Ја најдов твојата слика оваа вечер.
Се сетив на тебе и тргнав да ја барам.
Најдов и други, исто од луѓе кои повеќе ги немам во животот.
Колку чудно изгледаат посвети на слики од луѓе кои веќе ги немаш. Се губи ли смислата на тие зборови тогаш, знае ли таа фотографија колку тешки зборови носи на грбот?
Ја видов твојата.
Пожолтела.
А и како не би, девет години поминаа.
Да, точно девет години.
Понекогаш си велам луѓето цел живот изживеа во тие девет години.
Јас имам другарка која го запозна дечко и, се запиша на факултет, го заврши, за цело ова време беше со истиот дечко, се вработија, правеа веридба, правеа свадба, се роди еден убавец, му славеа прв роденден и именден.
Сето ова во девет години.
А јас и ти?
Ние успеавме да се погрижиме за тоа да си ги живееме нашите животи секој на своја страна.
Со постојано довикување од другата улица, нешто навидум на 'не ме заборавај.'
И со постојано проколнување на нашите создавачи и денот кога се запознавме.
Секогаш се сеќавам на тебе кога ми се случува некој крај во животот. Ти си ми како некое прибежиште, кое воопшто не е сигурно ама наликува на дома и затоа си доаѓам при него.
Се сетив и вечерва и се запрашав зошто ништо не направивме од нас.
Дали цело беше моја вина?
Дали навистина бев одвратен човек кој никогаш не успеа да ти покаже колку всушност те вреднува и си важен за мене?
А гледав, гледав колку многу менував во тебе. Колку успевам да ти влијаам.
Се сетив вечерва и на нашиот последен муабет.
Кога ти кажав некои работи во кои своевремено верував дека се точни.
Несомнено, како и секогаш, бев грешка. Ама не знам дали ми се причини, или целиот тој разговор те направи тажен.
Можеби мојата пуста желба да ти недостигам ако ме изгубиш да е поголема од тоа што реално се случува.
Нема како тебе, едноставно не постои.
Ти секогаш ќе си архето на мојот живот, без разлика што и да се случува.
Го сфатив тоа после девет години, веројатно предоцна.
Нема да успеам да ти ги кажам овие зборови некогаш, знам тоа.
Ќе се потпирам на фактот дека ти кажав дека е крај и на тоа дека сум отровна за тебе и подобро да ме немаш.
Ќе се тешам со тоа дека сепак, барем тебе нема толку да те повредам иако не би знаела колку имаш страдано од мене.
А сакам, верувај сакам да можам да ти го кажам сето овоа..
Којзнае и што ќе ме пречека од другата страна.
Сигурно ќе биде твоето 'ти кажав маче, ќе се вратиш, што е сега, пак ли раскина' и слични изјави кои ќе ме докршат.
Се повеќе верувам дека си створен за да бидеш дел од мене и нашето.
Ама мислам дека ќе морам да живеам со тоа дека сепак, на крајот на краиштата, тоа нема да се случи.
Ти никогаш нема да дознаеш за ништо од овоа и животот ќе си помине.
Можеби во некој нареден живот, ќе бидам порано похрабра и нема да те пропуштам.