Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

B

BrunoFresh

Гостин
...и покрај тоа што имам голем број маани, ти ме прифаќаш онаков каков што сум, а и таков ме сакаш, затоа што сум посебен за тебе од сите други.
...и покрај тоа што јас имам голем број пријателки, ти никогаш не сумљаш во мене, бидејќи знаеш дека сум само твој и ти припаѓам само тебе. Ја знаеш мојата цена, знаеш колку вредам покрај останатите машки во светов.
...и покрај тоа што сме далеку, ти знаеш дека ти си единствената која ја посакувам секоја вечер да е до мене.
...обожавам кога се будиш во ниедно време, кога со твојот успан секси глас ќе ме побараш да се пикнеш во мене и да ми кажеш колку ме сакаш.
...обожавам кога ме будиш сабалје и ќе ми го благословуваш денот: "Душо, имај пријатен работлив ден".
...обожавам кога лежиш на моите гради и се смееш на моите глупости. Се смееме, се задеваме, а потоа водиме љубов.
...обожавам што не ти е грижа за ништо околу тебе, за тоа што како мисли; за никоја друга личност освен двајцата ние.
...ми покажа колку слободата и искреноста во една врска можат да одат до граници. Така се остварува и оформува една вистинска љубов која трае засекогаш. Тоа што го читав по љубовните и психолошките книгите сега го применив за да можам во исто време и да го осетам во мене. Сега прогледав.
...никогаш не бев луд, освен во моментите кога го отворив срцето

Верувам дека сè се случува со причина. Луѓето се менуваат за да научат да ги пуштат нештата, работите одат на полошо за да ги цениш кога се добри, веруваш на лаги за на крајот да научиш да не му веруваш никому освен себе, и понекогаш добрите работи се распаѓаат за да дојдат уште подобри.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Нареден пат, не сакам да ја скршиме стаклената масичка во твојата соба кога не можеше да ме кренеш во раце бидејки имав вишок кила:icon_lol: туку сакам да отвориме шише вино, да наздравиме за нас и конечно да уживаме како што доликува.
Во текот на овие девет месеци, поминавме многу работи...и радост и тага, и смеа и солзи, а не направи поблиски од кога и да е.. во текот на тие девет месеци не побарав ништо а сепак добив се... А најмногу љубов...
Не сакам, и не барам друга личност покрај себе...затоа што не можам да се замислам со друг... не можам да се замислам без тебе. Ти си моја мотивација,моја инспирација, мое се.
 

AntiSpamMaster

Find Beautiful Girls from your town for night
Член од
18 август 2011
Мислења
112
Поени од реакции
83
Кој глупак сум јас. Знам дека го сакаме истото и двајцата но јас имам еден проблем.. Не го направив првиот чекор пошо се плашам да не ме одбиеш, иако во себе знам дека нема тоа да се случи сепак тој ми е стравот...
 
M

MIL

Гостин
Me hranish ko cvekence, se raduvam ko detence, DeTence na vetrence...pamukce si mekicko,belicko,baby face, imas angelsko lice ,kosicka kako princeza vo bajki,dolga Svilena,mekana...uzivas koa te dopiram so prstinja moj nezni po kosice,a mene me nosis na7mo nebo od tvoj miris ....zagliben sum do gusha u tvoja ljubav... I ♥U my blue baby
 
Последно уредено од модератор:
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Само сакам да знам,како не сфати до сега ? како не сфати дека со лага нема да промениш ништо...како не сфати дека сум карактер кој не остава ништо на зборот,туку копа како ебано куче по коска,за да ја открие вистината ? како можеш после 1000 лаги за кои те имам фатено,а којзнае колку се што ги немам фатено,да продолжиш да ме лажеш ? како можеш воопшто да имаш душа да продолжуваш да лажеш,иако сме раскинувале 100 пати ради тоа,и секогаш бурно си реагирала на прекинот,со ветување дека ќе се промениш ?Секогаш си го прифаќала бурно,си плачела,молела да се смириме...не сфаќам како воопшто може човек да се однесува така ? да не речам,глуми,пошто нејќам да размислувам така..но не ми даваш друг избор.И повторно,и повторно го правиш истото...излеговме од гомна по којзнае кој пат,и за неполн месец пак те фатив во лага...и повторно истото...плачеш,молиш,додека си пред мене...којзнае дали си таква и дома...можеби.А стварно верував дека овој пат се промени...но сфатив..нема никогаш да се промениш.Засекогаш ќе останеш со тој карактер...засекогаш ќе криеш,лажеш,и ќе правиш глупости...веројатно така си го храниш егото,или едноставно те исполнува тоа.А не сакав да мислам дека си таква...а барам,барам причина за твоите лажења,во моето однесување,и под дрво и под камен ги барам...но не можам да ги најдам.Можеби бев премногу љубоморен,те притискав премногу...но не ми даваше друг избор.Не сум тип на човек кој што сака да дели,а ти не беше само моја...не сакав да те делам на ниту еден начин.Бев љубоморен и на твоето здраво на комшијата додека ќе збореше со мене...и да,знам дека сум луд.Станав луд по тебе,и се сменив целосно.Се вратив кога мислеше дека е крај,а уствари сега излезе на виделина дека и не ти било така лошо и тешко.Се осеќам погазено,сјебано,ми наби шилци на срцево,а уште повеќе боли тоа што продолжуваш да ме лажеш...а те сакав..и те сакам.Те чував и ќе те чував како капка солза во дланка...но не заслужуваш,и не ми дозволуваш да биде така.Премногу ме боли таа помисла,дека ме изневери по илјадити пат...повеќе ме болат тие неверства,отколку да го направеше тоа со некого.И немој да ми кажуваш дека си згрешила...човек може да згреши еднаш,а не повеќе пати.Криво ми е,и се мразам што и пројдов преку толку работи...и како за инат,и покрај оваа лага твоја сакам да пројдам...тоа е само доказ колку сум луд,и колку живеам во розев свет.Едноставно,не знам да те пуштам...те сакам и повеќе од што мислиш,но нема да дозволам овој пат да се погазам..а можеби и ќе дозволам ?проклет да сум.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Љубов ќе престанеш ли да ми заспиваш леле :mad: Кога сакам да сме си најопуштени кога ми требаш ти спиеш. Ти си големммм спанко кој покрај мене оваква заводлива нежна заљубена во тебе, заспиваш..леле....Но те сакам лудо, ми требашшшш!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Криво ми е што не можеш да сфатиш дека те сакам и колку ми значиш.
Криво ми е што не можеш да сфатиш дека се менувам ради тебе и ради тоа што ми значиш и ми е убаво со тебе, а ти истото го аргументираш со тоа дека не е убаво да се менуваш за некој....
Криво ми е што од инат збориш и правиш некои работи и знам дека ти е жал и ти иде да се исплачеш но глумиш јака.

И криво ми е што иде крајот...
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.318
Поени од реакции
10.354
Давај ваму тетратката математика брије , одамна не вредиш ради тебе да паднам
 

Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
Ги обожавам деновите кои ми почнуваат со тебе. Ги обожавам твоите гради под мојата глава, ги обожавам твоите нозе помеѓу моите. Во тие испреплетени моменти, те чувствувам најмој. Го обожавам твојот секси глас наутро и ми се допаѓа кога не зборуваш многу, затоа што во овој дел од денот не ни сакам да слушам многу. Ми се допаѓа кога ме разбираш едноставно така, со поглед. Ми се допаѓа мирисот на твојата кожа и косичка и ми се допаѓа твојата утринска ерекција.

Интересно е како ти ме навлекуваш на твоите спортови, здрав живот и мусли наутро, а јас на моето кафе и цигари. Покрај тебе се чувствувам како најголема грешница и не знам како заслужив да бидам љубена од толку чисто и мило суштество.


Можеби сме различни, но во едно сме исти - никогаш нема да бидеме како нив. Ако не дозволиме да се изгуби нашата необичност, јас ќе те празнам, а ти ќе ме полниш до крајот на времето :love:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
Има собно цвеќе, кое многу години живее само од себе, без многу грижа, одрекувања, угодувања. Бара само заштита од студ и по некој убав збор.
Такви се и некои љубови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom