Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Иако се е во ред во моментов, јас сеуште се чувствувам ко гомно. Не требаше да го направам тоа, бар не до тој степен. Многу згрешив и одвај чекам да помине колоквиумска да седнеме и да направиме муабет ко луѓе. Неможам вака да живеам, секој ден ми е на раб на плачење, а нејќам дома да ме прашуваат што е и како е. Септември ми беше најубавиот месец оваа година. Се надевам ќе се повтори. :(
I'm not a saint, no, not at all, but what I did, it wasn't cool But I swear that I'll never do that again to you

Знам дека без везе си го комплицирам животот и никој не ми е крив за тоа ...
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Многу работи се сменети, ти си сменет. Не сакам промени, не ги поднесувам.. посебно кога влијаат на врската. Ја нема повеќе онаа страст, онаа љубов која ја гледав во твоите очи, избледено е се, само караници и караници. А те сакам, премногу! И поради тоа ме боли премногу. Овие 2 години ми поминаа неверојатно брзо и малку ми се. Цел живот со тебе малку ми е. Се плашам да помислам дека ни е дојден крајот, се плашам да помислам дека од некој ден понатака ќе те нема, а се поверојатно е. Во тебе го најдов она што ми е потребно. Премногу рано да, но е вистинско и искрено и не сакам да го загубам. Не сакам тебе да те загубам. Никогаш.
Те сакам, најискрено и највистински.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
Незнам дали намерно се пушти музиката или само склоп на околности. Како и да е ме врати месеци назад. За тебе денови полни среќа, веќе ме заборави, а за мене денови црни и уште те сакам тука до мене. Денес пак ме повреди, без твоја желба. И пак имав испади, пак сам ги мерев улиците во градот, пак се вратив на пороците. Но, овојпат не мислев толку на тебе. Ми фалиш, а јас не тебе.. Испадна кучка, но веќе го знаеш тоа нели ? Јас нема никогаш да ти се приближам, немам лице за да го направам тоа, а и не заслужваш. Се останува на тебе, но пази, колку и да те сакам се си има свои граници и тогаш може нема да ме најдиш таму. Дали беше тоа начин да ми кажеш дека уште ти значам или само се надевам и си правам бајрам со мозокот за да се осеќам подобро. Не се замарам веќе.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Дека многу те сакам... :love:

Ја сакам насмевката која што ми го разубавува утрото, ја сакам твојата загриженост за ситници како што е капсулата или резултатите... Ја сакам твојата скромност и твојот сјај на лицето кое неуморно се бори со времето и ситните брчки...
Го сакам и денов, со тебе во него.
Денес беше посебна. Денес беше најубава. Денес беше најпрекрасното и најубавото сонце кое што се топеше на комплиментот од личноста која што ретко ја гледаше.
Неверојатно е колку еден комплимент може да придвижи механизам на самодоверба што работи на пареа од комплименти. Неверојатно е колку ти блескаше.. И мило ми е.

Се гордееше на мене, на мојот успех кој и после три години од средно, професорката го памтеше и со зборови тебе те воздигнуваше. Со тебе растеше и моето его. Растеше и мојата среќа..
Колку младолика жена. Да, тоа си ти. И со твоите пола век години ќе останеш.
И плус тоа..
Најдобро потрошено илјадарче ever... Изнуди насмевка и бакнежи од тебе..

Да знаеш... Заслужуваш и многу повеќе мамо..... :rolleyes:
 
С

Сатори

Гостин
There goes my future ex boyfriend
He has such beautiful lips
Now, if only they were closed!

I love how you adore me
Oh, but honey how you bore me
Your life's such a wreck
I've lost all respect
I don't mean to surprise you
It took me just one week to despise you!

*Ништо намерно, ветувам! ;)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Време е да се ослободиме и од најмалите меѓусебни зависности, предолго веќе знаеме дека владее огорченоста и недовербата не чука повеќе, туку одамна е влезена на голема врата и стапена на сцена. Чудно е кога ѕиркајќи низ прашливата клучалка на спомените истите наши очи во чиј меѓусебен контакт нараснувала како со квасец нашата љубов, сега кријат меланхолични искри со мала доза очај и примеси рамнодушност. Чудно е што истите усни од кои излегле толку љубовни заклетви на вечност исплукале и толку отровни навреди со ентузијазам како да се лушпи од сончоглед. И чудно е што толку восхитено градевме спомени како сведоштва за нашата љубов, за да така енергично ги осквернавиме за да не остане ни трага после нас...А, всушност веројатно и не е толку чудно кога љубовта стане растројство. Уморна сум веќе од донкихотерија поврзана со очувување на нешто што веќе одамна не е свето, а ни светло!
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Вчера како и обично застанав пред огледало.Меѓутоа овој пат се задржав повеќе, од вообичаеното.. Гледајќи се, од главата па се до петиците...
Очите се уште полни со сјај, кожата мека, конструкцијата се уште иста... Скоро и ништо да не се сменило кај мене, иако тие моменти очајни барав некоја разлика.Која ќе ме направи да изгледа повозрасна, за да не ме мешаат со 17 годишно девојче.Која ќе ме направи посериозна, која конечно ќе покаже дека не сум веќе мала, туку дека пораснав.
Не ја најдов, но најдов нешто друго што искочи дека барем на мене, ми е поважно.
Сјајот во очите, кој одамна не сум го видела да се изразува толку, ме натера да погледнам, подлабоко од она физичкото.Тука успеав.
Ми прелетаа низ глава неколку ситуации во кои различно сум реагирала, а кои реакции, денес исчезнале.Ги барав сега, но не успеав да ги најдам.
Успеав да најдам само една девојка, која и понатаму стои пред огледало иако гледа дека ништо кај неа не се сменило, како притоа станува сведок на преродбата на душата.
Станала поцврста, поцивилизирана, со повеќе контрола врз себе и врз својот живот.Врз своите избори.
И бев горда на себе, за прв пат во мојот живот.Бев горда на тоа што го гледам иако малкумина би можеле да го видат.
Бев благодарна на тебе.Зашто?
Затоа што да не беше ти покрај мене, јас се уште ќе бев малото девојче кое иако е тврдоглаво како магаре, секогаш ќе се откажуваше од тоа што го сакаше, заради разочарување, илузии присутни во нејзината глава.
Благодарам, што направи подобра личност, која не ни помислив дека би можела да искочи од мене.
Благодарам, што заради тебе се почесто се смеам, позитивно гледам на работите, и се борам до крај
Ти ме научи, ти ми помогна да се доизградам и ме охрабри да се покажам каква што навистина сум.Без да ми е гајле дали другите ќе ме прифатат, или ќе стојат од страна и ќе ме пуштат да ги изминам.
Биди и понатаму покрај мене.Ми требаш во секоја смисла на зборот.
Те љубам.
 

jamaica cpb

iarba
Член од
16 декември 2008
Мислења
172
Поени од реакции
51
Беше 23ти април те адднав на фб, почнавме да си збориме иако ти имаа кажано многу лоши работи за мене ти прифати да збориш со мене... Да ме сослушуваш.. Иако тоа време многу пиев и дував и не се прибирав дома но кога ќе дојдев си зборевме нон-стоп... Не се знаевме добро незнаевме што може да очекуваме еден од друг но по секој ден муабетење по 4-5 саати не зближи многу тоа... Ти побарав број за кога ќе седнам на нет да ти пишам за да дојдеш прво ми рече пишувај ми во инбокс ми стигаат нотификации ќе доаѓам ако можам ... после неколку дена ми даде број ... Правевме муабет секој дневно на тел смеење зафрканции и ред муабети... Стекнав доверба во тебе ептен голема. Тоа почна да не зближува полека неосетливо стана ептен драга за мене... Дојде 1ви мај денот кога имаше утакмица Работнички - мзт во Градски парк бевме договорени да се чекаме кај кафанчето кое го знаеше и ти дека пред тоа еднаш беше дојдена да земеш карта за утакмица од тоа место... Кога те видов мислев дека онака само дојде ради тоа што бевме договорени но ти беше со мисија испратена да ми помогнеш... Се приближив се поздравивме и тргнавме прво накај седек, од каде што им вртев на сите да станат од спиење и ги лажев дека сите сме собрани за на утакмицата ти текнува? но после тоа дознавме дека некој од нашата подгрупа седат од другата страна на школото по што бевме приморани да се префрлиме таму... Отидовме таму имаше доволно алкохол по што решив и јас да ја земам водката од дома за да пијам прво водка... Отидов до дома ти остана и ме чекаше да се вратам, јас дојдов и почнав да пијам водка а ти засрамено седеше од другите што беа околу и правеше муабет со другарката која беше дојдена со тебе С.... Пред тој ден ти имав ветено дека ќе ти го дадам шалчето да го носиш на утакмицата... Тој период многу заборавав... Но ти ме потсети за шалчето кое беше кај мене на врат и се откопчав и ти го зема... Седевте уште некој саат и ти требаше да одиш... Земавте карти и тргнавте да си одите стигна до кај градинката и ти текна дека сте заборавиле да земете уште една карта и се договоривме да се чекаме на пола пат... Патот беше 50 метри долг на кој се чекавме на 25 метри :) тогаш се договоривме да дојдеш пак на истото место кога ќе завршиш со обврските... Но почна многу да врне и ние се преместивме во кабини ти пратив порака каде седиме за ако си завршила кај да дојдеш... Но од тебе немаше ни повратна порака ни ништо, иако само тебе те чекавме 30 минути за да тргнеме ти не дојде.. и решив да ти пишам дека ќе тргнеме накај збирното место кај што се чекаме сите искочија некој проблеми па моравме порано да тргнеме, стигнавме таму после 15 минути дојде ти цела мокра од дождот... Јас бев доволно пијан но памтам ... Ти се насмеав, тргнавме накај сала уживавме дур идевме натака јас те закачав малку за шалчето и ти ми се пофали: Види колку убаво мириса му ставив парфем... Стигнавме во сала беше многу среќна и радосна по што ми рече може ли да ти го вратам шалчето другата утакмица... Јас ти дозволив дека тебе тоа многу те правеше среќна. Почна утакмицата не ја пратев многу навивав само на крај знам дека победивме... Тебе ти беше лошо и беше седната и се молеше да победиме... Дојде моментот кога заврши утакмицата и победивме од среќа те гушнав, среќни си отидовме јас отидов прво во маало па после дома а ти отиде дома, утре дента станав од спиење и го пуштив компјутерот да видам дали има нешто од утакмицата дека ништо не памтев... не гледав... ти беше пуштена... почна на мсн да ми се фалиш колку убаво мирисало шалчето и дека си го испрала кое предходно незнам дали беше перено дека јас не го носев ... Само еднаш и го изгорев малку со цигара... Ми се фалеше колку ти било убаво што шалчето е до тебе и беше премногу среќна по што решив да ти го подарам... Дојде 5ти мај... Проклетиот датум на кој бев премногу пијан што неможев да се контролирам... Утакмицата беше во ред но на терен се степаа играчи во кој од нив беше еден мој пријател.... Јас неможев да се исконтролирам и рипнав во терен да се тепам ... Само што рипнав почна полиција да ме тепа... Успеав некако да се тргнам од нив по кој отидов до играчите и се степав... Тоа го виде еден џандар и почна да ме влече, имав среќа што се глупи па ги излажав дека сум повреден играч... Ме кренаа браќата од трибина пак назад... по што се вратив до тебе да стојам ... додека не искочиме од сала... Тргнавме да си идеме стигнавме дома вечерта од што бев јас уморен решив да седам дома влегов на мсн и ти беше упалена... Почна да се заинтересируваш за мене зашто тоа сум го направил и јас ти го раскажав цел мој живот ти ги кажав слабостите, мааните и добрите страни... Ми се отвори и ти... Веќе беше во неуспешна врска... Ми прати пијана порака, која од што бев и јас пијам едвај ја дешифрирав... Се обидов некако да ти вратам на пораката која бев и јас премногу пијан... Бев искочен со кола не гледав ништо освен букви пред мене на кој пишуваше не е на сигурно она спаси ја... Морав да го ставам мојот живот во ризик за да стигнам до тебе побрзо за да бидеш на сигурно... Со тешки напори се отрезнивме вечерта... Зборевме со часеви во ноќта ... И за да не ти се случи нешто тебе решив да си ветиме дека повеќе нема да помислиме на пороци... Ти ветив дека ќе те чувам како сестра , и ќе направам да бидеш многу горда на себе ... Ти ми вети дека ќе ми помогнеш да го најдам патот... И дека ќе ми помогнеш да пребродам све што ми се имаше случено тогаш само што раскинав после 2ипол години врска (во која бев разочаран до максимум дека ме извара девојката). Стана све толку совршено не се делевме кога не бевме заедно ти дома јас дома бевме заедно или на телефон или на мсн... Сите ветувања се исполнуваа се до тој момент кога почнавме да се караме секој ден... Не знаевме ни ние зашто се караме... Но сепак после тоа пак искачавме заедно и останувавме до крај... Преку ден доаѓаше навечер си идеше седевме во моето маало(твојот втор дом). Иако не правевме ништо сите мислеа дека сме во врска... Бев јас уморен да им објаснувам дека нема ништо меѓу нас... И решивме да оставиме да си зборат, се среди тој период ти отиде на одмор во Дојран, тоа не зближи си фалевме многу... успевав да наоѓам разни работи од трибина памтам баш еден ден пред да идеш во Дојран ти најдов маица Centar Boys.Тоа ми беше извадок да те видам за да ти ја дадам дека бевме многу скарани и нејќеше да ме видиш памтиш?? Беше малечкото принцезиче послушно... Мојот Збор беше светост за тебе... Летото почнаа да се случуваат разни работи... Одмазди .... Бев искочен со другар во аеродром на кафе и бев договорен со едно девојче да се видам кое ме намести.... Ти беше во парк... По грешка ти пратив тебе порака што се десило иако бев решен да не ти кажам за да не се исплашиш... Само што стигнав во маало ти дојде да ме видиш беше толку уплашена плачеше... Почнавме да се лажеме... Почна довербата да ни се губи... Исчезна преку ноќ што следно и да кажевме си нанесувавме болка... секоја следна лага само се губевме повеќе... Почна ти да се затвараш почнав и јас ... Почнавме да криеме многу работи еден од друг... Дојде 1ви септември почнаа разни луѓе да се вртат околу тебе по што мислев дека ќе те изгубам и почнав да полудувам... Ќе ја немам мојата сестра... Еден момент реков па она неможе за друг да ме остави... Но почнав да размислувам што ако некој те повреди... И почнав да се плашам... Почнав да ти поставувам услови за да не бидеш повредена ме молеше да те оставам но како?? да гледам ли како тонеш? како некој те повредува? неможев... Беше спремна скрос да се изгубиме само за да го направиш тоа што си решила... Карањето продолжи ... Ти почна да прекршуваш ветувања почнав и јас ... Се вратив на пороците... Правев све за да те повредам како што правеше и ти... Сите ветувања и убави моменти ги заборавивме... Секое сабајле кога станувам гледам во мобилниот и очекувам порака да видам порака од тебе но нема.... Мојата сестра не помислила на братчето... Ме повреди многу мислејки дека така ќе се заштитиш но немаше од што да се штитиш... Едино што ми остана е тоа под кревет... Ти ги побарав сите работи за да ти покажам каква е болката кога го губиш најмилото... Но сепак колку и да ти покажувам незнам дали ќе сватиш... Не ми е исто без тебе... Мислиш дека сакам да те контролирам да направам да бидеш моја сопственост но грешиш, едино што сакав е да те заштитам и да те чувам до мене ... Мислеше дека те лажам и правам некој фори за да те отргнам од него... Рече едно направи друго искочи на крај трето... Почна да не ме слушаш ... По што незнам дали сакаш да останеш до мене или само ми враќаш за тоа порано што те повредував јас тебе... :( како и да е секогаш ќе те сакам принцезо моја. ми фалиш ептен. Те Сакам.
 

Attachments

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
Незнам дали намерно се пушти музиката или само склоп на околности. Како и да е ме врати месеци назад. За тебе денови полни среќа, веќе ме заборави, а за мене денови црни и уште те сакам тука до мене. Денес пак ме повреди, без твоја желба. И пак имав испади, пак сам ги мерев улиците во градот, пак се вратив на пороците. Но, овојпат не мислев толку на тебе. Ми фалиш, а јас не тебе.. Испадна кучка, но веќе го знаеш тоа нели ? Јас нема никогаш да ти се приближам, немам лице за да го направам тоа, а и не заслужваш. Се останува на тебе, но пази, колку и да те сакам се си има свои граници и тогаш може нема да ме најдиш таму. Дали беше тоа начин да ми кажеш дека уште ти значам или само се надевам и си правам бајрам со мозокот за да се осеќам подобро. Не се замарам веќе.
I told you so. Никогаш не зборувам онака на празно. Се е потврдено и поддржано со факти. И опа, ете пак денес кај мене. Ама не сум веќе тука. Немаш лице директ да ме прашаш и да ми кажиш, а јас веќе не се замарам со тебе. И сега те јади, те печи и кроиш план како да ме прашаш, го знаеш одговорот и затоа немаш мир. А јас не ни планирам да ти кажам, те избришав од именикот уште пред некое време. Нека ти биде таков денов, да видиш како ми беше мене последниве два месеци. Зошто ме бараш мене, кога воопшто не ни разговараш со мене, кога јас сум само странец. Замини си со другарите и другарките. Ооо да заборавив, не те фермат така ? И сега назад кај тој што тебе не ти чинеше ? Епа штета што не сум тој што можеш да го искористиш. Оди си со дечко ти, шо да ти речам хаха. Чиста совест имам, а тебе ќе те јади до крај на живот. Кучето проклетник, гнасата, еден од таквите, човекот што ствара нервоза го бараш назад. Хаха колку е суров животов а ? Марш бре у пизду материн..
 
T

Tetro

Гостин
Не знам дали успеа да го прочиташ она во моите очи...
Се плашам малку од тоа што ќе остане помеѓу нас.
Дали ќе успееш некогаш да ме прочиташ, да разбереш дека јас не сум тој...
Не им верувам многу на другите. Тебе ти верувам.

И нашите сенки ќе се здружат, за нас.
И годишните времиња ќе се променат за миг.
За нас зрачи светлината преку прозорецот.
На нежните ливчиња од росното цвеќе навираат мали солзи.

И без тебе, Земјата раѓа цветови.
Ливчињата од цветовите, сите во солзи.
И без тебе Месечината ги гледа цветовите.
Со солзи.

И одам. И гледам. Во далечината на небото горат....
Над мене илјада светилки, кои за вас се само обични украси....
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.658
Поени од реакции
35.294
Замолчи,,,
Замолчи и погледнија душата со отров.

Погледај
погледај и види што остана пред мене.

Заплачи,
но не пуштај солзи,
зошто тие не се вистина,
заплачи во душата
без да го видам тоа.

Помисли,
барем еднаш помисли на маченицата,
помисли на твојата грешна душа.

Не гледај повеќе,
оди си,
оди си и не зборувај
зошто зборот ќе ја уништи.

Заборавија, таа е твојата робинка на времето.
Не гледај ја,
таа е заборавена од светлината.
Не споменуваја, не ја барај повеќе,
не сеќавај се,

Зошто таа е прав од вселената.
таа е предмет од реалноста.
Таа е само скитник низ времето,
ќе се изгуби незабележано
без трага и без глас,
без допир и плач.

Оставија само да умира молчејќи.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.658
Поени од реакции
35.294
It`s hard to
love someone
and not be loved
but
it`s more
painful
to love someone
and never
find courage
to tell that person
what you feel

Love begins
with a smile

Grows with a kiss
and
dies with a tear
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
Не е ова љубовна ствар, али вервај ми ќе ти го направам животот пекол. Око за око, брат за брат, а на крајот се дознавам јас !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom