Џ
ЏинЏер
Гостин
Се заљубувам... повторно... во тебе.
После толку години поминати заедно, не верував дека повторно ќе доживеам при помислата на тебе пеперутките да ми играат ча-ча-ча во стомакот.
Велат дека никогаш нема да биде како што било на почетокот. Велат откако ќе помине првата фаза на заљубеност, останува само навика.
Ама еве, можело и од навиката повторно да се распламти љубовта. Силна, жешка, искрена. Како некогаш, на самиот почеток.
Но сега знаеме подобро. Нема да дозволиме повторно да завладее монотонија, нели? Ќе знаеме да го одржиме овој пламен што ни ги грее срцата и прави повторно да се чувствуваме како заљубени тинејџери. А не треба да вложиме многу. Само малку, само тронка внимание е доволно за да биде ЗАСЕКОГАШ.
Те сакам. Повеќе од кога било.