Те гледам додека спиеш, денешниот ден беше она што за секоја жена би значело остварување на соништата, денешниот ден беше вистинска љубовна приказна. Сите оние мигови кои ми ги приредуваш од ден во ден денес кулминираа, денес покажа дека си посветен на ова чудо што го градиме заедно. Денес повторно се сетив на оној убав мај кога се запознавме, на оние 40мин додека чекавме заглавени, на разговорот, на кафето следниот ден, на секој миг од тој ден па наваму. Те сакам љубов моја, ти си мојата најголема радост откако останав сама, ти си се што ми треба. И да, кога ќе дојде ден ќе попуштам и ќе ме направиш своја сопруга, нечујно одговарам на премолченото прашање, знам што ти се врти во главата додека шетаме низ онаа чаршија и ги гледаш убавите прстени, не се плашам од тоа, се плашам од себе, да не уништам повторно се што сакам.