Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
24 декември 2008
Мислења
238
Поени од реакции
97
Време е да се заврши нашата приказна, доста е, колку и да неќам морам, помина долго време, ќе остани во сеќавање засекогаш. Збогум
 
Член од
26 август 2019
Мислења
90
Поени од реакции
159
Ти благодарам! Твојата ќерка е пресреќна со таков татко како тебе, се надевам дека еден ден нашите деца ќе бидат исто волку среќни, не толку многу далеку од денес:angel: Да, во право си, ме разнежни твојата мала принцеза, разбуди во мене подзаборавени чувства кои една санта мраз ги скрши, ама се залечија со нејзината дланка врз мојата, со нејзината прегратка за добра ноќ и утринските мазења во недела наутро. Знам дека се грижиш за мене денес, ама сепак сме цивилизирани возрасни жени и двете, ќе успееме да се разбереме, за нејзино добро, за мое и за твое, да бидеме пријателки бар доволно за таа да биде сигурна кога не е дома, секоја мајка би требало да го сака тоа. Ќе видиш, ќе биде се добро!
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
1.809
Поени од реакции
1.332
Никој не ме разбира како ти.Одлично знаеш каква сум и што сакам.
Многу нешта правиш за мене.И милијарда заблагодарувања се малку.
 
Член од
4 септември 2017
Мислења
285
Поени од реакции
231
Очигледно треба да се помирам со фактот дека нема ништо да биде како порано. Помина толку време, а не се сети ниту еднаш на мене. Барем еднаш да ме побараше. Убаво велат дека и игнорирањето е некаков одговор. Ти посакувам се најубаво со неа и се надевам дека ќе те направи среќна, ако јас не успеав да го сторам тоа.
 
Член од
26 август 2019
Мислења
90
Поени од реакции
159
Знаеш дека овие наши мали борби со секојдневието не прават посреќни, нели? Мојата љубов ти е доволна тебе, твојата љубов за мене е СЕ, ќе успееме и ова да го решиме, сега сме посилни зошто сме едно. Утрово кога ја видов онаа длабока брчка на лицето се исплашив баш, немој повеќе да ми приредуваш такви стресови. Го знам твојот лик како изгледа кога си тажен и кога си весел, кога нешто те мачи и кога си нашол решение, кога сакаш да ја сокриеш горката вистина и кога едвај чекаш да ми кажеш нешто, очите те издаваат и убавото лице. Те сакам!
 
Член од
26 август 2019
Мислења
90
Поени од реакции
159
Ти реков дека ќе средиме?! Не е страшно ако некогаш споделиш со мене нешто што те мачи, затоа живееме заедно, за да си помогнеме. Ама сега ќе си го исполниш ветувањето убав мој, ќе не однесеш и двете на викенд и ќе уживаме заедно во вкусна риба, макало со лук, нејзината заразна смеа и нашето блесаво кутре. Не можам да дочекам! Се надевам од ова сфати дека ние сме сега 2ца, посилни, попаметни и поумни, можеме заедно се, а тоа што не можеме не е вредно.
 
Член од
26 август 2019
Мислења
90
Поени од реакции
159
Ова ми е потребно, еве признавам, топла домашна атмосфера, мојот стан доби сосема нов лик со вас двајца, упс тројца, дом.
 
Член од
22 септември 2017
Мислења
10
Поени од реакции
5
Ехх.. таа пролетна вечер таа вечер во кој за момент се смени се, кога моето срце се растрепери кога почнав да љубам без смисла дали постои утрешниот ден, бевме важни само јас и ти и нашата клупа... а денес, денес љубов моја јас се вратив на старото место на нашата клупа, така сам без тебе, но со спомените од тебе и сеуште го памтам нашиот прв бакнеш, нашата прва прегратка, колку ли само времето брзо минува а спомените остануваат свежи сеуште болат ... ахх колку би сакал да те сретнам повторно таму, но ти ме остави љубов замина без поздрав, а јас, јас умрев без да починам.... Те сакам! Збогум
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
6
Поени од реакции
7
Pominaja celi 7 godini koga za prv pat ni se sudrija pogledite i koga i dvajcata go osetivme toa nesto sto bese tolku monumentalno i vozviseno i ne poznavase za prostor i vreme, kako i dvajcata da se poznavavme od nekoj prethoden zivot i bevme predestinirani da se zapoznaeme i bideme zaedno do krajot na zivotot, ednostavno se osekjase taa zar i hemija pomegju nas, taa ljubov na prv pogled sto se osekjase i vo eterot. Zosto tolku izgubeni i prokockani godini, zosto pomina cela mladost a i dvajcata uste se sakame a ne mozeme da bideme zaedno poradi glupavi izmisleni problemi i nedostatok na tolerancija i kompromisi, zosto i dvajcata sme seuste osameni i i beznadezni i ne znaeme kako da go pomineme sekoj nareden den oblean vo osamenost i apatija. Zosto i dvajcata sme osudeni da bideme samo kucina skitnici i stradalnici na ovaj svet sto go izgubile svojot kompas a se mozese da bide poinaku, jas i ti zaedno i planini ke srusevme i sekakvi barieri ke nadminevme vo ime na ljubovta sto ja osekjavme i seuste ja osekjame eden za drug, zosto dozvoli da te nadvladee ljubomorata, posesivnosta, zelbata za kontrola, zosto tolku nedoverba koga i samata dlaboko vo sebe znaes deka nikogas ne te izneveriv nitu vo mislite. Zosto ljubov moja edinstvena si tolku tvrdokorna i nepropustliva vo svoite izvitopereni stavovi i percepcii ? Sto li ti napravil zivotot da bides vakva kakva sto si? A jas ne znam kako da prodolzam ponatamu bez tebe, kako da prebolam koga i pokraj site ''izmisleni problemi'' i konflikti sto gi imavme jas ne osekjam deka mozam povtorno da se zaljubam vo bilo koja druga sto ne si ti. Ti ednostavno bese toj mal neizbrusen dijamant sto imav srekja da go zapoznaam samo ednas vo zivotot,tolku cedna i cista vo duhot i esencijata, vistinski puritanec vo pogled na vrednostite i moralot nesto sto ne go pronajdov vo nitu edna druga posle tebe. Ti bese ona sto go barav i zamisluvav cel zivot, mojot arhietip za zena vo sekoja smisla na zborot i koga konecno se pojavi zosto seta bolka i jad sega sto te nemam i ne si kraj mene, zosto voopsto se pojavi koga ne ni bilo sudeno da bideme zaedno do krajot na zivotot. Vremeto bezmilosno pominuva a nie zaludno talkame i go trosime ovaj zivot sto mozese da bide vistinski raj za nas dvajca ako ostanevme zaedno. Iako znam deka nikogas nema da go smenis karakterot i odnesuvanjeto seuste te sakam i ne znam kako da ja nadminam ovaa bolka i faktot sto nikogas nema da bideme povtorno zaedno, toa tolku boli i pece vo dusava a najmnogu od se boli pomislata deka nema da sretnam nikogas povtorno nekoja ni priblizno slicna na tebe. Mozebi vo nekoe drugo vreme i drug zivot povtorno ke se sretneme i ke bideme srekni a vo ovaj ostanuva samo da se prodolzi napred i se soberat sili da se prodolzi nekako iako ke bide pekolno tesko bez tebe
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
1.285
Ne gledaj me tako
dok se ludi snovi mnoze
prevarit' cu sebe, srce nudi vise no sto moze ...
 
Член од
28 септември 2012
Мислења
7.200
Поени од реакции
15.109
Сакам да се отрујам од тој твој парфем, да се отрујам да умрам нема ич ич ич да ми е жал. И до пејачката на 40те дена ќе сум среќен.

Ме боли кур оти си постара од мене, дај жити се нека ни се склопат коцките нека се склопи цела таа пиздарија наречена универзум и да ни даде да сме заедно и да имаме 324025230423 деца, и нека трчат нека кршат се да им ебам матер, само да сме заедно. Не постои пречка шо неможам да ја поминам со тебе покрај мене.
 
На врв Bottom