Знам, не сме повеќе тие што бевме пред неколку години. Се променивме, пораснавме. Не гледаме повеќе на работите од ист агол. Постојано сме во трка со времето, ти на еден крај, јас на друг. Амбициозноста, желбата за успех си го направија своето. А знаеш, данокот мора да се плати. Сакав толку многу работи да ти кажам, а ништо не ти реков. Се шетавме два часа и молчевме, ништо не си рековме. Се чуствував хмм не знам како, не можам да опишам, некој чуден микс на чуства беше тоа. Празнина, болка, љубов се помешано. Во исто време сакав да те гушнам цврсто и никогаш да не те пуштам да одиш од мене, но сакав и да побегнам од тебе, да те оставам, секој од нас да си врви по својот пат.
Знаеш го сакам оној твој дрзок, палав поглед, сјајот во очите. Не го сакам тој празен, тап поглед. Знам како се чуствуваш, знам дека и ти тоа го гледаш во мене. И двајцата веќе извесно време го гледаме крајот, ама изгледа сеуште собираме храброст за да го признаеме.