Sekavanje na eden den...kako i obicno stanuvam prv odnosno rano i mi se vrakat spomeni i sekavanja pa aj da gi napisam i spodelam so vas.......Кога би можел да го сопрам времето.Да застане.Таму да остане.
Би го вратил и оној момент кога ја почнав врската со девојката.
Да не се помрдне и вечно да трае.
Кога една дамнешна вечер на корзо пред “громби“
на тогаш непознатото девејче-ученичка во СМУ-П.Ќ.,му реков:
„ утре може ли да се видиме“, тоа потврди-се сложи.
О колку беше тој долг ден до утре,траеше подолго него ли воениот рок.
Но сепак дојде,и јас отидов порано да ја чекам пред старата печатница kaj malla stanica.
И погледот ми е свртен онаму од каде требаше да се појави-друго околу мене и не приметувам,само нејзе ја чекам и илјада Брижит Бардо да поминале покрај и пред мене ќе поминале да не ги забележам.Таа се појавува во далечината,осеќам врели врутоци во градите.Доаѓа,осеќам и таа ја сака оваа средба и оваа врска.Одиме по булеварот-ЈНА,неколку прашања за школо и желбата да ја фатам за рака,да ја држам и да ја поведам ми се исполнува за кратко.Ги испуштаме рацете малку да се оладат.Ни горат,се испотиле од тој прв допир на првата средба на почеток на оваа врска,и излегува љубов од нив-верна љубов.Се уште се срами не гледа многу во мене,туку некаде далеку - лета,во некој свет на непознато наречено љубов.Повторно рацете ни се заедно,овојпат подолго,и гледам и сакам да не се раздвојат- да не се испуштат.
Тука кога би можел би го сопрел времето.Да застане.Таму да остане.
Tamu nekade na klupata vo noviot del na parkot,pokraj ezeroto pod edna bela breza,kade bese i prviot baknez,ete tamu,bas tamu da zastane vremeto.Mora uste ednas da odime tamu,da ja odnesam tamu sekako i klupata e tamu i zvucite od peenjeto na pticite, mozebi uste denes.
A sega.
Девојчето и сега го гледам,тоа исто девејче од оваа средба,додека јас ова го пишувам,тоа се уште спие со нејзината и моја најмала внука.
Не успеав времето да го сопрам-тоа не однесе по патот на љубовта.
Тој резултат се потврдува и гледа по исполнетиот кревет пред мене.
Na slikaata, devojceto i jas na Kale na Procka na pocetok na nasata vrska 1978 godina.
.toa pozadi e zid smrti.