментов не ме засега а сосе даноци и здравствено ми зема пола плата.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Абе нека ја направат со 85 барем надежта за пензија ќе ја убијат сосема,вака само те залажуваат...67 ејјјјјј кој и што може човек да работи со тие години:uvo:
iako e postar postot sepak ke te citiram oti toa i se krchka vo EU
starosnata penzija da ja zgolemat na 80 godini
shto e mnogu- mnogu e da si e...t vekot

http://economics.lb.ua/world/2012/06/05/154656_evrope_rekomenduyut_povisit.html
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Bugarskiot penziski sistem gi diskriminira mazhite

koi vo penzija treba da zaminat na 63, a zhenite na 60
a kako toa izgleda vo EU
http://epp.eurostat.ec.europa.eu/cache/ITY_OFFPUB/KS-80-07-135/EN/KS-80-07-135-EN.PDF
Тоа е наполно нормално. Чисто физички како организам мажите имат повеке можност за работа от жените - поиздражливи, поjaки и така натаму...
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Тоа е наполно нормално. Чисто физички како организам мажите имат повеке можност за работа от жените - поиздражливи, поjaки и така натаму...

да, а финтата дека жените повеке живеат.........нели сакаа еднаквост......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom