Милион пати почнував да пишувам нешто тука и милион пати отерав се у п.м... Овој пат, не. Помина точно една година, до ден денешен.Една чудна година, исполнета со се и сешто, но сепак празна. Празна како што беше празен мојот живот, додека не влезе ти. Со тебе ја поминав единствената година во која што бев навистина среќен, без оглед на сите проблеми и глупости. Како можеше да трпиш ѓубре како мене? Тогаш не бев свесен, но сега сум... јас не те заслужувам. Сега се е суштинско... ниту со една друга не се чувствував како со тебе. Ниту за една друга не копнеев да ја видам, како што копнеев за тебе. Секоја вечер се преколнувам себеси за солзите што дозволив да ги пролееш заради мене, затоа што бев идиот. Уште неколку дена и конечно ќе бидам пак со моите пријатели, дома, со своите. Поминав прекрасно лето, не можам да се жалам. Сон ми беше да заминам на некое место каде што никој не ме познава, да почнам од нула, да докажам и себеси и на другите дека можам многу... и успеав во тоа. Девојки, другари, забави, прошетки... штета што се се сведуваше на моментално задоволство. Ми недостига тоа вистинското... и никогаш повеќе нема да го имам. Некој се чувствува посебно ако го посети Лас Вегас, некој ако добие на лото, а некој ако спие со 3 девојки одеднаш... јас се чувствував посебно ако успеев да измамам насмевка на твоето лице. Знам дека така нема да се чувствувам никогаш повеќе... Да. Доста е. Уморен сум. Бладам глупости... имам толку многу работи да кажам, а немам кому. Да, точно една година откако те бакнав за последен пат. Среќен роденден...