Пред некое време начув дека ќе си се женел. Почнаа да ме маваат некои флешбекови за тоа под кои околности се запознавме. Ти - невообичаено привлечен и интересен лик, поготвен да го прегрнеш целиот свет, јас - дива, со кренат гард и потполно изгубен ентузијазам. Ми импонираше што од толку девојки кои те облетуваа, ти реши баш мене да ме опсипеш со внимание, но бев премногу зафатена со лижењето на некои незараснати љубовни рани и се плашев дека ти бргу ќе се изгустираш, а јас повторно ќе бидам онаа повредената. Можеби и подобро што она нашето никогаш не заживеа. Нејсе, од тоа што го видов - си избрал одлично, не ни очекував дека човек со твоите квалитети би се задоволил со помалку. Ви посакувам среќа, kiddo!