Мислам дека Фаранг е доволно способен сам да зборува, не му е потребен адвокат.
Освен тоа, не знам како ти заклучи дека јас ,,не го живеам животот,, седам дома и ништо друго не правам?
Ниту ме знаеш лично, ниту па знаеш што правам со својот живот.
Озбилно ти кажувам дека себеси се сметам и за способна, а покрај тоа што се сметам за способна, се чувствувам и исполнето. Еден од најголемите професионални сонови што некогаш сум ги имала, е на праг да ми се оствари, а имам 22 години. И да, баш тука, во Р. Македонија ќе ми се оствари.
Знаеш како ќе ми се оствари?
Со многу макотрпна работа, саати поминати над книга и плус саати поминати во ,,пракса,,. Саати поминати во незадолжително учење, кое ете, ми се најде некаде.
И навистина не знам зошто ти го објаснувам сето ова, ваљда зошто ми е жал веќе што сите само кукаат.
Озбилно, може не сум работела секаде на светот, ама каде што работев - Грција и Америка, кога завршив со работа работодавците и на двете места ми понудија повторно да се вратам. Конкретно, последново во Америка, менаџерот сакаше да се заложи да добијам работна виза и да останам.
Не е дека не можам да се снајдам, не сакам да останам никаде.
Заработувам, студирам и наоѓам и време и пари за ќеифи, меѓу кои е патувања, и не знам што е тоа што јас го немам во животот, а треба да го имам.
--- надополнето: 30 јуни 2013 во 03:45 ---
Нормално дека има живот во сите други земји, зависи кој како си го перцепира тој живот. На пример, во Њу Јорк, каков живот има, Скопје во наредните 2 века нема да има. Да си бидеме реални.
Понатаму, имам доволно пари да живеам добар живот. Не да возам кола од 40 000 евра, немам ниту најнов Ајфон, ама види, такви работи не ме ни исполнуваат.
Имам 3 животни за кои ми оди третина плата (сигурно) секој месец, ама ете, доаѓам дома и секое цивка по мене. За мене ете тоа е непроценливо богатство.
Со неколку илјади долари го шетав Њу Јорк, и размислував како да ги потрошам на нив и на сестра ми. Не размислував што да си купам од Викторијас Сикрет.
Секако, се е тоа до карактер на човекот, и не викам дека ти или кој било друг ,,отселен,, нешто ви фали - напротив - ако ви е убаво - баш ми е драго.
Но не можам да поднесам некој да го суди мојот живот само затоа што сум тука и немам намера да си одам.
Ете, таква сум, со тоа што го имам и немам чуда можам да направам. Само да ми се сите блиску.
Во САД, во еден ден, заработував третина плата што ја заработувам тука.
Тоа е супер, за една недела работа, после сите платени трошоци, купив таблет, онака, од вишакот пари.
Ама, јас не се пронаоѓам во таквиот свет.
Сега за сега, како што кажа, со моите не така многу години, сметам дека имам доста шетнато, со soon-to-be работава ми се отвораат вратите кон цел свет.
Да, можам да бидам тука и кај тебе во Азија на кафе да одам.
И кога ќе дојдам, ќе видиш дека е така