Кога еден круг ќе се затвори,
друга линија се раѓа која ќе го повтори истото движење.
Тоа немирно движење кога ја притиснува судбината,
секогаш одбира друго име од страв да не ја пресретне досадата:
карма,уроборос,реинкарнација...љубовна филозофија.
Подот се топи под уморните прсти на балерината додека
''O Fortuna
velut luna
statu variabilis,
semper crescis
aut decrescis...''
во позадината оддекнува,
публиката станува нервозна,
завесата се спушта по завршената театралност,
аплауз следува или пак ненајавена изведба на драма,
која моите емоции толку маестрално ја пишуваат при секоја
средба со збогувањата.
Еднаш додека трчавме и си игравме во
соѕвездијата застана и тивко ми шепна:
''Нема тишина,нема мир додека Бог е мртов затоа што ние луѓето
не сме создадени за да мируваме туку сме чиста хаотичност,
уметност од сите бои на болката и на соништата.''
Слепо ти верував.
Јас сум едноставна креација од крв и месо,
не сум како тебе,
Земјата е мојата мајка која ме испушти од утробата
откако ги роди лозјата и ги разлеа во вино за да ме нахрани и одгледа,
а ти...ти си бунтовен идеал,мала птица која
пред мои очи уморна од патување и преобразба
умре во пепел и се роди повторно во воздух
давајќи им предност на крилата пред срцето да и зачука.
Злобно го потроши сиот на себе при раѓањето,
за да не можам јас да дишам,да овенам,
немајќи ја твојата моќ да халуцинирам девет животи
да умрам и да бидам засекогаш твоја,
готска кукла наместена на прекрасна полица,
со уредна коса поцрнета од болна поезија.
Сабина.
Кога еден круг ќе се затвори со смрт,
друга линија се раѓа која ќе го повтори истото движење.
Животот.
...Upon your shore as sure as I can say
Be gone,be faraway...